Дечко ми често ми вика дека сум му личела на типката од Прада Не памти имиња - ниту на филмови, ниту на актери Ми вика дека сум имала ист грб како неа - со истакнати пршлени во долниот дел И дека ние две сме единствените кај кои видел такви пршлени што го асоцираат на диносаурус Спојлер Особено се познаваат кога ќе се наведнам, и кога го гледавме Love and other drugs ми вика - Ееееј, оваа има ист грб како твојот Во лик мислам дека не си личиме којзнае колку, можеби го асоцирам на неа затоа што правам многу фацки кога зборам, а особено кога нешто објаснувам и често се смеам Ен е послаба од мене и ми се чини повисока, а јас имам облини. И има поголема насмевка. Носето и очите ни се многу слични. А на сликава во косата сме исти. Само што мојата е малку подолга.
На Џоли, посебно кога ми била пеглана косата и фатена во висок реп. Исто и на Бијонси ми имаат кажано дека личам. А на баба ми и личам на скоро секоја глумица од шпанска серија, сеа најново и е дека личам на ДАМАТА од некоја турска серија
Иако јас мислaм дека немам ништо заедничко со овие двете сите ми велат дека сум личела А на баба ми и личам на Руби
Кога ја спомнавте Руби, на мајка ми и личам на Руби толку многу што еднаш додека разгледував слики ми влезе во соба и почна да ми вика зашо толку разголена сум се сликала со мажи околу мене
Често ми велат дека личам на Дури и јас почнав да си наоѓам сличности иако отпрвин мислев дека нема врска. Веројатно ради обликот на лицето и носот, устата, дури и ушите ни се слични ептен Боја и форма на коса слични...така да веројатно овде ја наоѓаат сличноста. Исто ми имаат речено дека личам и на Со која сметам дека не си личиме воопшто, освен може кога косат ами е извиткана и малку во обликот на носот.Друго не.
3-4 луѓе меѓу кои и мм ми имаат кажано дека личам на Летиција Каста Останатите - абе плукната на татко и` е . Веројатно мисли на оваа Спојлер
Додека играше Кога лисјата паѓаат сите ми викаа дека личам на Неџла,дури мајка ми по дома ме викаше Неџло,и другаркиве низ чаршија ќе ме сретнат ми викаа Неџло кај си тргнала Јас си немам приметено некоја сличност со неа,освен на некои слики А од кога почна Султанов,на оваа принцезава им личев,ама еве кажувам,со нејзе стварно многу си личевме,уста,очи,коса,нашколо кога ќе влезев во училницата ме зафркаваа,еве ја принцезата дојде
Е јас сум феномен хахах Ми имаат кажано многу личности на кои им личам. Можеби затоа што менувам начин на шминкање и сменив многу фризури. Па, подгответе се: Каролина, Ксенија Пајчин, Цеца, Џоли, Лив Тајлер, Ана Бебич, Наталиа Водианова, Северина, Камила Бел.... и не ми текнува баш уште која беше на листата, ама не се сите. Како и да е, јас мислам дека не личан на ниедна од нив