На кафе обично римјанки, патики, балетанки. Нешто лежерно, секако. Да ми биде удобно. А излегување петок, сабота, навечер, обавезно штикли
Петок и сабота скоро секогаш сум на штикли зошто ги обожавам и многу сакам да ги носам.. Е сега ако излегувам преку недела си носам нешто пониско, не ми е убаво онака лежерно кафенце да си пијам и во штикли... значи со мера... Штикла петок-сабота
Најдобри се патиките..всушност и само патики носам е сеа ептен сите да се скоцкани тип топ и за свечени пригодби штикли нормално..а вака за на кафе,преку ден,чак и навечер ако не идеме во некој клуб си носам патики
Сакам да носам штикли но некако се чувствувам нестабилна мислам дека ќе паднам во секој момент. Исто така не можам да носам многу високи за да не бидам повисока од дечко ми. Во лето најчесто излегувам со ниски сандали или патики и секогаш така независно дали е викенд или преку недела. (Малку ме гледаат на криво ама не ми смета навикната сум јас на тоа ) Во зима практикувам со ниски чизми или пак чизми со ептен мала штикла
И така сум си ниско (160 cm) си фурам штикла На кафе најчесто балетанки,патики, ама во диско најчесто штикли
На вечерни излегувања штикли, а денски патики или балетанки. Добро, си имам јас неколку пара чевли на плута или штикла кои ми се само за преку ден. Значи не на секое денско кафе одам во нешто ниско, ама за вечерни излегувања одам исклучиво на штикла..
па во лето секогаш навечер со штикли излегувам а на кафе денски по римјанки балетанки. во зима не носам штикли скоро никогаш. Чизми на штикла немам и не сакам затоа што на школо не би можела да ги носам.
Уффф обожавам штикли и ги носам скоро секогаш кога сум излезена Кога сум на работа исто носам штикли ама не многу високи, до 5-6 цм. За излегување навечер обавезно си носам штикли, некако поубаво се чувствувам, поженствено
Зависи од местото, ама скоро секогаш во штикли. Ова за навечер. Преку ден пак, ретко носам штикли, обично претпочитам ниско за денски излегувања.
Јас уживам да излезам во патики! Дури и во диско ;] Сакам комотност, сакам да играм, да беснам (како и секогаш). Излегувам и во штикла но тоа поретко... Иако ги купувам со тони... Во патика се осеќам најсвоја!
Зависи како ќе бидиме расположени со друштвото, зависи кај одиме таа вечер. Секогаш одиме првен негде на јадење па после негде в кафич и обавезно носиме штикли и поддотерани сме. Ако не сме расположени за в кафич, се облекваме со ниско, и после лежерно се шетаме низ корзо.
За вечерно излегување по кафиќи, секако дека штикли. Но бидејќи не сум некој голем обожавател на излегувања, обично по ниски чизмички на зима, или патики на есен и пролет, а пак на лето по римјанки или балетанчиња. Мака жива ми е штикли
Зависи од местото каде излегувам. Ако е во мојата населба во некој кафич не носам штикли зашто никој не носи, а низ центар за во дискотека, кафич штикли, ако е во парк или мекдоналс или слично чизми,балетанки,римјанки.
Скоро секогаш носам штикли, но има и случаеви (поготово пролет лето) , нон стоп рамни сандали и балетанки