Па од вчера е укинато, учесниците се веќе дома, нема победник. А што очекувавте вие од наше шоу? Додека не дојде на ниво на српските, никој нема да гледа вакви емисии и затоа ќе се прекинуваат.
Прекинато шоуто "На Иста Адреса" See more... Спојлер цитат "Ако знаевте што е квалитет ќе организиравте аудиција и ќе направевте шоу како Македонски Идол што беше со Калиопи, Тони и Џамбаз во жири. Причината за вашата негледаност и прекинување од самата телевизија не ја барајте во нас, туку во вашата неспособност да организирате едно шоу. Ваквите шоуа со вашиве „таленти“ доведоа да на македонската естрада нема излезено добар вокал од времето на Елена Ристеска од пред 15-тина години и Лозано од пред 10-тина. Ако сакате гледаност на идни проекти, размислете дали да ги викнете „талентиве“ за пеење и дел од „стручното“ жири."
Јас па мислев тие се петте финалисти и финалето е на 20ти јануари ова она и толку ќе е...озбилно од кај е цитатов?
Цитатов е од објавата на фб, таму од коментарите. Ама викаат втора сезона ќе имало па се надевам ќе се потрудат и ќе вложат повеќе и барем дел од жирито да сменат, вака е слабо гледано, скоро ич.
Однапред да си кажам да не ме сфатите погрешно.Значи кажувам само мое мислење и немам намера да повредам/навредам некого.Обично во множина то ест со вие се искажувам,е полесно ми е де. Значи вака мислам две точки и: Да имаме грандиозни шоуа исполнети со тоооо цецо или некој тип на шоуа со шљамој,таму ѕвезде гранда,пинкови или нешто како пафкање,пуфкање,тверкање не знам какви лингурии(зборам нешто како голем или мал брат како и да е де)е подобро од развивање на македонската музика,некои пробни македонски шоуа каде фино лепо луѓето си ја знаат работата и најнормално си пеат,забавуваат публика,настапуваат, промовираат,развој на филмови/шоуа/серии ти реков-ми рече?Повеќе сакате камери да имаа во ватер кавинот(WC-то де)или да направеа сцена како бест американ денс крју таму она како од ем-ти-ви?Толку ни е чергата,толку правиме и шо сеа да ги критикуваме.Дајте мозокот во лер и гледајте се’ што ќе излези македонско.Толку не се сакаме што и се одбиваме.Е сега се погоди таков термин да е шоуво.Телевизијата тогаш им дозволи и толку сега ајде.Да имаше и Ром,имаше и Албанка.И тоа е пречка? Па растураа со песните,посебно Алмир со аренби гласот,иако не ми беше фаворит,ама растур е.Јас поддржував,поддржувам и ќе поддржувам вакви тип на шоуа и се’ што ќе се проба вака македонско. За крај,цитат од Миле Паника:И то! П.С. Им ја поддржувам намерата за втора сезона
А зошто да гледаме нешто само заради тоа што било македонско? Кога ке достигнат едно ниво какво што имаат соседните земји, може да бидат гледани, а да не бидат укинувани. Епа тој што видел подобро, а тоа се ако ништо друго, српските музички и реални шоуа, не може да гледа вакво бедно ниво на реализација.
Мене учесниците во шоуто ми пееја убаво, но проблем имаше со озвучувањето, речиси и да не можев да ги слушнам. Слаба реализација. Студиото каде што се одвиваа гала вечерите беше мизерно. Се надевам дека си ги видоа грешките и ќе се подобрат за втората сезона ако ја има. За да има гледаност треба да биде квалитетно, не е доволно да биде македонско.
Па и јас искрено се надевам дека ќе се подобрат во однос на тоа со техниката шо му беше искрено не баш најнај и терминот да го направат да биде погоден а не како за порно...секој почеток е тежок де Ај можи ќе биди
Дoбрo, кoгa ќе прoчитaм некoј кoментaр декa "стручнoтo жири" е нaјдoбрo ми иде дa си пукaм у кoленo. Дoбрo бе луѓе, кoи се тие стручни лицa? Лилa, Бoки, Веснa и уште некoи икс личнoсти кoи немaaт дoпирнa тoчкa сo музикaтa. Не гледaм Ѕвезде Грaндa и Пинкoве Звезде (oсвен Пинк ѕвездички), aмa знaм декa тaму седaт стручни луѓе кoи дoлгo време се зaнимaвaaт сo музикaтa и се прoфесиoнaлци, пa не е битнo дaли пејaт пoп или фoлк. Вaжнo се стручни. Зa светските музички шoуa дa не кoментирaм. Нa штo личи тoa препукувaње нa ТВ и кoментирaње зa изгледoт нa нaтпревaрувaчите? Пa тoa не е некoе мoднo шoу, музичкo е. Тoгaш кoментирaј зa тoa кaкo пеел, a штo се oднесувa зa стaјлингoт мoжaт сaмo кoмплимент дa дaдaт, a не дa кoментирaaт. Тoa студиoтo зa никaде е. Спoртскa сaлa oд шкoлo е пoгoлемo oд студиoтo. Публикa немa. И нa штo личи тoa дa се зaтвoрени 100 денa вo еднa куќa? Нa Велики Брaт мoжеби. Уште кoгa видoв кaкo стoјaт рaбoтите и кoј е жири, некaкo знaев декa немa дoлгo дa трaе и бев вo прaвo. Не се криви ни гледaчите, ни телевизијaтa туку сaмaтa прoдукцијa. Некa не прaвaт втoрa сезoнa, некa не се брукaaт веќе. Дoстa се изблaмирaa.