Искуства со Бернарда душеци? И дали имаат продавница кај нас да може да се видат, исто и цени не можам да им најдам..
Фала ви девојки @ALISA0000 и @Девојка999 за препораката за алмак, стварно убави душеци. Денес го купивме па ќе го чекаме сега две недели, за ројал дрим се одлучивме.
Сакам да земам нов душек за брачен кревет 160x200 кој би го препорачале и чиво производство се овие Алмак што ги препорачувате поназад. Се мислам за Дормео како сигурна опција *инаку моментално имаме и лежај и душек од Југоекспорт,од лежајот сме задоволни,а душекот ни пропадна за 3-4 години. Не памтам кој модел е ,а не го земавме баш евтино
И јас бев за Дормео и бев во салон да ги пробам и некако беа мн меки и се откажав. А имаме единечен дормео дома така го купивме станот и е супер удобен, само мислам дека не е ни многу користен.
Чекам review кога ќе ти стигне душекот, испробајте го па кажете како сте задоволни. Ќе треба и јас да купувам спална и душек. Не сакам да е мек никако, со вратот и грбот имам проблем така да средно тврд или тврд мислам дека повеќе би ми годел. Дилемата ми е помеѓу Алмеро и Алмак. Колегиве на работа се презадоволни од душеците на Алмеро, имаат и за нив и за децата и викаат немаат мрднато. Ама па тука гледам некои пишуваат дека од Алмеро не се задоволни, на два ума сум...
Обавезно ќе ти пишам чим стаса, дримерот беше не толку тврд ниту мек, баш какошто сакавме ние. Blue ocean беше малце така потврд, мислам ќе ти одговара, сооднос цена - квалитет многу фер. Алмеро се доста скапи а читав многу лоши рецензии за нив, дека воопшто не се квалитетни и пропаѓале за неполна год, исто и некоја членка тука имаше пишано дека пропаѓаат.
Знам читав и јас, а поназад мислења па позитивни се повеќето... И на работа ти викам баш денес ги прашував ми ги испофалија Алмеро, ваљда зависи како ќе ти се погоди а можеби има врска и врз каква подлога е ставен самиот душек, не знам...
@rainbowec денес ни стаса душекот, од тоа што кратко го испробавме, супер е искрено, го препорачувам, и таму кога го пробавме беше супер. Единствена маана е што не го качуваат до горе, и ние ептен се изнамачивме да го качиме бидејќи беше гломазен и тежок.
Каде има квалитетни спални/кревети? Од кои салони за мебел сте задоволни од квалитет, услуга и сл.? Треба да купуваме спална меѓу другото, па освен за душек барам препорака и за спална.
За кревет препорака од мене за Шипад. Многу им се цврсти креветите, изработени од дрвена конструкција. Плус, одоздола има многу простор за складирање, цела постелнина и дополнително облека собира да ставиш. Распрашај се само за време на испорака. За креветот што го нарачавме плативме пола сума капар на 30 јуни, ама пошто се чека за изработка, а и одмори фатија готов беше за монтажа на 25 август. Дечките дојдоа, го монтираа за помалку од пола саат. Аполо модел, 160х200, цена околу 30 000 денари. Ако не ти е проблем чекањето и финансии мислам дека вреди. Можеш да избереш боја од понудените и дали сакаш водоотпорен материјал или обичен. Еве го креветот: