Ништо не ми тешко ама најгад ми е да ја извадам ќесата со ѓубре од канта, и чистење тоалет (не сум чистела досега ама гад ми е и кога гледам)
Ако кажам дека обожавам да бришам прашина и да метам со правосмукалка можеби ке ми се смеете. Но ми делува како терапија за смирување. Додека пак најмногу мразам да дилам алишта и да мијам садови.
Немам таква, мора да сум единствена, но всушност уживам да го средувам нередот, а прва омилена ми е миење садови, едноставно обожавам да ги средувам. Може да ме поздравите со песната Super freak сега
Не дека имам некоја домашна обврска што ја правам со посебен мерак па да можам да издвојам омилени или најмалку сакани, повеќе би рекла дека уживам во чувството кога е чисто и сè е на свое место. Генерално најлесно ми е да мијам садови, да бришам прашина и општо да чистам (посебно сакам да светка бело во бањата). Најтешко ми паѓа кога треба да пеглам (преголем е психичкиот притисок дали ќе ги погодам кошулите во ракавите) и да метам со правосмукалка (кичмата ми знае).
Обожавам кога готвам, кога минам со правосмукалка и кога го чистам wc-то, највеќе ме нервира нечисто купатило. Мразам да мијам садови (посебно некој мрсни), да диплам алишта (уште па ако има чорапи, смрт), да местам и раскревам постелнини.
Бидејќи гледам дека има луѓе кои уживаат во чистењето, јас не сум од тие туку го гледам тоа како обрвска. Можам да исчистам неред, но не го правам тоа секојдневно. Кога е потребно и кога ќе најдам време (обично за викенд) чистам детално за подолг период да сум на раат
Средување/организирање во сите соби, како би функционирала поефикасно кога нешто ќе ми треба да можам одма да го најдам или да знам дека се потрошило и треба да се докупи... Затоа уживам се да ми е средено и прегледно. Готвењето некогаш ми е смрт ако рецептот бара долги подготовки, ама сакам домашно зготвено, да знам што има во јадењето, од најситно до најкрупно, така да тоа ме мотивира да готвам кога не ми се влегува во кујна. И како и повеќето, не наоѓам скоро никакво уживање во пеглањето..