Па зависи од моето расположение.Сепак најчесто сум во штикли ама ако сум уморна или излезена онака на муабет со блиски знам и со патики да си излезам.
Еве веќе 3 месеци немам облечено штикли. Иако ги имам премногу така си стојат во плакар. Кога беше потопло си носев балетанки,а сега чизми ниски. Можеби зошто друштвото ми е такво, сите се во стартки, па и дечко ми, па некако глупаво се чувствувам да облечам штикла. Но, не значи ако не носам штикли дека не можам да изгледам елегантно и дека ќе престанам да ги купувам
Зависи кога како ...зависи што ке облечам така да и штиклите и патиките ми се удобни за носење ...само што ретко се излегува
Штикли, штикли и штикли! Ниска сум си и сакам мнооогу високи штикли, секогаш за излегување носам. Не можам да си ги објаснам девојчињата што на 14 години ги носат, не можам ! Исто необјасливи ми се штикли за на факултет ! Многу селско, премногу (мое мислење!). Јас првите штикли ги купив на 16 години, но прв пат ги облеков на 17 )) Имам околу 10 пара и се превисоки и ги обожавам
на излегување секогаш сум во штикли, и тоа баш штикли. Бидејки сум прилично ниска преферирам штикла 12ка
Зависи. Навечер нема шанси да искочам без штикла, али па за денско кафе ретко ретко сум ставила нешто друго освен балетанка или некои удобни ниски чевли. Старки обожавам и исто ги носам за денско кафе.
Штиклииииииииииииииии нешто без кое не можам,незнам ама заразена сум со нив за на вечер обавезно , а денски патичиња,балетанки или што и да е ниско
Обавезно! Основно женско правило барем 12 цм штикла секако пред тоа да имаме извежбано одење да не изгледаме како по јајца да одиме Посебно за пониските девојки важи ова штиклата ви ја издолжува ногата па дури и целата фигура, пополните жени ги прави да изгледаат повитки, па дури и го добиваме она гламурозно чувство, зар не?
па во штикли ама пониски нека бидат неможам да издржам цела вечер и на крајот од вечерта едвај чекам да ги соблечам тоа се случува само петок сабота другите денови сум си на ниски чизмички најудобни ми се.
Ептен се согласувам со Ружа.Ружица, штиклите многу влијаат на целокупниот изглед и ја издолжуваат фигурата. Е сега некои девојки што се високи, можеби немаат толку потреба од нив, ама јас како претставник на пониските девојки можам да кажам дека ретко излегувам на ниски штикли. Точно е дека кога си на некои ниски штикли имаш повеќе удобност и си поопуштена- можеш повеќе да играш и сл. ,ама што да правам кога сакам да изгледам секси па ретко излегувам со штикла пониска од 10цм. Е сега, при крај на вечерта знаат така да ме болат нозете, за да не можам повеќе да стојам, бидејќи сум тип што сака да игра кога е излезан, па така дополнително стварам болка, ама јуначки стискам заби и издржувам до крај . Некогаш знам да си седнам, да си направам малку пауза, ама НИКОГАШ, апсолутно НИКОГАШ не ги собувам штиклите. Посебно ми е простачко тоа собување по свадби или матури, каде пола девојки играат боси. Па побогу, проценете ги своите можности, ако не можете да носите толку високи штикли-купете штикли со средна висина, а не вака облечени елегантно, а трчате низ салата со бози нозе . Мислам хелоу
Морам да се согласам со Сеси во делот со свадбите кога се собуваат девојките, не дека ми изгледа простачко туку пред се смешно. Ај јас не мислам на тоа дали ќе изгледам ко сељо ама имам фобија на некое стакло да не згазам и строго останувам цела ноќ во штикли, кога веќе сум решила да ги носам, има јуначки да трпам до крај. Или си го решавам проблемот со често одење во веце, ќе му ја заседнам и собувам Се разбира доколку нивото на хигиена ми го дозволува тоа. Ама има и друг проблем тука. Паѓање. Цела ноќ во штикла на 9 цм, по неколку вод(к)и во крвта и ај да ве видам дали не е поголема срамота кога ти се забиваат штиклите меѓу плочките во чаршија па се сопнуваш на секој втор чекор недај боже пак паѓаш во нечии (не)познати прегратки - со познатото оп оп оп полека девојко, отиде - не бе не ок сум си, незгодни штикли имам само Сега не знам дал да држам шмизл форма цела ноќ или да се опуштам богати! Или да изберам пониска штикла Како и да е, женска нога во штикла изгледа поубаво. Без дебата
