Искрено одкако се качив првиот пат на штикли само 2-3 пати не сум облекла ... Сум облекла балетанки ... Многу сакам штикли и секое излегување носам
И преку ден и навечер носам штикли, и да со моите 15 години изгледам како 20 но мене тоа ме прави по самоуверена
Зависи од приликата. Ако сум ептен дотерана, тогаш штиклите се задолжителни. Ако сум искочена цел ден, немам проблем со ниски чевли да си продолжам вечерта, на кафе или во кафана на јадење. Ама ако сум во можност, имам време да се спремам, дефинитивно во штикли. Секогаш и секаде би одела со штикли.
Секако дека да Во лето високи потпетици отворени, а зимно време чизмички. Реално не иде да се дотераш , нашминкаш , средиш а на нозе да ставиш патики или некоја слична обувка. Се знае, во штикли нормално...
За денско излегување си носам ниско, балетанки, чизми , сандалки, зависи која сезона е. А за вечерно излегување си почитувам штикла и секогаш излегувам на штикли.
зависи од расположението на дечко ми(исти сме у висина) понекад изегувам со балетанки,чизми а понекад со штикли.
За преку ден секогаш нешто ниско носам, балетанки, патики, сандали додека за викенд навечер најчесто си носам штикли.
Без разлика каде сум излезена, најчесто носам ниски чевли - така сум навикната, а и такви ми се другарките, ние колективно си љубиме ниска чевла, па до таму да е. Милион пати се има случено на вечерно излегување на пример во бар да се појавам во балетанки или оксфордки и не го сметам за никаква утка, иако неретко добивам чудни погледи. Побогу, кој како сака така и ќе си носи. Носам и високи чевли, ако ептен ме фати мерак, меѓутоа ги избегнувам „ултрамодерните“ копито стајл салонки и секаков тип на чевли, зашто стапалото паѓа толку неприродно, што изгледа жално, баш жално. Патики не обожавам воопшто и многу ретко носам, исклучок правам за старки - нив ги обожавам. Ако некогаш ми е ќеф, си облекувам високи потпетици и во текот на денот, но тоа се случува доста поретко. Периодов идеални денски обувки покрај балетанките ми се и оние чевлите на полна пета, но не оние копитата, туку нормалните, до кај 8 или 10 сантиметри. Исто не обожавам отворени чевли од типот гладијаторки, римјанки и ним сличните. Воопшто не ми се допаѓаат, премногу ми ги потат стапалата и се чувствувам чудно. Обожавам да ги гледам вметнати во туѓите комбинации, но не и во моите.
Зависи од пригодата. Во текот на денот излегувам или по патики или по балетанки/римјанки. За навечер истото важи, зависи на кое место одиме. Кога одиме во кафич, редовно ставам штикли
Зависи каде, каква е атмосверата. Најчесто во штикли, балетанки, а кога настанот е послободен и по патики.
за родендени или коа ќе се договориме идеме на коктел ова она облекувам штикли, а за кафе и за сите останати пригоди балетанки
Zavisi kade odam, za vecerni izleguvanja ako odam vo disko stikli, preku den na kafe vo paticinja, baletanki