На Крајот на Виножитото (Сесилија Ахерн)

Discussion in 'Книги' started by Jule.Sk, Jan 2, 2013.

  1. Jule.Sk

    Jule.Sk Популарен член

    Joined:
    May 28, 2011
    Messages:
    1,314
    Likes Received:
    737
    Gender:
    Female
    Искрено ви го препорачувам да го прочитате романов затоашто е роман што покажува дека животот е исполнет со многу препреки и неизвесни ситуации, дека треба да сакаме за да бидеме сакани и да веруваме во себе. Тоа е формулата за среќен живот.

    Ова е прво дело што го имам прочитано од Сесилија Ахерн но не и последно тоа е сигурно.Ако сте ја прочитале П.С Те Сакам сигурно знаете за што зборувам.

    Стилот на кој е пишуван романов е многу лесен разбирлив и е во вид на писма што мене искрено многу ме заинтересира.

    Го има ли некој прочитано?Какви се вашите мислења за пистелкава и книгата?
    Еве ви мал дел од содржината..
    Многу интересна приказна исполнета со безброј случки и пресврти, приказна што започнува од раното детство на Алекс и Рози – неразделлни другари од училишните клупи и оттогаш тие не можат еден без друг. Но, кога ќе настапи времето на лудите тинејџерски години, вечерните излегувања и љубовните состаноци – тие почнуваат да се одделуваат. Меѓутоа некој не знае што е тоа што го чека утре.
    Семејството на Алекс се преселува од Даблин во Америка и двајцата најдобри другари се разделени. Рози одлучува да му се придружи на Алекс, но нејзината одлука ќе биде попречена од нешто што ќе и го измени животот за 360 º. Нивната бескрајна поврзаност и искрен однос ги следи и поддржува низ сите успеси и порази во животот.
    Меѓутоа тука стои неизвесноста за тоа дали нивното пријателство е доволно силно да ги преживее илјадниците километри и годините кои се зголемуваат, исто така се појавуваат мали искри надеж дека нивното пријателство може да премине во нешто поголемо.Тоа е приказна што покажува дека сродните души секогаш се пронаоѓаат едни со други, дека вреди да се ризикува за нешто во кое вистински веруваме.
     
    BlackStar likes this.