Ние по долго размислување на крај се одлучивме за Наутилус од Симпо. Не сакавме душек со мемори пена, а овој Наутилус е опруга во џеб, усовршена варијанта на душек со федери. Го имаме веќе неколку месеци и многу сме задоволни. Нашиот е со димензии 180x200, 26 cm e висок, и на попуст го земавме 16-17000 ден.
На Feder Bau, ама каков конкретно - не знам. Купивме и за мене и за сестра ми пред некоја година од Саем, имаше некаква акција за купени два душеци. Удобни се, доста се високи (дури моравме и креветот малку да го трансформираме ) и имаат онакви копчиња од страните, за да може душекот на "диши"
Од Симпо многу убав душек искрено не знам точно како се вика мислам дека беше Адмирал со жичано јадро со слој од кокос и плус пена. Не го зедовме многу скапо 9 000 така нешто беше да не ве излажам.
Ирена ние уплативме аванс за Наутилус (без алое вера) на Симпо. (Mrs.Bass денес го видов твојот пост, а вчера веќе уплативме, сепак благодарам за советот). Јадро во џеб, анатомски...бла, бла...та дали ќе се погоди - не знам. Истиот тип душеци во словенската мебло јоги се од 600 евра па нагоре. Имаше еден, Нирвана мислам беше, во малоптодажба беше 120 000 денари (овој е висок 40cm). Маж ми и вика на продавачката: „А излегуваат од душекот две женски да те масираат дури лежиш на душекот?“ Можеби е прекрасен душек, но сепак сметам дека 2 000 евра за душек е премногу, па нема цел ден да лежиш! И што е најважно, продавниците што го нудеа, немаа ниту еден душек од мебло јоги за да го покажат (да го пробаме де ), до душа немаа ни Наутилус, ама имаа други душеци на Симпо. Ние одбравме Наутилус според тоа што читав за него (и според ваши коментари, па ако не се погоди, нека се држат добро оние феминки што го препорачаа Наутилус ).
Бидна и душекот. И ние наутилус обична варијанта. Фала богу нема веќе да бараме душеци и да легнувам по сите продавници Господинов мој сакаше со алое вера, ама немаа на лагер и долго треба да се чека. Мене ми е баш исто со и без алое, а и продавачот таму вика, море деца што се лажете алое имало, и што исто ви е, само поскапо ќе платите Доста е фален овој душек, а и вака ок ми беше кога легнав на него, па ќе видиме, сепак е индивидуално.
Nautilus на Симпо е одличен. Еве веќе 3 години и некој месец спиеме на него, не мрднал. А за мувлосување не станува збор. Поставен е на летвички (латофлекс), не на плоча, го превртуваме на секои 6 месеци. Ист е како денот кога го купивме, и плус му е тоа што е прилично висок, за разлика од стандардните душеци. За чаршафи не е проблем, ќе си земете од тие што се 200*200, целосно го покриваат (зборам за оние со ластик). Задолжително ставам чаршаф со ластик одоздола, а одозгора уште еден на кој што спиеме. За малиот имаме душек на Федер Бау, а кога ќе му земеме стандарден кревет, планираме исто Nautilus да биде, ама здравје Боже, има време до наредното лето.
И јас сум со план да си го сменам душекот на кој спијам и ги прочитав сите постови па почнав да се сомневам во Дормео после она што видов дека мувлосувал... А така бев решена Дормео да си земам... Ама што кога излегува дека не вредат, а не се баш ефтини. А од овие на Симпо душеците колку што прочитав, сите се задоволни без разлика дали Наутилус или Адмирал или некој трет (дури и имињата им ги научив ), па се ми се чини дека ќе се одлучам на еден од нив Овој на кој спијам сега веќе не го бива, си го “одработил“ своето
Девојки, за душеците на Дормео, прочитав негде дека ви мувлосувале... Една пријателка скоро зеде Дормео и го имаа истиот проблем, но заклучија дека тоа е поради недоволна циркулација на воздухот т.е. на некои спални конструкцијата на лежаите им е со лесонитни табли, па поради нив нема воздухот каде да циркулира и затоа душекот се поти... Тие најдоа некое решение, направија отвори на тие табли од лесонит(иверица) па сега го немаат тој проблем веќе.
На Дормео, бидејќи е антиалергиски , а јас сум алергична на дерматофагоиди така да .... спијам ко бебе.
Ве молам ако знаете да ми кажете како идат цените на душеците од Симпо, кои им се најефтини? Ми треба душек со димензија 200 на 160. Дормео избегнувам, ако имате предлози за други душеци каде се продаваат ве молам пишете.
Фала ти многу Ирена, баш ќе идеме до Симпо да ги видиме, многумина ги фалат па ќе видиме. Наутилус ми изгледа ептен добар ама малку ми е скапичко, сепак купуваме многу работи за станот наеднаш, веројатно овие со жичано јадро се поефтини, подобро сега да купам некој колку да истераме отколку да пљуснам толку пари само за душек а многу други попотребни работи да ми останат. ох слатки маки
дечки бев до Симпо, и останав запрепастена. Душеците им се продаваат ко алва. Им беа на 20% попуст и останати им беа само два модела на брачен душек со димензии какви што нам ни треба. Пред нас веќе се продаде еден Премијер, ни рекоа дека уште малку им се останати, не се знае кога ќе им довтаса нова роба на душеци ама во брзо време сигурно не. Го имаат на располагање Премијер, еден постар брачен пар пред нас го купија, се мислиме и ние за него, ни е страв и без тој да не останеме
Симпо има добар однос цена-квалитет и затоа се многу барани. И ние имаме Наутилус и сме многу задоволни.