Michelle Rodriguez, според дечко ми Spoiler Јас пак викам дека сум поубава од нејзе А онака, цела сум на фамилијата на тато Кој го знае веднаш познава чија ќерка сум
На Јасмин од филмон љубов и казна ( кој гледал знае за која лигла зборам ). Ама јас мислам дека ич ама ич не личам на неа! А откако се изфарбав црна ми имаат кажано и на девојчено што се викаше Среда од Адамсови. Е ова веќе иде некако..
јас, машала многу си си убава иначе си личам на тетка ми( најубавата сестра на татко ми) и да се пофалам, мајке ми-личам на ева мендез. така викаат... кога сум послаба викаат на џенифер лопез дека сум им личела.... како и да е--ептен имам убавина за црвен тепих :rofl
Ми имаат дека личам на Моника Белучи и на Џоли, а јас не ја сфаќам сличноста на овие две, а ни на мојата со двете поединечно.
Порано додека не ме познаваа, сите мислеа дека сум монахиња. Колку само погрешен впечаток сум оставала . Ќе слушнам од некаде, сестро, сестро... а јас кутрата посакував земјата да голтне и да ме снема. Искрено и денес не е нешто променето. Само ме боли фактот што ме споредуваат со оние на кои не сум достојна ни рака да им пуштам. Тажно! Навистина се срамам од себе .
Целиот си на татко ти ,инаку мислев дека комшијата ме правел мајка ми била поштена воспитана девојка на времето. Пс а гледам све глумици на форумов бре бре.
На мајка ми. И си личам, ептен. И на некоја Лејла од Долина на волците, ама јас не пронаоѓам некоја голема сличност со неа
Ми имаат кажано дека сум копија на прабаба ми Не ја имам запознаено. Штета барем да ја сликале жената,овака немат докази