Пирамидке, ме пресмеа- некогаш и јас ја користам таа тактика, забегувам на 5-10мин во ВЦ и си ги собувам Што да правиш мора А за тоа со пијанството немам некој проблем, и онака слабо пијам- и онака сум весела и скокам, а ако пијам брзо ме фаќа и само зјапам како дебил, и подобро ми е кога си пијуцкам (има ваков збор ) малку и си кулирам
Во штикли, секако. Нискички нозе имам, плус мускулести, кои во ниска чевла изгледаат крајно неелегантно. И мала штикла не ми врши работа, одбирам што повисоки. Сакам ниски чевли и балетанки, ама за дневна употреба и за обично кафе. Кога станува збор за излегување излегување - штиклки се a must. За оние девојки кои се собуваат на свадби . Чевлата е најважниот детаљ од аутфитот според мене, и ако е неудобна како направена од пластика - се’ паѓа во вода, па дури и убаво да изгледа. Што ако си се средила во најубав фустан за свадба, а потоа ги соблекуваш чевлите? I don't get it. Секоја жена мора да знае да се одржи на штикли, по тоа се познава карактерот (шала де). Плус добри се за формирање на нозете. Спојлер И сите ги викаме штикли, а не ми е јасен зборот . Од каде е дојден, што значи? Ако може некој да ми разјасни нека ми пише лп за да не одиме офтопик, се занимавам со вакви работи и се мачам ако не можам да ги решам . Македонскиот збор е потпетици, ама и јас не го употребувам.
Ова со соблакањето штикли при крај од свадби, матури и разни дешавки посебно ме згрозува. Си била на педикир, стапалата направени како на бебе и да земам да ги уништам по тоа грозните плочки или теписони со сите можни бацили и гадинки, и плус да ги уништам хулахопките што сум ги платила ѓаол и пол. И баш така како што вика LivingGlam - чевлата е најбитна од се, да се соблече е тотално нарушување на целиот изгед. Ако више неможам - ондак неможам, ќе си седнам и толку од мене.
Закон нели? Само има и други несакани моменти кои не сакаш нит да ги чуеш ниту помирисаш ама тоа е, и онака никогаш не дишам со нос кога влегувам во ВЦ, така да барем сетилото за мирис не си го реметам И онака седиш инкогнито а ништо не правиш, си седиш и си ги крцкаш ноџињата. Еднаш на една рецепција од работа еден колега ми вика - „Не ти легна убаво храната а? Многу морски плодови, а?“ Пред сите! Му викам „Не ама на носево му беше потребна бела пудра малку.“ Глупава примедба заслужува глупава реакција. Ааа ела влези ми во кожа па да видиш маки, јас пак играм ептен многу. Што да правам, под влијание на многу вода уште повеќе играм Викам јас патика рулс, или во летно време на платформа, ем си дигната на некој вид на штикла ем не болат нозете толку. Проклети жени, трпиме за убавина. Искрививме и прсти, и нозе и се!
Има премногу девојки што не знаат како се носат штикли. Ги разбирам да сакаат да излегување да ги носат, па се мачат да одат на нив. Но, зошто ги носат преку ден кога не знаат да одат? Реќиси сите штикли ми се над 9 см, освен едни кои се 7 см. и тие најретко ги носам, зошто бојата им е многу специфична. За тоа што коментирате за по свадби и други веселби е многу невкусно. Ако не можат да издржат на штиклите подобро да си земат уште еден понизок пар обувки отколку да бидат боси. Сепак би им препорачала на тие што не знаат да го носат- не ги носете или научете како, барем сега на youtube може тутотијал за се да се најде