1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

На каков душек спиете?

Дискусија во 'Дом' започната од Sun.shine, 16 мај 2011.

  1. stetoskop

    stetoskop Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    5.498
    Допаѓања:
    173.435
    Од Симпо-Наутилус или Адмирал беше,не ме фаќајте за збор,од највисоките,полнет со кокос ..така нешто...супер е...
     
  2. snegulkata

    snegulkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    2.850
    Допаѓања:
    28.475
    Дормео Карбон! Да си кажам искрено ист ми е како сите други душеци!
     
  3. DiPi

    DiPi Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јули 2011
    Пораки:
    249
    Допаѓања:
    29
    исто и јас на Дормео Карбон и не е ништо посебен, очекував подобар да е :^)
     
  4. Torte19

    Torte19 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 ноември 2012
    Пораки:
    248
    Допаѓања:
    86
    ИСТО ! :|
     
  5. Mayyya

    Mayyya Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.253
    Допаѓања:
    6.025
    Пол:
    Женски
    Во фаза сме на опремување на стан и се мислиме за душек. Значи сакаме класичен душек со федери, да не биде мемори пена, најверојатно ќе биде од Симпо, Наутилус или Адмирал. Сакав да прашам дали има некој од овие душеци и како е задоволен?
    Наутилус е со опруга во џеб, секое јадро посебно обвиткано, а Адмирал е жичано јадро со слој од кокос и плус пена со тоа што е за околу 100 евра поефтин од Наутилус.

    Или пак препорака за ваков тип на душек од друг производител?
     
  6. V.e.n.e.r.a

    V.e.n.e.r.a Активен член

    Се зачлени на:
    3 јули 2013
    Пораки:
    89
    Допаѓања:
    18
    На ДОРМЕО и прекрасен е :inlove:
     
  7. elena.mak

    elena.mak Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2012
    Пораки:
    1.670
    Допаѓања:
    11.528
    Дормео Алое вера, и презадоволна сум. Не е како Карбон, тој го имавме на тест период и со трчање го вративме по една недела. Воопшто не ми се допадна! Овој е многу цврст, тоа мора да ве предупредам со време ако некој го купи, значи дека ако не сакате да спиете на тврдо, не помислувајте. Маж ми може да скока на неговата страна, јас не осеќам ништо. Стварно ми е супер!
     
  8. vickyy90

    vickyy90 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2011
    Пораки:
    1.487
    Допаѓања:
    1.073
    Симпо Врање...одамна е купен пред едно 10-15 години,ама преубаво се спие :)
     
  9. duffi

    duffi Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    12.722
    Допаѓања:
    145.087
    Симпо од пред повеќе од 10 години, ама ист е како првиот ден , не е ни пропаднат ни ништо, ептен сум задоволна.
     
  10. Dog-lover

    Dog-lover Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2013
    Пораки:
    1.510
    Допаѓања:
    3.743
    Пол:
    Женски
    Дормео,добар е :)
     
  11. Petunia-Queen

    Petunia-Queen Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 мај 2013
    Пораки:
    212
    Допаѓања:
    315
  12. Summer.Love

    Summer.Love Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 март 2013
    Пораки:
    90
    Допаѓања:
    40
    Па зависи каков сон сонувам. Понекогаш се замислувам како спијам на облаци. Обично кога спијам со малата сестричка се осеќам как на воден душек да спијам :D . Ама најубаво се сонува на Дормео морам да признаам. :)
     
  13. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    7.837
    Пол:
    Женски
    Појма немам како се вика, ама удобен ми е, не е многу мек, не е ни многу тврд, да си легниш, да ти е мерак да заспиеш :yawn: :yawn: :yawn:
     
  14. fashionbaby

    fashionbaby Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 август 2012
    Пораки:
    188
    Допаѓања:
    244
    на дормео :))
     
  15. midnight.flower

    midnight.flower Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    541
    Допаѓања:
    1.051
    Еве и ние сме по потрага по душек за новата спална. Дормео го прецртав одамна.

    Моите дома имаа купено Дормео душек (имам ми се чини некаде раскажано за тоа), пред повеќе од 2 години. Знаеја дека е подобро на латофлекс летвички, па си купија и такви уште од самиот старт. Спалната (креветот) е отворен, значи нема фиоки, нема ништо. По препорака на оние од дормео и на пријатели еднаш неделно го луфтираа и го превртуваа душекот. Но, при едно превртување, два-три месеци од кога го купија, душекот беше започнал да мувлосува. Се јавивме, ни понудија нов, одбивме, си ги побаравме назад парите. Само транспортот падна на наш трошок. Можеби навистина беше удобен, но кое фајде ако мора еднаш неделно да го превртуваш, луфтираш? Голем е, тежок е. Млада жена не би можела тоа, а не пак жена во години.
    Сега имаат, ми се чини некој јоги душек, не го превртуваат толку често, онака сезонски. Го имаат две години и повеќе и не е мувлосан, а наместо латофлекс повторно си ги вратија оние старите плочи со дупчиња. Не се жалат, добар им е душекот, но мајка ми знае да каже дека освен што мувлосува, на Дормеото поубаво се спие. Еве, гледам не им мувлосува на сите, можеби се работи за некоја лоша серија, или некоја од компонентите (суровините) била неквалитетна во тој период, како и да е, не би ризикувала.

    Е сега, јас се мислам меѓу јоги душек (Меблојоги) или од Симпо (Наутилус, Адмирал) или нешто сосема друго, хм?
     
  16. Rabbit

    Rabbit Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 септември 2012
    Пораки:
    2.259
    Допаѓања:
    46.000
    Пол:
    Женски
    Веќе една година како го користиме душекот на Симпо-Наутилус (зборам за спална) и сме презадоволни, навистина малку поскапо го плативме ама супер се спие.
     
  17. Mrs.Bass

    Mrs.Bass Популарен член

    Се зачлени на:
    7 април 2012
    Пораки:
    897
    Допаѓања:
    7.318

    midnight ние го имаме душекот на симпо адмирал и сме презадоволни :inlove: многу е удобен ...го превртуваме одвреме навреме ...
    топло ти го препорачувам
     
    На midnight.flower му/ѝ се допаѓа ова.
  18. irena.1

    irena.1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 ноември 2012
    Пораки:
    4.361
    Допаѓања:
    21.348
    Пол:
    Женски
    Изборот на душек испадна најкомпицирано од се. еден куп опции и цени, те пена, па сунѓер, па џебно јадро, па жичано незнам што, па да дишел, да електрицитет, па кокосови влакна, па алое вера да имал боже ќе полудам. Незнаеш дал те лажат или вистина ти кажуваат а цени од 6000 па до 90 000. Па се подебели и подебели еден што го гледав дебелина 36 сантиметри, па кај ќе му најдам толкав чаршав.
    совет некој :$
     
  19. Mrs.Bass

    Mrs.Bass Популарен член

    Се зачлени на:
    7 април 2012
    Пораки:
    897
    Допаѓања:
    7.318
    адмиралот на симпо е 23 см ...овој од 36 кај го најде иренче? :^) :lol: нашиот е стандардна димензија и јас го постилам со дупли чаршав со ластик ...
     
  20. irena.1

    irena.1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 ноември 2012
    Пораки:
    4.361
    Допаѓања:
    21.348
    Пол:
    Женски
    Има има, алмеро некое тетовско производство, па дишел па незнам што правел, а има и поголеми, во она нетам за хотели некои 100 кг тешки незнам колку дебели. од симпо опција ми е наутилиустот или адмиралот, дур да се решиме и попустот ќе ни заврши. Така е кога има многу избор.