Навистина многу ретко носам штикли. За време на есенскиот и зимскиот период кога излегував носев чизмички со мала штикличка. Сеа кога е потопло одма се префрлив на сандали со полна пета. Не сакам многу да носам штикли, особено не па високи. Иако изгледаат прекрасно и секогаш се занесувам по високи штикли, не ги носам. Се нервирам секогаш кога ќе ги облечам! Поубаво ми е во пониски или платформа ако веќе носам. А иначе вообичаено за излегување си носам балетанки или патики. На крајот сепак се зависи од тоа каде одам!
Зависи кога како На излегување обично носам штикли а понекогаш и балетанки, или ниски чизми ако сум изморена или ме болат нозе А за вечерно или денско шетање носам патики, римјанки, балетанки или ниски чизми
Другото. Балетанки, патики, еспадрилки, ниски сандалки. Никогаш не сум се качила на штикли. Многу ми се убави за око, ама не ги сакам на себе
Патики, балетанки шо и да е само рамно да е. Па идам да се изнаиграм и изнарипам, а не да мислам како ме болат нозете и врв на се цела таа гужва која може да се претвори во станпедо, етек тогаш како е за нафрцкани цури у штикли охоооо. Ма јок ни крај на памет во штикли на концерт.
На излегување строго во штикли. До скоро време, да бидам поточна до пред 1 година воопшто не сакав да излегувам во штикли или пак воопшто да носам бидејќи си имав некое филмче во главата дека ако носам штикли со оваа моја висина 180че ќе бидам како џин во однос со другите, и секогаш си излегував во балетанки или пак некои интересни сандали, зависи од тоа каде се одеше. Сега неможат да ме убедат на излегување јас да излезам на ниско секогаш сум си на штикла од 10 цм и висината си ја носам гордо. Додека пак кога одиме било на кафе или пак онака за некоја прошетка пак си носам ниско.
Зависи од прилика, неможам сегде да одам во штилки тоа е факт, ако одам на концерт/журка тогаш балетанки или патики, за на некое опуштено кафе може исто на нешто рамно, но за во дискотека најчесто штикли, но никако патики кога одам во кафана или дискотека. Што значи штиклите не се за секоја прилика т.е. секое излегување.
Зависи какво е тоа излегување. Ако е во дискотека тогаш јасно дека со штикли. Но ако е негде полежерно како кафич или ресторан тогаш најчесто одам со балетанки и поретко патики. Сепак зависи од личноста.
Зависи од прилика. Ако одам во дискотека или кафана тогаш штикли. Ако е некое обично излегување за пошетка или на кафе тогаш балетанки, патики, а може и чевли на плута, значи зависи каде точно се оди. Ако одам на концерт или такви некои работи тогаш патики
Со друштвото од клас кога искачам ( прво во кафана па после во дискотека ) си носам штикли височки, а во ташна обавезно балетанки ( бидејќи секогаш кога искачам со нив асално пиеме, па да не скршам нога негде со штиклите ) А со другаркиве од маало си фураме по балетанчиња, патичиња ( јбг све спортиски души ). Сепак зависи каде искачаш. За со од клас кажав, а со овие од маало искачаме во Маракана, на кеј, во парк, во пооупуштени кафичи и така.
зависи од тоа каде одам за преку ден многу ретко носам штикла обично балетанки,ниски сандали или патики, е сеа никогаш немам излезено за во кафич или некоја друга свечена пригода на ниско.
јас многу поубаво се чувствувам кога носам балетанки или патики,отколку штикли.И многу ретко носам на излегување
Верувале или не,јас немам штикли!!! Значи дома имам само сандали кои се на повисока плута за на лето ама класични штикли за искачање што ги носат девојкиве низ град не!(зборувам за оние нели црни класични).Не знам како да се убедам да почнам да носам со оглед на тоа што сум прилично ниска и многу поубаво ми стои кога ќе се качам на високо,ама ете пусто нејќе..се сум у балетанки,патики,сандали-римјанки,апостолки..првите штикли ги купив за матура и ги фрлив затоа што падот им беше многу лош! нема надеж за мене..
За во диско обавезно иако искрено АМА ИЧ не ми се по кеиф За кафе во зима ниски чизмички, во лето римјанки или балетанчиња а за подолго шетање обавезно патики.
зависи каде излагам ако е навечер обавезно штикли особено ако е тоа некоја дискотека, а инаку за на кафе шеткање и слично си носам се почнувајќи од балетанки римјанки патики па се до чизмички, зависи од времето и од комбинацијата што ја имам на себе, и иако не ми се удобни баш некои модели на високи потпетици сепак ги обожавам и не би ги мењала за нишооооо
Секогаш излегувам со штикли но многу ме болат стапалата па си носам во роденденско кесиче и балетанки хахах така си ги влечам со себе и за накај дома си ги облекувам =)