И што мислите за вчерашните исфрлања? Јас мислам дека вчера жирито беше во некој друг паралелен свет кај што Стефан пее прекрасно, а Ивона која има гласиште е исфрлена
Јас,за жал,вчера не стасав да го гледам шоуто и навистина сум многу разочарана и револтирана што Ивона којашто навистина има прекрасен глас е исфрлена!
Мене Ивона ми е познаничка ама стварно ми е некако антипатична, има глас ама некако се понаша ко сезнајко па ме нервира... За Игор се разочарав што испадна, баш симпатично момче ми беше, а и таа ругата типка со убава коса многу кул фаца и опуштена ми беше... Иначе баш интересно шоу, ама некако не се спремни нашиве за вакво шоу, гледаност на нула, плус некако кога пеат како со многу лош квалитет е, дали озвучувањето е многу лошо па не се вклопуваат убаво или што е не знам.
Да и мене баш тоа ми е чудно како ставаат слики, игор и ивона не требаше да излезат, има други полоши од нив
Bas sega sakav da pisuvam Lila na sitel se pravese nekakva si gospoga a ovde bas sega dali e repriza nez koga ja vidov za glava se vativ ova li e taa Lila a za Boki veke nemam zborovi navodno mu precelo koga go sporeduvale so Azis demek poubav bil od nego
Леле луѓе кој срам е шоуво значи. Еве, во моментов гледам и почнаа да се карат со Боки зашто кажал дека една учесничка поубаво испеала од Елена. Па почнаа да го напаѓаат, да се караат. Абе ало нека се освестат малку. За никаде се бре, да му се невиди. Толку, не гледам веќе вакво срање.
Го гледам моментално и од сите најокеј ми е Боки. Овие другиве... Роберт однесувањето.. Обраќање со зборови како идиот, дебил, не се баш како за тв Весна - најантипатичното суштество, не прифаќа критика Боки ми се допадна што е реален. Кажува што му се допаѓа што не, и дава образложение за истото.
Незнам зошто ама многу сум напната, несакам некој да се навреди или да има карање секој си има свое мислење нели? Многу ме нервира понашањето на Боки 13, значи неможам да го поднесам човеков, не го глеам тоа шоуто на Телма или каде и да е ама го видов на Јутјуб, како ги понижава луѓето што пејат. Па ало прво е шоу, има секој право кој како сака да се облече он упорно им замерува за машките кошули и панталони што не иделе заедно или шминката со штиклите. Да не искоментирам за тоа како он ги преовеличува филтрите на неговите слики или пак Луботанка ципела со крзно на него. И неговата нова операција на устата, нешто Кајли Џенер, Ким Кардашијан стварно не го разбирам ставот на човеков. Со години несака да се огласи со тоа дека е геј. Многу ме нервира. -.-
Го гледам На иста адреса уште од самиот старт затоа што во него учествуваше еден мој роднина и се` уште учествува една моја познаничка. На почеток мислев дека шоуво ќе биде нешто слично на Операција триумф, но излезе тотален хаос и мислам дека ни самата продукција нема идеја каде води шоуто, туку попатно импровизира. Прво, гала вечерите се случуваат во недела и почнуваат од 23.30. Да беа во петок или во сабота, ќе речеш нареден ден е неработен, ќе имаше барем малку смисла. Вака тотално нема! Вообичаено завршуваат во 2 по полноќ или подоцна. Ретко кој би дремел до 2 по полноќ (особено ако утредента работи) за било што, а не пак за некое недоквакано музичко шоу, а и огромна гњаважа за учесниците. Второ, нема правило кога некој отпаѓа од шоуто. Првите четири недели не отпаѓаше никој, во ред, да стане интересно, да се навикнат учесниците. Оттогаш отпаѓањето е скроз рандом. Некогаш излегуваат по тројца на гала вечерта, некогаш играат игра и сред игра Марко ќе им каже „вечерва некој си оди дома“, некогаш излегуваат во среда, некогаш во четврток, некогаш никој не излегува, ништо не се знае. Мислам дека многу подобро би било кога би се знаело дека во недела е гала вечерта, се пее, се прогласува победник, и еден излегува. И учесниците би биле поспремни и би го дале најдоброто од себе, и би знаеле официјално кога е излегувањето, па би одбегнале стрес, а и гледачите би знаеле што точно се случува, а не ќе пропуштиш неколку дневни прегледи, и кога гледаш тројца фалат За крај, Боки. Боки ми е апсолутно непотребен во шоуто затоа што нит е пејач, нит водител, нит шоумен. За мене никогаш не бил пример за јавна личност и однесување, а и моментално не прави ништо, во Македонија немал емисија со години, мислам дека го викнаа на стара „слава“ (во наводници затоа што според мене никогаш ни ја немал). Океј, позната личност што ме иритира, не е ни прв ни последен. Што особено ми смета е неговата улога на шоубиз полицаец или уатевр (стварно сум многу добро информирана за шоуво ) и тоа што може да ги прекинува учесниците за време на настап. Без разлика дали некој пее добро или лошо, дали фалшира или не, тој некој се трудел и работел цела недела на настапот, и не може некој музички необразован, па дури и да е музички образован, да го прекине на сред песна. Ова не е проба, им се разнишува самодовербата на учесниците, уплашени се, често вториот пат звучат уште полошо, се фрустрираат. Нека си испејат, па после нека ги изрешетат со коментари, нека бидат груби, во ред е, но ова со прекинувањево е глупаво и некултурно. Плус се одолговекува крајот на гала вечерта на неодредено. Се` на се`, уште еднаш се потврдува фактот дека не не` бива. Можда Србите се сељаци, ама Гранд е империја, и сите пејачи што останаа меѓу последните 10 во минатата сезона се веќе вртени на тв и прават турнеи низ цела Европа. На нашиве не можат ни албум да им снимат На крај краева поентата е да вадиш корка леб од твојата професија.
Јас на почеток почнав да го гледам затоа што мислев дека ќе биде квалитетно и конечно нешто наше. Но не можам да разберам едно вакво шоу од забавен карактер пресек на денот даваат во 23 и 30 секој ден. Гала вечер почнува во 23 и 30 и незнам кој седи да ги гледа. Во последната гала вечер имаше кореографии кои ги смисли Весна Петрушевска. Јас не знаев дека таа станала кореограф. Беа смешни кореографиите и многу лошо осмислени.