Абе каква штикла? излезам си во ниски чизми,балетанки,римјанки(зависи од времето ) ,се изнаиграм убаво и крај
Ако многу е спешл излегувањето тогаш штикли ако е за негде ка кафе или било што друго патики,чизми...
Кога излегуваме во кафич секогаш во штикли а за на вечерно кафе или шетање, во ниски чизми или патики
Зависи од расположението. И каде одам. Ако одам на пр. некаде на планина , во парк или ако морам да брзам некаде тогаш обавезно патика , чизма нешто ниско. А ако одам на кафе , излегувам со мм , одам со керка ми на шетање тогаш штикла нешто повисоко
На излегување во кофи шоп или негде за јадење, или кино, театар, концерт патики/чизми/кондури а за некој роденден или сл, посвечено
Зависи коа сум со дечкоми најчесто носам штикли бидејќи сме со кола,па и кога сум без него за одредени прилики носам штикла,за шетање или за на кафе воглавно патики или ниски чизми
За во кафич, паркче или обична прошетка низ град патика/чизма е сега ако е нешто 'посвечен' кафичот може и со мала штикла и за во дискотека исто со штикла иако јас одам со патики, штикли допрва ќе купувам. Не од што ми е нешто посебно мерак, ама ајде ради реда.
Пред неколку години бев вистински зависник од штикли.Купував постојано. Но сега ситуацијата е малку сменета.Не можам да носам, воопшто не се удобни, тие 11 до 15 цм височина не ме прават да сум посреќна.Сега излегувам по ниски чевли, и барем знаам дека ќе можам да играм колку сакам без да ме болат нозете потоа
Штикли дефинитивно!Поради мојата скромна висина,а и поради тоа што се чувствувам моќно и многу женствено во нив....
Зависи каде. Ако е некаде лежерно, кафе мафе во кафич тогаш патики. А ако е некаде во клуб и сл. штикли.
Ако е во некој ресторан,кафич,дискотека и сл.со штикли но кога одам на прошетка или во парк сакам да се чуствувам удобно и во овој период си носам чизми,а во пролет и лето патики,балетанки и се обувам се што мислам дека би ми одговарало
Зависи од излегувањето. Во викенд за во кафич носам штикли повисоки со танка штикла. За на кафенце зависи од расположение. Некогаш патики, некогаш ниски чизми, некогаш чизми на подебела и пониска штикла.
Пф нема врска. Почесто сум во штикли, но шо има врска, си носам и балетанки каква врска има. Леле Боже свашта...
Зависи каде се излегува. Ако е обична прошетка или обично кафе може патичиња или балетанки, но ако е асално искачање штиклите не бегаат. И што ако видиш во зима некоја на штикли ? Па тоа си е избор, ако мисли дека е способна да оди на мраз со штикли нека оди. И плус не за џабе некој измислил чевли со помала штикличка
Понекогаш можам и преку ден на кафе да идам во штикли , инаку за вечерно излегување обавезно штикла , за преку ден можам да носам и балетанки или убави патики , додека во зима чизми било кратки било високи или рамни или со штикла имам од сите па си правам комбинации
во зависност од приликата уживам во многу високи штикли ,но патиката и балетанката е составен дел од моето секојдневие