На мајка ми еднаш така и се има направено душекот и во млака вода раствори детергент и со мокро исцедено крпче го исчисти и отвори прозор да се суши
Го имам купено најтврдиот мислам околку 22 000 беше ,од септември го користиме и за сега е ок,5 год гаранција ми дадоа ,прво мислевме дормео ама креветот ни е без летвички не можел да диши душекот и постои опасност од мувла ,и така се решивме за алмак од кристина дамил го земав
Здраво на сите, Сакам да прашам што препорачувате за луѓе што ги боли грб дека спијат на кауч? Помек или потврд душек? Да бидам поспецифична, кој душек од Дормео е добар за болки во горниот дел од грбот и рамениците (дека седам на столче во канцеларија по 8 саати)? Фала ви многу Поздрав
http://www.dormeo.com.mk/konfigurator-na-duseci Пробај одговори ги прашањава, па види што ќе ти излезе на крај, па прочитај си за тој душек. Инаку јас од саемот земав алое вера и сум доста задоволна. А за проблеми со грбот многу повеќе помага потврд душек него мек.
Ти благодарам Lady*Bug Читајќи ве на претходните страници заклучокот е дека за Дормео душек треба да имаш латофлекс за душекот да дише. Е сега, дали би било океј доколку веќе имам простор под креветот, да ставам облека, јоргани, ќебиња...дали сето ова влијае на „дишењето“ на душекот? Глупо е прашањево знам... а да, ќе заборавев...да не знаете како се движат цените на душеци од Пер Дормире? Ете за душек со големина 160 х 200 колку е минималната цена..за најевтиниот душек што го имаат? Ви благодарам однапред ...поздрав
Окееј ..бев во Пер Дормире... најмногу око ми фати Бел Рипосо (околу 41 000 ден.) и Мемори (околу 25 000 ден.) ...дали некој има искуство со овие два вида на душеци од Пердормире? Фала ви
Иако темава е за душеци, си земав за право да прашам - дали некој има искуство со наддушеците од Дормео? Дали да дадам толку многу пари или да си ги зачувам подобро ?
Јас го имам наддушекот Дормео. Имам проблем со половината и затоа го купивме највеќе бидејќи спиеме на петосед. Искрено, додека бев сега на одмор таму спиевме на кревети со тврди душеци и ми беше многу подобро. Сега веќе 3 дена сум дома, болките ми станаа поинтензивни, се будам со вкочанета половина како мислиш на тераса сум спиела. Наддушекот е многу мек, што не е случај со душекот Дормео. Не знам дали е од него, ама не сум кој знае колку задоволна. Да е поставен на друг душек може ќе има разлика. Ти викам нашиот е врз петосед.
Имав прилика пред некоја недела да преспијам 3-4 ноќи на наддушек Дормео. Она што забележав беше дека премногу се потев, и покрај тоа што во собата не беше така жешко - напротив. Насабајле, коа станував, наддушекот беше речиси мокар. Со тоа се оправдаа коментарите кои викаат дека наддушеците прават да биде многу жешко во текот на спиењето. А некоја особена разлика да приметив - не...
А на колкав период ги менувате душеците? Ме боли кичма последниве месеци се прашувам да не е од душекот, 8год е стар од Симпо. Одличен се покажа до сега
Od Simpo se najubavi.Za skoro 20 god.dosega smenivme 4...denovive go kupiv pettiot od Simak -Admiral Ne veruvam deka od dusekot moze da te boli kicma
Пред 4 и пол месеци купивме душек Наутилус од Симпо. Иако редовно го превртувавме денеска видов дека мувлосал од долната страна, лежајот не ми е латофлекс, како даска е но имаме направено многу дупки за да влегува воздух. Дали некој имал слично искуство, дали му го замениле душекот? Утре планирам да се јавам во Симпо Струмица од каде што ми е и купен, ја чуваме и сметката, се надевам нема да прават проблем и ке го заменат.
Наддушек дормео на петтосед пуштен тврд за спиење дали би завршил работа или само цената му е толку висока?
Феминки може ли да ми препорачате душек од кои сте задоволни, гледав цени некаде до околу 20 000 ден.
Јас имам на Алегро, од мебел ви го купив заедно со спалната. Презадоволна сум. И воопшто не се скапи.
Јас од кај што го зимам лежајот ми нудат душек Moj San. Дали некоја од вас го има за да ми каже мислење.
Јас имам од мој сан и е одличен, преудобен е и квалитетен. Конкретно ние го имаме овој http://www.mojsan.mk/shop/product/605/dushek-prestige
Ние летово купивме душек од Симпо - Grand, презадоволна сум. Мислам дека го купивме околу 14.000мкд. Што и да решиш, мој совет само НЕ купувај душек од мемори пена, пружина во џепесто јадро со табли од природно кокосово влакно тоа ми е врв за душек.
Бев денеска во Симпо, ги видов душеците и стврно имаат убави понуди. Дали на латофлекс може да ставиме душек со џепно јадро, затоа што и јас го бендисав Гранд од Симпо, а една пријателка ми спомна демек на латофлекс основа џепното јадро не одговарало многу, а не ми се зема мемори пена.