Јас имам од Симпо не сум задоволна воопшто скапо го плативме а брзо пропадна а воопшто не сме луге со тежина. А за препорака моите земаа од Алмак и се доста задоволни.
Нас па доста тврдичок ни е, не е баш мек, ама сега може различно гледаме на тоа. Епа супер, нема да погрешите и со тој.
Ројал дрим е еден од потврдите душеци на Алмак, и јас имам позитивно искуство веќе неколку месеци, супер е. Да видиме колку ќе издржи.
Препорачајте ми наддушек? Битно да е многу удобен? Имам на дормео единечен не е лош, ама сега сакам дупол? На домео има повеќе врсти или само еден е? Или од други места има подобри?
Не знам што да ти кажам. На Комодита се многу лоши. На Дормео се ок, ама и јас имав единечен кој за 3 години пропадна. Ако ти е опција смени цел душек со дормео. Наддушециве не се толку добри. Ако земеш гледај Сиена, немој алое вера од Дормео.
Види ги во Sleep well, имаат убави дишеци и не се скапи. Ниту Дормео, ниту Комодита, не ти ги препорачувам, прелоша изработка, никакво спиење, со еден збор катастрофа се.