Па за вечерни излегувања штикли во секој случај и тоа повисоки а за денски балетанки,сандалчиња.патики..
Зависи од расположението.. Најчесто штикли, ама ми се случува да излезам и со патики.. и балетанки.. Зависи и од местото кај што одам.. нема сигурно ако седам во парк со штикли да излезам..
кај нас мало место ако идеш у кафич и одиш у патики ќе те направат мрдната со умот, а во парк во патики,во балетанки во што ти душа сака
Зависи каде одам и како сум расположена, на кафе или вечерно излегување штикли (најчесто), но ми се случило и со патики,ниски сандали, балетанки, а за во парк, факс или во шопинг обавезно патики
Па зависит. Петок/сабота сум на штикли. Денски (кафе, прошетки) патики. Лани летото си го поминав во патики (скиснав Сараиште )
Обожавам штикли....со сестра ми ги имаме многу и бидејќи имаме ист број,си ги менуваме,ги имаме секакви....јас бидејќи сум 165 и си се сметам за прилично ниска(што и не е баш ниско)преферирам да носам штикли на многу високи потпетици,ама не можам да ги носам на по долги дестинации,дечко ми ме паркира веднаш пред кафиќ за да не пешачам многу,и после дирекно во кола....кога носам штикли се чуствувам по висока и по самоуверена незнам зошто за преку ден носам ниско,балетанки,или гладијаторки,а кога сакаме да пешачиме со дечко ми носам патики,и така како и да е многу сакам ШТИКЛИ
штикли мојата љубов , за вечерни излегувања секогаш носам штикли едноставно ги обожавам најголема слабост ми се , најмногу трошам за тоа и ги имам преку 30 пара. Сакам мн високи штикли иако сум висока 173 и ич не ми е проблем да одам со нив.Секогаш кога штедам да купам нешто ке налетам на добра штикла и пак на тоа ке си ги заковам парите За преку ден зависи каде одам ... почесто на ниско патики, римјанки, или некои сандалки со полна пета
Уф обожавам штикли...и тоа највисоките ги сакам ама моите не ми дозволуваат да носам толку високи штикли. Носам 10, 12 и сега за сега имам 4 пара (но не за долго време ) Еве некои добри идеи за штиклички <------ интересно
И со штикли и без нив.Но,меѓутоа кога има добра диско-журка преферирам балетанки за да можам повеќе да се изнаиграм.Сепак штиклите ми се голема слабост....Но имам проблеми со ногата,односно вената изгледа ми е попушетна така да повеќе од 2 часа не можам да стојам на штикли.Пробувам,но прилично е тешко
Често знам да излезам и во патики, ако шетаме со дечко ми во парк или по кеј... меѓутоа тогаш не доаѓа во предвид да седнеме на кафе некаде, а со оглед на тоа колку брзо ни се менуваат плановите често имало ситуации кога ќе кажам леле зашто не облеков штикли или нешто посвечено. Инаку носам и купувам само високи штикли - немам под 10см не знам зошто, висока сум 175 и стварно нема потреба, ама не ми го прави ќејфот ниска штикла.
Обожавам штиклииии !!!!! Секогаш носам штикли и сите ми се превисоки и бидејки често ги носам не ми претставува проблем дали ке ги носам за преку ден или за вечерни излегувања едноставно не можам без високи штикли Додека пак на патики или на ниски чевли сите ми се чудат не можам да одам и никогаш не носам нешто ниско
За вечерно излегување по дискотеки и ноќни клубови, поофицијални настани, вечери итн. носам секогаш штикли (повисоки или пониски, битно да се штикли ) За кафе-дружба или одење по гости сум во балетанки, сандалки, апостолки, во зима рамни чизми, па и патики За шопинг и шетање по кеј секогаш во патики кои ги имам во неколку бои ..удобноста пред се