На каков латофлекс ви е поставен? Мене ми викаат морало да биде латофлексот на 3цм растојание а мојот е на 7цм а сега го купив креветот нов. Се работи за душек со џепно јадро
Што се случи со душекот со џепно јадро + латофлекс? И јас го имам истот проблем, купив кревет со латофлекс, намерно, демек подобар и скап е латофлексот и сега некои викаат дека не се пропорачувало, мојот латофлекс е на 7цм раздалечност, од Прима мебел
Јас купив сега душек од Алмеро, Натура софт и воопшто не сум задоволна, многу е чуден душекот, малку некој филц и веднаш тврдо, а многу ги фалеа и зато ги одбрав, додуша мојот е во поевтините, но сепак делува како многу евтин, кога ке ги споредам со Премиер од Симпо, ги стегам двата со рацете наизменично има огромна разлика, незнам што се случи, дали е нешто сменето во Фирмата, па пуштиле некоја лоша серија, но дуешкот не е воопшто удобен. Кој душек го користите вие?
Душек со пружини - какви мислите? на џепно јадро или било какви пружини? Јас имам латофлекс со флексибилни даски и тоа на 7цм растојание, на метална рамка, и сега каков душек би требало да одберам? Јас веќе купиб од Алмеро, Натура софт со херкул прижини ама ич не ми е згодно спиењето, незадоволна, дали е до душекот дали до латофлексот се прашувам
Вики, јас имам димензија 120 на 200, латофлекс подлога со флексибилни летвички (на 7цм) тежина 67 висина 160, каков душек би бил идеален?
Што се случи со душекот на крај? Мојот латофлекс не на 4 туку на 7цм распојание е,а сакам нов душек со џепно јадро
Немам поим колкаво е растојанието, ама мислам дека е помало од 7цм. Не забележувам дека има влијание на душекот нешто посебно, еве 14та година тера. Иначе сите кревети кај нас се по мерка правени, латофлексот самиот мајстор го набави, веројатно тој знае подобро каков треба, кога купувавме душеци, никој не ни спомна колкаво треба да биде растојанието на латофлексот. Засега душеците се добри. Ама ние ги вртиме на секои 6 месеци, тоа мора задолжително.
Go koristive takov vdlabnat, ne dosol na red da se smeni. Ovoj ne se ni vrti, ima duseci koi ne treba na 6 meseci da se vrtat
Епа демек затоа пропаѓал , дека летвичките требало да бидам максимум 3цм, за тие со џепно јадро, иначе меги летвичките паѓале јадрата, дека тие се секое посебно, не се врзани. И сега незнам дали да купам со џепно јадро а богами нема ни кој да прашам, ниту мене не ме прашаа каква подлога имам кога купував душек. Ете го мојот кревет и латофлекс
Алмеронсакаммда земам и лежај и душек Да е висок Од кој сте задоволни? Читам позитивни коментари за Алмеро Исто и Бонели имате ли искуство?
Земавме Дормео Алое вера с мемори пена. Засега спиењето е одлично, прашањето ми е дали треба да се превртува душекот и на колку време со оглед на тоа дека мемори пена има само 2 цм на горната страна , не е целиот мемори
Го имам веќе 8год, од таму е земен, со повеќе слоја на мемори пена е. Знам дека они ги изработуваат, може и по твои димензии да ти направат. Имам за децата од комодита исто до мемори пена и тие се покажаа добри.
Кај да барам наддушек мек? Земавме душек на Федер Бау, бестселерот као Ама и јас и мм се будиме ко ноќе да не мавале со не знам што, прекршени се будиме, ова не е спиење веќе Претврд е, а го плативме лани 20 000 некаде, не ми се дава пак таа пара за некој друг, една година има минато само