На излегување во штикли, или...?

Дискусија во 'Мода и стил' започната од Lolipop23, 28 март 2010.

  1. anggell

    anggell Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2011
    Пораки:
    6.207
    Допаѓања:
    12.031
    Пол:
    Женски
    Јас од скоро, од пред некоја година почнав на рамно да одам, па тоа да ти било убавини за нозе и 'рбет. Претходно на работа, на факултет јас бев на високо, и да не беше висока штикла, рамно никогаш не носев. Е сега како трчам по дете еднаш за проба, уште еднаш, и ми остана фаворит, сега вешто ги избегнувам штиклите а и кога носам само кога морам и кога немам многу за одење.
    Нема поубаво од рамна и згодна кондура. Додуша мене на Биана и штиклите ми се многу згодни и пријатни за носење ама рамно си е рамно.
     
  2. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    16.865
    Допаѓања:
    129.709
    Пол:
    Женски
    На рамно е најдобро.
     
  3. Ivv_A

    Ivv_A Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2024
    Пораки:
    92
    Допаѓања:
    531
    Патика, ретко штикли
     
  4. Macence2341

    Macence2341 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2024
    Пораки:
    116
    Допаѓања:
    263
    Пол:
    Женски
    Штикли сакам да носам ама одамна немам носено и неможам да стојам на нив.Порано како помлада нон стоп носев за излегување.Потоа едно дете,па друго и скроз ги баталив.Претежно на ниско сум ама имам и штикли пониски 5 см најчесто.Нив ги носам за посвечени пригоди.
     
  5. Selena01

    Selena01 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2020
    Пораки:
    1.934
    Допаѓања:
    7.712
    Пол:
    Женски
    Најголема болка ми е што имам искривување на палецот на ногата. И со време станува се полошо па не можам да носам ни рамно. А порано не се симнував од штикли ;(;(;(
     
    На Macence2341 и anuska_dzuli им се допаѓа ова.
  6. anuska_dzuli

    anuska_dzuli Активен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2024
    Пораки:
    222
    Допаѓања:
    496
    Пол:
    Женски
    На работа секој ден носам штикли, сандалки на штикла ...ама така би избрала патики
     
  7. SV1911

    SV1911 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2013
    Пораки:
    3.051
    Допаѓања:
    69.175
    За искривување на коската пред палецот? Ако е тоа, тогаш има сеоаратори за прости кои можат да ти помогнат. Исто, гледај да носиш широки обувки за да не ти се притиснати прстите внатре.
     
  8. Компир Манџа

    Компир Манџа Популарен член

    Се зачлени на:
    12 ноември 2019
    Пораки:
    4.251
    Допаѓања:
    6.380
    Пол:
    Машки
    Од машка гледна точка, девојките се поубави на штикла, отколку со други обувки. (hollest)
     
  9. Vikktorr

    Vikktorr Популарен член

    Се зачлени на:
    22 август 2015
    Пораки:
    1.138
    Допаѓања:
    3.250
    Пол:
    Машки
    Не, не се здрави вооопшто. И не, не треба да носите за да им сте привлечни на мажите. Ако ВИЕ сакате, одлично, ама умерено и со можност да ги замените по извесно време со други обувки. Високи потпетици имаат смисла дома како предигра, да! Тоа е здраво! ;) (Инаку, fun fact, високите потпетици првично се смислени за мажи.)

    Од друга страна, не можам да замислам пренесоодветни патики во секаков контекст и ситуација од страна на мажи и жени. И имајте предвид дека има патики и патики. Со слим фармерки одат слим патики/чевли и обратно. Не, патики за планинарење со baggy панталони кои сега се популарни ужасно изгледаат, исто и тренерки што на ништо не личат (главно гледам мажи со никакво чувство за комбинација.) Удобност да, ама не како единствено нешто што е важно. Може да е удобно и да изгледа естетски добро. И не носете чорапи над хеланки, аман! Тоа може кога џогирате и/или во теретана. Контекст, чувство, комбинација, секогаш се менува.
     
    Последна измена: 31 декември 2024