Све зависи од пригодата и од моето моментално расположение. За излегување, во ресторани и дискотеки најчесто штикли, иако може да се случи во диско да појдам и со рамни обувки. Кафиња, дневни или вечерни ми се поопуштени моменти, па може да ги поминам и со рамни обувки или патичиња. Но има денови кога ете сум расположена да носам штикли и на дневно шетање или кафенце, со нели нормална денска комбинација, без кинџурења и сатени во 12 напладне.
За вечерни излегувања обавезно носам штикли и не можам да се замислам да излезам со нешто друго.Преку ден најчесто носам патики,балетанки или некои сандали на плута во зависност од сезоната. Понекогаш ме фака ќеиф и за преку ден да си облечам штикли и да шпартам низ цел град,ама после тоа нозете ми знаат
За вечерни излегувања убаво е во штикили. Сум излегувала и во штики и во балетнаки и римјанки.Ама најудобно ми е мене кога носам балтеанки и римјанки.
Штикли не носам на излегуваше освен ако сум на роденден.Најчесто балетанки,патики,летни чизми,римјанки,сандали(обични),
Зависи каде ќе одам, ако сум во некоја дискотека одам со штикли, а доколку сум на кафе или нешто слично тогаш одам со балетанки, римјанки.
Абре децава болни се? Имам другарка сеа ќе биде 8мо, коа ја глеам на штикли во паркот еј а пред 3 месеци наполни 13 години. Дури и со мајка и си шетат двете. Ни срам ни перде . Мајка ми нема шанси да ми дозволи мене. А не ни сакам. Потоа гледам на фејсбук слика со нејзината братучетка што е гимназија во кафич пак на штикла. Лошо ми падна. Поголема шмизла од неа има ли. Се прави голема а уште на млеко мириса(не дека ја не мирисам де али не носам штикли како неа) Сака да се направи центар пажна.
Зависно од комбинацијата знам да излезам и со патики и со балетанки и со римјанки и со штикли секогаш различно
Па зависи каква пригода е и како се чувствувам. На роденден еднаш сите беа по штикли и дотерани, ама јас си облеков патики и баш убаво си се чувствував. На штикли само по кафичи обично
Најубаво се осеќам во балетанки и преферирам да ги комбинирам секако и за преку ден и навечер обожавам и патики,а штикли само за некоја свеченост ич не се осеќам комотно инаку и нив ги обожавам многу и имам доста штикли.
Зависи каде одам. Ако одам петок-сабота во кафич или кафана носам штикли. Ако одам денски на кафе или пицерија, слаткарница итн. на патики или балетанки.
Се зависи од комбинацијата и местото каде што излегувам ако излегувам преку ден на кафе балетанчиња,патичиња,а за вечерно излагање штикли е сега ако е вечерна прошетка или само кафенце онака полабаво нормално дека балетанки или патичиња.
Ретко облакам штикли, ако ептен е приликата па ајде... Најубаво ми е во балетанки, римјанки, патики.. па дури и пуна пета мада поубаво ми е на рамни некако