Значи уште кога го купувш душекот ти кажуваат на каква подлога треба да стои, па така Дормео мора да лежи на летвички инаку ќе ти мувлоса, што е многу логично. Ако одоздола креветот ти е затворен не може да дише душекот, и затоа ќе ти скапе. Додека јас се рапрашував за Дормео ми го потенцираа тоа, дека креветот мора да е на летвички, а ако не е, да се исечат влдабнатини за да допира воздух до душекот. Исто така и од Дормео има да се купат такви летвички ама се многу поскапи отколку на друго место.
Да долната страна на душекот мувлоса......а и на луѓето на кои им го дале тој одговор не им било јасно како да свртат друга страна и да спијат на мувлосано И после по скоро едн месец континуирани поплаки конечно му го сменија душекот ,а јас мојот случано го сетив на време и успеав поголемиот дел убаво да го исчистам само ме болеше тоа што ги дадов парите и по шест месеци да ми мувлоса,а стариот душек и ако беше очаен такво нешто никогаш не доживеал
На летвички мувлоса а спалната е затворена да ама ако не мувлосуваат они на Симпо душеци кои исто така се добри за спиење не би требало Дормеото воопшто да има таков проблем
Дормео катастофа. Купивме таков пред три години, ни мувлоса и ни дадоа нов. И тој мувлоса и пак нов. Третиот пат ни рекоа да избереме дали пак сакаме нов или да ни ги вратат парите. Си ги земавме парите и си купивме италијански душек магнифлекс. Сличен е на доремото. Еве две гдини го имаме и се уште не мувлосал
Аман бе Божем најфалени, најдобри..... Дефинитивно почнав да се предомислувам за овие Дормео душециве, во последно време слушам само негативни работи за нив. А 30.000 да дадеш воопшто не е малку, па и да ти мувлоса.....
Едно време многу патував службено надвор од државава и поголемиот дел од годината спиев по хотели. Во просек ми доаѓаше на секои две недели да менувам хотел или соба. Ако душекот, креветот или постелината не е удобна тогаш многу се одразува на работоспособноста. Ионака си имам проблеми со несоница па уште ако нешто не штима ... Е така си се навлеков на добри душеци па лани си купив Дормео (силвер мислам дека е моделот) и многу сум задоволен И болките во грбот ми исчезнаа и приметив дека секое утро добивам потреба да си се тегнам како кога бев тинејџер. Не дека нешто ќе пораснам топрва но чувството е мнооогу добро.
А што мислите за душеците Нена, ние се мислиме помеѓу нив и дормео се изненадив што се и поскапи од дормеото