На една свадба (Џули Џејмс)

Дискусија во 'Книги' започната од Dream-Girl, 13 ноември 2018.

  1. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.298
    Пол:
    Женски
    ТАА Е ДОВОЛНО ПАМЕТНА ЗА ДА НЕ ГО КАЖЕ СУДБОНОСНОТО „ДА“.

    После понижувачкото откажување на сопствената свадба, Сидни Синклер става крај на врските со мажи кои се плашат од врзување и посветување на една жена. Таа прави дури и цела листа која треба да ѝ помогне како подобро да ги препознава овие ѓубриња и женкари и да бега од нив. Но кога нејзината сестра ѝ соопштува дека ќе се мажи после кратка врска, Сидни заглавува со уште еден секси плејбој со фобија од сериозни врски – прекрасниот кум. Свадба или не, таа е решена да го игнорира Вон, бидејќи овој пат многу добро си ја има научено лекцијата.

    НО ТОЈ ПРАВИ ЖЕНА ДА НЕ МОЖЕ ДА МУ КАЖЕ „НЕ“.

    Специјалниот агент Вон Робертс секогаш ги носи расипаните мажи зад решетки и згодните жени во својот кревет. Тој е млад, успешен, згоден, самоуверен и нема зошто да се врзува за една жена кога може да ги бира како колачиња во слаткарница. Но кога црвенокосата Сидни одбива да падне на неговиот шарм, Вон не може да продолжи понатаму додека не ја заврши оваа мисија.

    Водејќи се според себе, а и според сите читатели кои упорно бараат нешто ново од Џејмс, никој од нас не може да се насити од нејзините книги. Па баш затоа не можев да дочекам ни да ја прочитам, ниту пак да ја преведам најновата книга од неа. Ја побарав од агентите веднаш штом слушнав дека се подготвува нешто ново и voila, еве ја и во Македонија истовремено со издавањето во Америка. Морам да признаам дека На една свадба веднаш ми стана омилена книга од серијалот ФБИ! Во оваа книга има нешто поинакво и со првото читање ми се залепи за срце, нешто како Само најсекси маж кој постои.

    За разлика од ликовите во другите нејзини книги, Сидни не е адвокат или јавен обвинител, таа е инвестиционен банкар. Можеби баш од овој факт произлегува еден вид на свежина, но сигурна сум дека не се должи само на тоа. Она што најмногу ми се допадна во оваа книга беше приказната на Сидни, потпалена од одбивањето на Вон. Изневерена пред свадба, оставена со скршено срце, огорчена од сите мажи, ранлива и очајна да најде сродна душа... тоа не е нешто што често го гледаме кај хероините на Џејмс. Оваа жена е жена во која може да се препознае секоја од нас. Вон, од друга страна, не е типичниот принц на бел коњ кој ќе дотрча да ја спаси и да се заколне на вечна љубов. Не, тој е само типичен маж кој сака да ја легне, без да вети нешто повеќе. Но ако се прашува Сидни, така нема да може. Таа веќе знае каков тип на маж е тој, таа веќе еднаш се има изгорено од таков како него, таа знае дека тој не вреди ни да испие едно кафе со него, а не пак да му каже „да“ за нешто повеќе...
    (преземено од сакам книги)

    Инаку една од моите омилени книги на Џули Џејмс. Моја другарка ја обожава оваа авторка, па ја позајмив книгата од неа и многу ми се допадна. Начинот на кој е напишана. Интересна приказна, за читање покрај плажа, со кафенце, премногу добра за релаксирање. :) Дали ја имате читано? Ви се допаѓа ли? :)
     
    На shz му/ѝ се допаѓа ова.
  2. shz

    shz Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    6.056
    Допаѓања:
    50.239
    Пол:
    Женски
    Ја немам читано книгата, ама други книги од Џули имам читано и можам да кажам дека за мене се одлични и интересни, баш какви што сакам јас.
     
  3. fificaaa

    fificaaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 март 2011
    Пораки:
    715
    Допаѓања:
    478
    Пол:
    Женски
    Сите книги од Џули ми се одлични. Не знам како одат по редослед , а гледам се преплетуваат една со друга. Е вакви љубовни обожавам.