На денешен ден 2014 година премрзнав. Бев во Скопје каде што студирам и го чекав возот за дома но тој доцнеше. Не се сеќавам точно колку време, повеќе од еден час сигурно. А кога дојде, во него немаше ни греење ниту пак сијалички, беше темница и ладно, како во некој хорор. Почнав да не ги чувствувам нозете. Си реков, ако го преживеам ова можам да преживеам се. Кога се симнав конечно од возот, се соочив со снегот. Кога стигнав дома, во осум часот вечерта, бев премрзната, се топлев до шпоретот и така ја завршив годината и ја дочекав новата. А па пред две години со тогашниот дечко бев во Охрид на плоштад и атмосферата беше никаква. Слабо веселба.
На денешен ден пред 33 години се вериле моите,и набрзо правеле свадба и после 1година од бракот го добиле брат ми a мене после 6 Среќна годишнина,уште толку да си дочекате мама и тато
На денешен ден , пред многу години , дознав дека тогашниот дечко ме изневерувал со други девојки , од почетокот на нашата врска . Најлошо беше што , видов со свои очи . Го сакав , или мислев дека го сакам , небитно . И во право беше , батка . Не те заслужував тебе . Заслужував подобар . Далеку подобар од тебе
На денешен ден пред 5 години последен пат му честитав роденден на близок пријател Следната година згасна еден млад живот. Овој ден ме потсетува на него и на нашето долгогодишно пријателство. Слава ти пријателе...
15.12.2016 нашата прва средба Кога ќе се сетам, го чувствувам истото што и тогаш. Навистина беше посебно убаво. Еве немам ни зборови, само чувства еден куп. ❤
На денешен ден, пред осум години се роди мојата внука што сега ми носи радост во животот и посакувам се најубаво
На денешен ден... На денешен ден пред точно 19години (11.01.2000) на влезот на селото Арачиново беа убиени во заседа тројца припадници на МВР. Една година подоцна, кога започнува војната во Македонија, терористите од УЧК ќе ја презедат одговорноста за оваа заседа. Тогаш полицајците вршеа рутинска контрола на автомобили трагајќи по сторители на кражби во главниот град. Вечерта околу 22:30 часот тројца полицајци сопреа автомобил. Зад сопреното возило застанале три други автомобили од кои излегле четворица напаѓачи. Тројца од нив пукале кон полицајците од автомати, а еден од пиштол. На самото место беа изрешетани полицајците: – КИРИЛ ПЕТРУШЕВСКИ († 23) од Маџари, Скопје – АЦО АНГЕЛОВСКИ († 26) од Скопје – ЕРОЛ ГОТАК (27) од Радовиш АКО ОД ВЕЧНОСТА МОЖЕВМЕ ДА ПРОГОВОРИМЕ, ЌЕ ВИ КАЖЕВМЕ ДЕКА ХЕРОИТЕ НИКОГАШ НЕ УМИРААТ! ВЕЧНА ВИ СЛАВА!
На денешен ден 11 август 1945 г. жените во Југославија се изборија за право на глас. Југославија во војната изгуби 600.000 жени, Во НОВ се бореа 110.000 жени а загинале 25.000, 40.000 ранети, 2.000 станале официри, Партизанска споменица добиле 3.344, а Народни хероји 91 жена. НОВ всушност представува крај на партијахатот на кралството СХС. Борбата за еднаквост и еманципација е директно поврзана со НОВ и тоа е една од нејзините најголеми придобивки.