Купив од кристина дамил,на алмак најтврдиот сто го имаат и е одличен,секоја пофалба ја заслужуваат нивните душеци
кој душек е најдобар од федербау и која му е цената, гледам има некоја нова перница фибер, дали е добра
Девојки, што препорачувате? Кревет + душек или француски лежај? Ме интересираат мислења. Каков кревет да гледам ако гледам кревет? Доле е подобро да има даскички или што има друго? Плоча?
Ако земаш француски, обавезно земи со посебен душек, не онакви што се со свој душек. Тоа не е ни душек, глупости ставаат внатре за да полнат. Ако ти треба француски поради просторот долу, најдобро ти е со даскички, па над нив душек по избор. Ваков, на пример. Не знам дали баш на овој душекот е посебно, ама веројатно ми ја сфаќаш идејата. Овие класични француски лежаи ми се ужасни, барем такви беа сите што ги гледав кога баравме. Даскички се подобри од рамна основа, даваат флексибилност и удобност.
Јас сум тотално збунета во врска со креветиве, зашто има премногу избор и комбинации. Конкретно во Кристина Дамил имаше да бираш и каков душек сакаш на францускиот лежај. Имаше и такви одделни со душек посебен, а француски. Не е ради просторот, горе долу исто зафаќа. А има и кревети со фиоки за складирање. Хаос ми е. Не можам да одлучам. Чекам саемов за мебел да добијам инспирација. Мене предност ми е посебен душек со тоа што кога ќе дојде ред за менување ќе смениме само душек, а не цел кревет.
За францускиот мислев на просторот што го користиш под креветот. Повеќе ти се фаќа од фиока за складирање. Штом си нашла таков со одделен душек, а француски, мислам дека е најдобра опција.
Јас не сум за француски.. А би избрала душек на душек опција место латофлекс. За душек од срце ги препорачувам Бернарда, видете ги на саем и легнете, пробајте ги... Се наспав откако имам Бернарда
Кревет плус душек, со летвички (латофлекс). Креветот може да биде повисок и да имате фиоки одоздола. Кај мене сите кревети (и брачниот и единечните) се такви, екстра простор добиваш.
Како сте задоволни од Алмак - Струмица душеците? Прочитав погоре дека и во Кристина дамил продаваат нивни душеци. Најдов кревет-спална во Алмак што ми се допадна, па се мислам од таму и душекот да биде. Даваат гаранција дека ќе се уклопи, дека нема да шета или да биде поголем. И гаранција конкретно на душекот што го сакав - 5 години. Имаа и душеци со гаранција 10 години. Нивно производство. Средна тврдина е, не можам да кажам дека е мек, ама не е ни најтврд. Што е предноста и мааната на мек наспроти тврд душек?
Како ги чистите вашите душеци? Кај мене се појавиа дамки, најверојатно од пот, па не знам како да ги исчистам.Перниците ќе ги ставам во машина да се перат на топло време брзо ќе се исушат, ама за душекот не знам како да го исчистам.
Да викнеш некој со Кирби или Рејнбоу? И земи си подебела заштитна прекривка за душекот, па во иднина нема да имаш таков проблем.
Сите спиеме на дормео, сопругот и јас имаме од тие со греење,а малата алое. Убави се,но не сум нешто нај нај задоволна,за тие пари има многу поквалитетни душеци.
Јас го имам душекот на Симпо Виола многу е добар презадоволна сум,едната страна е летна,другата зимска кога ја менувам постелата цела соба мириса на лаванда и висок е душекот.Убаво е вклопен во креветот кнап е.Креветот го земав од Вардар мебел дрвен со летви е и супер е задоволна сум.