Јас го имам овој, презадоволна сум. https://jugoexport.mk/p/34060/v/10551/eco-memory-fix-mattress Година ипол го имаме и засега е топ.
Од душеци само Дормео. Цел живот спијавме на вакви или онакви душеци ( Фала му на Господ и за тие!) Но дојде време да ги смениме душеците. Јас за мене си купив Дормео фреш прима( задоволен сум) а за родителите купив Дормео Air Comfort и можам да кажам дека двата душеци се супер,ама овај Еир Комфорт е најдобар!
Дали помага, како си со спиењето? Душек за брат да земам а перници ќе треба за цела фамилија сите се со вратна спондилоза Користи наддушек од Дормео ама не е задоволен
Прво мора да има добра позиција за спиење пример на страна со перница меѓу колена а душекот се прилагодува спрема телото не е ни мек ни цврст средна цврстина
Jас ужас, на фб ми излезе некои глорија текс од Прилеп демек со мемори пена алое вера и порачав, во петок ми стигна вакуумиран, го оставив 24ч и ноќеска првпат пробав да спијам на него Тоа ужас, тврд ко на под да спиеш, дремнав околу 3ч со будење на секои 20 мин Изработка никаква, од страна што е тој дел пола несошиен и конци на сите страни, а повлечеш конче право се рашива Ме боли рамо за првпат и живот, а богами и грб толку е тврд ни мм не пропаѓа, на под да спиев поубаво ќе беше , а местото под тебе кај спиеш топло, чиниш ке се запали Не дека спиев туку ај Џабе фрлени пари, нит фискална пратија, да не се излаже некој ко јас, да порача од тие.
Ми треба еден совет. Имаме еден кауч кој се расклопува во кревет. Многу е квалитетен, и има одличен душек. Но, сепак времето и употребата си го прави своето, и има делови од каучот кои се попуштени, т.е. не е рамен повеќе. Гледав наддушеци во Јуск со мемори пена за околу 100€. Некои ми викаат да одам со нов кревет и нов душек подобро оти вака наддушекот само ќе се адаптира на нерамнините. Така, некоја најевтина комбинација е 200€, па нагоре. Каучот ќе се користи за спиење само сезонски, во зимските месеци. Значи се работи за 3 месеци оваа зима, од следната најверојатно нема да се користи. Па, што е попаметно да се направи?
Според мене многу поисплатлива опција ти е нов кауч па ќе си го имаш и за понатака. Сум спиела на наддушек и освен болки у грб и врат ништо друго немам добиено Спиев на каучот на баба ми и дедо ми од дедо Ноета што би се рекло, со федери и нерамнини и мислам наддушеков само ми ја влоши ситуацијата.
Душекот го купив заедно со креветот од Кристина Дамил пред 1 год. Royal London нешто се викаше, и мислам дека е со јадра, потпрен е врз креветот, не пикнат внатре. Имам и искривување на последните 5 прешлени од 'рбетот. Сфатив дека душекот ми е тврд, иако кога го купував не изгледаше така, имаше и потврди душеци во продавницата, мислев дека овој е средно тврд. Кога и да спијам слободно, се будам укочена, па купив перничиња за под колена и се поднесува, макар што ако се вртиш, треба да ги подесуваш. Нејсе, сфатив дека исто многу ме загрева душекот. Се случува да се разбудам навечер за во вц и да не можам да презаспијам од што ми е топло каде што лежам. Читам на интернет, вели дека препораката е да користиш постелнини од природен материјал како памук, волна, лен итн, пошто имаат подобра терморегулација. Верувам дека е така, пошто освен во лето, немам проблем со загревање на памучните флекери од Стружанка кога лежам/спијам на гарнитура, иако се дебели. Чаршафите ми се памучни, јорганот ми е од порано од Дормео за 4 сезони, навлаката исто памучна. Читам на Редит, препорачуваат волнени топери (веројатно тоа е слично на наддушек?) врз душекот, како и волнени прекривки, евентуално памук. Викаат топерите што се рекламираат дека се со ладење, не се толку ефикасни, туку само на почеток се залажуваш дека ладат, па потоа и тие се загреваат. А велат и дека мемори пената секогаш загрева, т.е. ја апсорбира топлината на телото и после ја испушта. Го гледам овој наддушеков од Дормео, вели од едната страна е за ладење, од другата е за помеко спиење. И сега не знам дали стварно цела ноќ помага за ладење, или само на почеток. Не знам и дали ако спијам на ладната страна, пак ќе ми е и помеко за спиење, што секако е плус. Од друга страна, ги гледам и овие од Галена, што звучат баш како тие волнените топери што ги препорачуваат на Редит, макар што веројатно воопшто не помага за мекост. Да не треба тогаш па и обичен наддушек да земам и да го ставам под ова и така да добијам и подобра терморегулација, и мекост. Или па да барам скроз нов душек, иако е скоро па нов овој што го имам... Дали имате некакво искуство, препорака за што било од ова..?