За вечерни излегувања штикли секако освен на саем коа има журки носев чизми есента и зимава, може и во балетанки ама патики за било кое вечерно излегување не :/ за преку ден зависи од пригодата се доаѓа во предвид! Инаку штикли 10-12цм ми се таман
За вечерни излегувања штикли , на работа исто така секогаш во нив, а за до некаде на брзина во штикли ама не многу високи што значи секаде на штикла и без нив заборавив како се оди Добро не секаде дома не ги носам. Денес во патики спортував па цело време се мислев што ми фали .... ај како да бев боса
штикли носам многу ретко,неможам,неудобно ми е.Ги носам само за на посвечени моменти(свадби,матури,крчтевки...) Вечерни излегувања имам ретко(со оглед на домашната ситуација со две деца) а кога искачам си носам во зима чизмички на рамна плута или пак на полна пета,пролет/лето балетанки,сандали.За дневни излегувања истотака рамни кондурчиња,а балетанките ми се омилени.Кога шетам со децата во зоо или луна парк си облекувам и патики,а и вака до овде-онде проданица и слично патиките секогаш ми се во прв план
Зимава ја пројдов со оние високи чизми(над коленици),а сега за пролетта си купив балетанки и можам да ви кажам дека ем по пријатно е со нив и ако се искомбинираат на вистински начин се излага поубаво!
За вечерни излегувања скоро секогаш штикли. И тоа доста височки. Манијак сум за штикли. Иако морам да признаам дека кога ќе излезам во ниски многу ми е убаво, абе цела вечер скокам,играм. Со штикли ми е подруго, па на крај и нозете ме болат... Ама па многу поубаво се чувствувам во штикли
За вечерни излегувања за по кафичи дисотеки обавено штикли а онака за шеткање низ град безразлика дали е вечерно или дневно излегување практикувам балетанки патики нешто што е ниско
За преку ден секогаш патики, абе господ се најубаво да му даде на тој што ги измисли а додека за навечер штикли, или некои така поубави балетанки и сандалчиња.
Зависи кога како некогаш ако ептен неможам не облакам штикли иако ги обожавам а и на секое место и не иде со штикла да се шеташ
штикли само за вечерни излегувања и тоа претежно во викенд за по дискотеки иначе преку ден, Не. Не ми прилега ни на годините..
За денско излегување никогаш немам облечено штикли, налето само понекогаш сандали на плута. Навечер скоро секое излегување носам штикли, не се чувствувам убаво ако сум на рамни чевли, ми се чини се губам во луѓето Исклучок правам понекогаш доколку одам навечер на мирно место, на кафенце или слично. Тогаш носам балетанки, римјанки. Ретко патики
Повеќе сум на штикли...само во школо и продавница сум во патики. Денски сум на сандали на плута, а навечер обавезно штикли.
Зависи од времеменскиот период, ама преку ден најчесто сум во патики, на плута, сандали и балетанки! Навечер сум најчесто на стикла, ама знам и на ниско да се облечам кога не сум воопшто расположена за на штикли
Почесто сум во патичиња и балетанки а многу ретко во штикли речиси никогаш.Немам навика да одам во штикли не дека не сакам
Вечерни излегувања во дискотеки и клубови во штикли, за прошетки во римјанки, балетанки или на плута За концерти, театри и кино патичиња или балетанчиња кога како
Ако има кај да се седи, носам штикли. Ако нема, жалам, шифоњерот јас, не достојува. За свечени прилики да, со резерва балетанчиња во ташна. Им се восхитувам на тие што најкомотно си одат на 12ка и после 4-5 часа стоење, како штотуку да испаднале од дома. Најчесто носам балетанки, патики, римјанки... За во дискотека 50-50, како ми е расположението. Малку е глупо, ама се чувствувам многу, многу големо кога носам штикли. Како Гуливер и лилипутанците. Висока сум, крупна и не знам, одскокнувам од сите. Да не зборувам што нема повисок јунак од мене.