На денешен ден,мојата пријателка (овде на форумов позната како meU) стана мамичка... п.с. meU мисли му ја сега како ќе биде разгалена од "тета Snow"
На денешен ден, пред 5 години ме разбуди ѕвонењето на телефонот, кревам а од другата страна со растреперен глас мајка ми ми ја соопшти многу болната вистина за мене, во сообраќајна несреќа загина Тоше Проевски :'( Целата во неверување, штотуку станата од спиење, го вклучив телевизорот и на секој канал ги читав вонредните вести испишани долу на екранот, полна со надеж дека ќе прочитам како е на пат до болница и докторите се избориле за неговиот живот. Таква порака немаше. Се уште ме боли душата за единствениот ЧОВЕК, во вистинска смисла на зборот. Почивај во мир голем човеку!
На денешен ден токму оваа ноќ неочекувано ми се случи најадреналинската и највозбудливата ноќ со момче кое не сме повеќе заедно А сигурна сум дека датумов ќе го паметам додека сум жива иако мразам што не можам да го заборавам
Е родена мојата најдобра пријателка. Нека и е среќен роденденот на бебушката моја и нека и се исполнат сите желби!
На денешен пред 4 години се роди мојата слатка и мала маза (внуката на дечко ми). Нека ми е жива и здрава и голема да расне-срцушка моја мала.
*Роденден на татко ми! *Роденден на другарка ми! *2 години од бракот, таму каде што бев главна деверуша *Пред 1 година летав ова време (само 4 дена) за Истанбул(Сум била повеќе пати, а сега пак ќе одам )