Зависи за какво излегување станува збор. Ако одам на некое помирно местенце,само на кафе,тогаш би облекла некои интересни чизмички(во зима), или сандалки(во лето). Али ако одам во некој ресторан тогаш обавезно штикли
За вечерно излегување обавезно во штикли... За през ден може да помине и нешто пониско, но почесто сум и през ден на штикли само пониски...
па зависи кај излегувам и како сум расположена...нормално дека кога одам во диско носам високи штикли а кога одам на кафе онака обично знам да облечам балетанчиња( ги обожавам ) или пак ако е зима некој чизми без штикла
Голема љубителка на штикли со платформа сум , но на излегување не значи дека секогаш носам штикли. Зависи и што имам планирано за вечер и каде излегувам.
па зависи за каде...за во дискотеки обавезно штикли и то баги височки се чувствувам поженствено и по sexy ...инаку за обични прошетки: сандали на платформа,патики или ниски чизми (најмногу си ги обожавам ниските чизми над колена...модерни а сепак лесни за одење )
Тотално се согласувам со Марама.Јас понекогаш знам саркастично да искоментирам,баш пример со една седмо-осмоодделенка падна по скалите кај што се симнував и само искоментирав дека не се штиклите за секого Јас високи потпетици носам само за излегување-викендашко,некои важни прослави,свадби етц...Инаку преку ден балетанки,сандали,ниски чизми,патики поретко носам затоа што не ги обожавам баш Штиклите се сложувам дека многу убаво изгледаат кај жените,тоа е тоа што ја гради женственоста. Јас по природа сум висока девојка па многу високи штикли не ми стојат,ама затоа многу ги сакам и можам да одам и трпам мушки А за соблекување... Тактика ВЦ и јас ја користам,ама на Нова година ги соблеков затоа што стварно не можев,а вецето беше зафатено.Кафичот што го изнајмивме и онака беше темен па додека сите играа искористив во едно ќоше ги соблеков на две-три минути. Ништо страшно. Еднаш на свадба една ги соблече сандалите и нозете грозни и беа,целите испукани и ми се згади,така да тоа не го оправдувам воопшто.Ако не може да ги носи,нека облече пониски.
Секако оваа дебата важи само и исклучиво за повозрани девојки 16+ што умеат да одат во нив па добро луѓе сме дома ќе вежбате и ќе биде кога тогаш. Но зборот беше за излегување значи ако си веќе девојка и излегуваш по клубови и такви места(за возрасни ) од тебе се очекува така и да се однесуваш.Секако до клубот ќе си фатите такси и ќе го избегнете паѓањето по улиците Бидејќи и јас нон стоп во клуб сакам да играм знам како е но по малку и приседнувам.Сепак за сексепилот треба да се плати и некоја цена, зар не?
Носам шикли да, но се случува и да излезам и со балетанки, рамни чизми и сл., а тоа зависи дали ќе идам да прошетам негде, па после на кафе дали ќе одам, односно зависи дали денот или ноќта ќе ја поминам повеќе во движење или седење А ноќното искачање на кафе, па во диско, се знае-штиклица
Како ми дојде. Некогаш имам потреба од високи потпетици, некогаш па повеќе сакам балетанчиња или ниски чизми. Во секој случај, и пригодата игра голема улога.
За вечерни забави штикли обавезно и тоа доста високи, порано не слегував од високи штикли, ама сега некако ми се смачи, а за вечерно излегување онака исклулирано си носам балетанки или патичиња - исто и за преку ден
За вечерни излегувања во најголемиот број случаи носам штикли, и тоа доста високи. А преку ден скоро секогаш сум во патики-најудобно ми е во нив. И балетанки носам, ама поретко.
Stiklata i dava na devojkati seksipil i pozgodna stava...mi se svigja i novata moda so ramni kosi so siski...jakooo...bravo [mod-kirilica:gclj4jrt][/mod-kirilica:gclj4jrt]
Штикла ми е задолжителен детаљ, арно ама не оние што гледам дека пола град ги носи, на триста платформи, ко порно глумицине. Имам комплекси за висината, да, ама ова е претеризам. Не е секоја девојка за штикла, тоа е факт, кога ќе видам какви одови вадат, ни кловн во циркус не им е рамен. Преку глава од тие што си ги „фрлаат“ нозете 5 минути напред пред нив и се грбават дур одат на штикли (ко да испитуваат минско поле).
Кога излегувам навечер за викенд обично носам штикла ,а за преку ден и било да сме на кафе или на прошетка во парк , носам патики .. неможам преку ден да се замислам со штикли освен ако не е свадба или крштевка тогаш сакам неќам морам .. Понекогаш се мислам дали ми требаат воопшто штикли бидејќи доволно сум висока ама ајде си велам да не се издвојувам од останатите , а радо би по патики да си излегуваме
Па зависи од местото и забавата кај одам.И да е вечерно излегување,што ми е гајле ако одам на рок журка? А бе врзувам старки и да ме нема,од мерак човек да се изнаскока.А овааај,ако е нешто поразлично,DJ или хип хоп забава идам на штикли,18 цм минимум па се мислам по патот како да тресам г'з а да притоа не паднам.И ОБАВЕЗНО внесот на алкохол го намалувам за овии вторите
Sephora можеби и иронија е ама не сум далеку ни од вистината.Имам едни ако не се 18,ама 15 се секако.