Како јас да се читам. Викендов на свадба бевме и морам на мм да му ја пеглам кошулата, и 100 пати го благословив што на работа оди со маички.
За на свадби златно хемиско за 100ден и ќе ја исперат и ќе ја испеглаат, поише струја за клима ќе потрошам дома дур да ја испеглам
Уживам додека готвам. Не ми е лошо и кога мијам садови, пеглам, средувам алишта, џогирам, чистам купатило, шпорет.. Ама смрт ми е да бришам прашина, за маса и полици не е проблем ама кога почнам украси, па радијатори, ролетни.. ми се плаче. Исто ич не сакам и алишта да закачувам.
Златна сушара ништо не пеглам ептен кошули ако треба или постелнина некогаш.. Ова суши вадиш диплиш одма и ко пеглани се
Имам само најнеомилена обврска во домот а тоа е чистење на wc школка. А другите ги правам со голем мерак. Метење со правосмукалка (Шарк Навигатор), бришење прашина, бришење под ги правам секојдневно а најповеќе уживам во метење со правосмукалка и едноставно уживам во чист и свеж дом
Рибање тави дефинитивно.И тоа тави шо има залепено храна на нив.Ако има нешто погадно на светов еве на. Да рибам храна со вода и зејтин умацана ми е рамно на чистење вц школка.Не знам зашто ме гади тоа.
Чистење со правосмукалка, уште повеќе расте нервозата ако не поминам секој ден. Многу ама многу мразам нечист под, дури после чистење и бришење пак со влажна проверувам дали има прашина.
Бришење прашина ми е најнеомилена домашна обврска, а најмногу сакам да чистам со правосмукалка, да го чистам тоалетот и да готвам.