@ssweety Може да ми кажиш кој душек по точно го користите, јас сакам да земам од Симпо со џебно јадро, но се мислам, во голема дилема сум за кој да се одлучам од тиа што гиимаат на понуда, во цените немаат некоја разлика
Ние имаме баш латофлекс и супер ни е. И кај моите е исто, а со години си го користат. Јас несакам меки душеци. А мм имаше болки во рамо, кичма; и беше кај Др.Сарчевски и тој му препорача да земе обавезно нов душек со џепно јадро и кокос табли, иако душекот од мемори пена ни беше нов. Не сум слушнала за таа поврзаност латофлекс - џепно јадро, на нас ни е супер.
Zainteresirana sum za dusek od Almero ako nekoj koristi ve molam da spodelite iskustvo https://www.facebook.com/mattressalmero/
Лани се подновивме сите дома со мој сан душеци. Фативме саемски попуст, и јас го земав Далиа плус. Јас сум презадоволна од мојот зашто ниту е мек нит е тврд, некоја идеална мекост има за спиење. Имаат бесплатна достава и ги носат до кревет. Буквално ми го извади стариот и ми го намести новиот. Премногу сум задоволна од целокупната услуга од продавицава и душевите им се одлични. Поевтини се од Дормео а јас лично сум многу позадоволна во однос на квалитет.
Ние земавме од Симпо пред еден месец, го имав порачано Виола , го чекавме 60 дена и кога веке реагиравме звоневме секаде до каде е душекот, ни кажаа дека новата серија сеуште не била пуштена во производство и дека ке треба да се чека уште два месеци...крајно не професионално, а веке платен, па земавме од тоа што имаа на лагер, Баланс душек, душекот е добар но е по мек од тоа што сакавме, сега ми е криво што не си ги земав парите назад, но бевме во брзање и тоа е што е...
Јас имам душек од Дормео (алое вера). Прво цел месец се будев како на камен да сум спиела и ме болеше цело тело, сега се навикнав некако ама не ми е ништо посебно
Користи ли некој над-душек/перница Eucalyptus? Вреди ли да се земе овој над-душек или некој друг од понудата на Dormeo или сепак ефектот е безначителен?
Можеби веќе си купила душек, но сепак да пишам- Душеците од Алмеро се многу квалитетни, чиста 10- ка. Само пофалби имам , користам нивен душек 4 години, презадоволни сме. Имаат изложбен салон, не знам дали си ги посетила.
Ако си за купување, најубаво е да појдеш во нивниот салон. Тоа се наоѓа блиску до патарината Гостивар. Имаш голем избор, можеш да си разгледаш и видиш што ти одговара. За квалитетот имаат до 10-12 години најмалку гаранција. Душеци можеш да најдеш низ цела Македонија, а работат многу и за странство. Ако сакаш повеќе инфо, пиши ми лп.
Јас имам од пред неколку години земено слична перница како Еукалиптус-от, само жолта боја, нормално од перење малку се излити заедно со навлаката ама формата горе доле остана идентична. Разликата во однос на некоја обична перница според мене е позитивна, сменив неколку перници ама пак се вратив на Дормео-то. Но сепак дилемата ми е за над-душекот, тој е околу 200 евра според димензиите кои ми одговараат, па да се дадат само за проба не бива.
Бошке, само Федер Бау. Имаат веб страна да си избереш каков сакаш душек, со што сакаш, каков сакаш, колкав сакаш. Нарачуваш по телефон. До дома ќе ти го донесат, за недела до десет дена, а цени солидни. Доставата е вклучена. Најубави душеци што ги имаме по дома се токму нивните, за децава.
Со нивните душеци имаш лошо искуство? Штета. Оти навистина се солидни. Барем нашиве се погодија, а и на сите на кои им ги препорачав.