Бев на саем, се изнагледав душеци еден куп и на крај пак си купив од Дормео , го избрав иМемори силвер, и мислам дека направив добар избор.Имаа 20 % попуст. Се двоумев за Flexy душеци, некој италијански бренд ама бидејки не ми беа познати несакав да ризикувам.
Моментално спиеме на еден кауч што се спушта за ПРИВРЕМЕНО сместување на некој, и секој ден откриваме по некое ново ковче или мускулче од телото што боли. За месец дена отприлика ќе се преселиме, па размислувавме за душеци и го избравме душекот Алое од Симпо, дебел 25цм. Додека немаме купено, сакав да слушнам мислења за душеци, па можеби и ќе се премислиме.
Дали некоја од вас го има Meblo Jogi Dinamic или Meblo Jogi Hospital? Динамикот многу ни го испофалија, ама е околу 550 евра, не знам дали стварно толку вреди (димензија за брачен кревет)?
Да се надоврзам на вчерашното прашање: некакво искуство со душекот Nautilus Aloe Vera или Premiјer од Симпо? Овие 4 душеци ни влегоа во потесен избор, па се мислиме кој да го купиме.
Јас Симпо не би купила во никој случај. Го немаат кваитетот како порано. Купив од Симпо единечен душек пред 3-4 год, го одбрав најскапиот во тој момент кој го нудеа ама се разочарав. Душекот многу брзо пропадна и не се погоди воопшто, не беше удобен за спиење.Подобро додај некој денар и купи си квалитетно нешто, душек не се купува секој ден, а добар сон ти е пола здравје.
Nautilus обичниот го имаме, еве веќе 6 година, мака нема. Си го превртуваме, чистиме и проветруваме редовно, досега сме немале проблеми.
Во моментов разгледувам душеци. Првичното двоумење помеѓу симпо и дормео изгледа се реши и сведе сепак на дормео. За брачните кревети со двојни душеци кои би биле различна тврдина не успеав да најдам на страната на симпо. Или барем не еден вид, во иста висина кој е на располагање во потврда и помека варијанта. НА страната на дормео го најдов овој за сега: Душек iMemory Silver е наведено дека ги има овие карактеристики, односно пција за потврдо и помеко. Некој искуство со овој модел или препорака за слични, еден потвд и еден помек за на брачен кревет со димензии 100x200?
Јас го купив на саемот баш тој тип на душек ама сеуште го немам пробано, чекам спалната да ми биде, доцни мајсторот. Мислам дека тој е најдобра понуда од Дормео.
Јас прашував за душек тука, во прво време бев заинтересирана за Дормео, ама се консултирав со мајсторот за спалната и ме одврати од идејата. Затоа што Дормеата биле најниска класа на душеци со мемори пена. Ако подразмислам, можеби и има право заради дебелината на душекот. За здраво спиење потребно е јадро со изолирани федери и дебелина од минимум некои 20цм. Потоа се заинтересирав за душеци од Симпо, и посебно ми се допадна Наутилус Алое Вера. Во моментот не го порачав, и после дознав дека после саемот лансирале нова серија на душеци. Го порачав Виола - дебелина на душек 25цм, изолирано јадро од федери, кокосови влакна за цврстина, мемори пена (зимска и летна страна) и пресвлака од лаванда, плус филтери за воздух... За димензија 160х190 кошта околу 24000 денари, сега имаат попуст го порачав за 20 000... Далеку поприфатлива цена од Дормеото. Ќе пишам како е откако ќе се наместиме, па ќе провериме каков е за спиење. Дали се осеќа зрното грашок или не
Душекот од Дормео мемори силвер вреди за секоја паричка, веке скоро 10 дена спијам на него и сум буквално препородена. Симпо неможе ни да се спореди, сум имала и таков душек, незнам точно како се викаше моделот но знам дека беше најскап во тогашната понуда како најдобар, и беше жива катастрофа. Висината на душекот не игра улога во удобноста на истиот, мајсторот не би го земала како репер пред таква инвестиција, интернетот е благодет, искористи го, информирај се и паметно вложи си ги парите, добар душек е пола здравје.
@macalavica од искуство знам дека од хипоалергенски Дормео нема ни Х. Што се однесува до душекот од Симпо, кажав, ќе го пробам и ќе ви кажам каков е. На крај краева, ако не ми се допаѓа, ќе го сменам по некое време.
Dormeo se ziva prevara. Ceni im se do plafon a kvalitet nikakov. Poradi toa pravat agresivni reklami i dosagaat po telefoni!!1 Se izgorev mn pati od niv i nikogas poveke!!!
Дормео мемори силвер, веќе 2 години го користиме и презадоволни сме со мм. Како нов е, на латофлекс даски обавезно. Сега се мислам за перници од оние анатомските, од кои сте најзадоволни?
Истикбал, турски. Не можам да го најдам моделот на сајтот, веројатно не се произведува повеќе, но точно вака изгледа, со додатен мек дел одозгора. На почеток не бев воодушевена, зашто не сакав да бидам. Си сакав Бернарда и многу се каев откако го купивме овој. Ама се навикнав, сега не би го менувала за ништо. Ни мек, ни тврд - точно како што ми требаше. Дормео не ги можам, многу ми се тврди. На моите им пропадна пет години откако го купија, па им го сменија за нов. За служба за корисници, секоја чест. Не верував дека ќе им го сменат. Ама новиот е уште потврд. Го пробав, ко на дрвена клупа да спиеш. Симпо (тој со федери во џеп) ми беше премек за мој вкус. Истикбал ги препорачувам, побарајте ги во салони за мебел и пробајте. Има различни модели со различни цени, од 15 до над 30 илјади. За жал не можам да споредам со Бернарда.
Мојот душек е со малку "чудни" димензии - 200 на 100. Успеав само во Симпо да го најдам на лагер и се сеќавам дека кошташе повеќе од тие со стандард димензии 190 на 90 или 200 на 90, но сум поприлично задоволна до сега. Е сега, затоа што ова одамна беше, ми треба информација за добар душек со подомаќинска цена, но во стандард димензии (мислам 200 на 90 дека е душекот).. Има некој во тек..???