За на кафе балетанки. Во зима чизми на штикла. А онака, штикли ако идам на забава, роденден, прослава етц.
не се однесува лично на тебе туку општо. Како можете убавп да се осеќате на штикли? Ми се чини ко на шајки да газам. Сакам ама не можам да ги носам. Потешко нешто нема посебно ако треба подолго време да стојам на нозе.
Некои на штикли се осеќаат поженствено. Кај мене не е така. Ги носам кога морам. Кога сум на свадба едвај издржувам. Нозете ме болат.
Не си ги нашла правите штикли. Со штикли имам подобро држење на телото на пример, отколку на рамно. Е сега не зборам за 12 ка штикла, нормално, ама реално многу зависи од квалитетот на чевлите. Некои со штикла 6 сантими, може да се поудобни од некои рамни.
Зависи. Доколку е пролет со патики или балетанки, зависи каде ќе одам. Летно време сандали на потпетица обавезно. Есен патики, а доколку одам во кафана или некоја прослава штикли, а зимно време со чизми
Додека не станав бремена буквално секаде си одев на штикла, каков памет сум имала страшно Сега ретко сум на штикла колку и да е удобна. На Биана сите ми се удобни ама ако нема потреба си одам на рамно или средно висока дебела штикла на чизма. Сепак и рамните некои се неудобни, кај мене многу ми се допагаат на Биана и веќе со години сум со нив, ептен ретко земам други ако бендисам на лик, ама знам дека ќе ми се само за неколку носења.
Штикли,се знае,елеганција пред се,скоро секогаш кога излегувам. Во зима-чизма на штикла,во лето-сандали,салонки. Само во парк,патики,или други рамни обувки.