Бев во продавницата на Симпо во мојов град и се разочарав.Симпо Врање веќе ме произведувале душеци,сега во понуда им се гостиварски со европски цени.
На сајтот на Симпо, и македонскиот и српскиот, сеуште стои понуда на душеци, баш ме чуди оваа информација.
Така ми кажа човекот што работи таму.Инаку беа обични,немаше понуда на оние со кокосови влакна,зимски летни,со алое...можеби во Скопје има.Ете ако некоја феминка купила сега ,нека сподели искуство.
Дали ќе ми го препорачате над душекот на дормео, дали вреди за парите или да си купам само душек некој поквалитетен. Правиме нова спална па во недумица сум што да правам?
Ние го имаме душекот Јоги динамик.....словенски е...презадовлна сум....еве две ипол години не е мрднат ама воопшто...
Јас на Дормео мемосан исто така и моите.Сега купивме и наддушекПерицата ми од Икеа купена антиалергенска,а имам и една со хељда полнета, малечка е ама многу ефикасна помага ако имаш проблеми со алергија како мене и против р'чење, болки во вратот/грбот.
Мислење некое за Renew над душек на Дормео? Наутро станувам со болки во грбот и вратот и морам да сменам, но не сум за купување моментално на нов душек/кревет...
На обичен душек имам дормео renew, наддушек. Задоволна сум. Имам анатомската перница и ќебе од дормео. Баш исти вакви како на сликите. Ќебето е премеко и пренежно, да ти е ќеф да се покриеш
Ние кога го зедовме беше околу 18000 на попуст, ама бидејќи плативме во готово, нè чинеше околу 15500. Презадоволна сум од душекот, топло го препорачувам.
Ти благодарам. Баш бемве во Симпо во Црниче пред некој ден и душекот го има, арно ама не е изложен за да се проба. А продавачката не беше воопшто расположена за да не услужи. Не знам како очекува да продаде нешто со таков однос. Така да, овој душек отпаѓа. Сакав да прашам дали некој има искуство со душеци од Југоекспорт Стил, конкретно за Sleep plus Primo?
Би сакал да прашам за наддушекот renew бидејќи имам проблеми со болки во рбетот и вратот а имам и шилци во врат па би сакал да знам колкку сте задоволни од него и дали чувството е подобро рано кога ќе се разбудете . А и коллку кошта 180 х 200 од 6 цм
http://www.dormeo.com.mk/над-душеци/над-душек-рињу-6см.html Еве ти линк каде може да си ги видиш цените на димензиите. Таков каков што тебе ти треба 180/200 нема, има само 160/200 што е 8790 ден. Јас сум задоволна од надушекот. Го користам веќе добри 5-6 години.
Женски, ми треба искуство за душеците од Мебел Ви. Имаме душек од некоја гостиварска фирма, кој само по 3 години користење страшно пропадна од страната на мм. Значи ми треба душек што ќе издржи 100 кг човек и нема да треба да го менувам за 2-3 години. Дормео некако мн скапи ми се гледаат, иако знам дека вредат за сите пари. И други предлози се добредојдени
Јас спијам на трокрилен кревет кој се собира, дење е обичен кревет а навечер или кога сакаш да спиеш се претвора во спална широк е 200cm а долг 180 не е толку нов и во средоната минимално е попуштен каде што сум лежела најчесто уште кога сум била немажена. Кај бившиот сопруг имав преубава спална ама сепак овде помирно спијам затоа што знам дека сама сум си го купила и никој не може да ме прекорува. Кај овој колегата со кој што се гледам повремено со него на креветот во гарсоњерата кај што се гледаме има купено Дормео наддушек и чувството кога лежиш на него е супер.
Подобро не купувај на Мебел Ви, затоа што по она што јас го видов кај нив, не им се баш квалитетни. Подобро инвестирај во квалитетен душек, кој покрај мемори пена ќе има и џебно јадро, затоа што кај ваквите душеци циркулира воздухот и нема да мувлоса. Дормео не ти ги препорачувам, затоа што за тие пари можеш да си купиш душек на Пер Дормире. Види во Југоекспорт стил, имаат убави душеци.