Алмак имаат на Перо Наков, после Годи, во близина на Електрометал. Инаку, се согласувам за душеците. Перверзија им се.
Благодарам, ги најдов и јас на интернет па бев и до салонот. Се мислам помеѓу два модели, hard yellow и Ројал Дрим.
Ние го имаме Ројал Дрим, веќе една недела спиеме на него. Знам е премногу рано да се каже било што, ама Ројал Дрим е баш онаков каков што сакав јас. Малку е потврд, не пропаѓам, и најбитно одморена и наспана станувам. Препорака за Ројал Дрим. Ние зедовме димензии 160/200, плаќаш на врата кога ќе ти го донесат (немаа опција картичка, мораш кеш) 21.592. Чекавме две недели максимум од нарачката во салон.
Некој искуство со душекот Fresh air од Алмак? https://almak.mk/product/fresh-air/ Се мислам помеѓу два лежаи: https://almak.mk/product/bokspring-firencza/ Овој го има душекот Fresh air и помеѓу: https://almak.mk/product/bokspring-doss/ овој го има душекот Blue Ocean
Не ги сликав, ама ги имаат на нивната страна. Се одлучив за yellow верзијата за тоа што е по тврд и по висок, со надеж дека ќе биде по издржлив.
Јас се одлучив за yellow верзијата дека по тврд и по висок со надеж дека ќе биде по издржлив, за тоа што сопругот и висок и крупен . Минатата недела го порачавме па сега ќе чекаме 2 недели. Кога ќе го пробам ќе ви кажам впечатоци
Дали имате искуство со душек од Магнифлекс? Сакаме да купиме и доста се скапички за големината што ја сакаме па затоа прашувам, да не си ги лупнеме парите. Ако има некој што користи и купил скоро или општо пред некое време ве молам пишете ми.
Душек 90×200 ми треба. За дете. Ве милам за препорака?... тврд, мек, ...мемори пена или жичано јадро? И во однос на висина на душек, 14, 16 см...што е подобро Од јуск или алмак имате искуство?
Искуство со душеци од Комодита? До сега имав единачен сега сакам да земам за спална. Овој едниначниот океј ми беше но го немаат како модел за спална повеќе...
Тврд, за дете во раст и развој е пожелно тврд душек, тврда подлога да има. Јас земав на федрбау, 20цм висина, многу ги фалат, така да погледни си.
Уффф ужас читав негативни коментари но одбивав да верувам дека е така бидејќи овој единачниот баш ми се погоди, но купен е мноооогу одамна. Веројатно им паднал квалитетот.
Подобро е мемори пена, жичаното јадро има помал век на траење и помала гаранција. Цени не знам искрено, зависно која димензија и од каде, пребарај си на нет сепак. Висината нема врска.