На една свадба, излегов надвор од ресторанот и поминав накај тревата, едни девојчиња беа таму, си играа кај тревата и само што ги одминав, едно од девојчињата рече „Оваа девојка малку ми личи на Ајча од Бурни времиња“(или попознато, Џерен од Две фамилии). Личам, малку во косата и бојата на очите.
На татко ми... а од познатите личности сум личела на Пелин Кахаран(позната кај нас како Михримах Султан во серијата Величествениот век) во очите исти демек сме биле..хмм
На комшијата Spoiler Шала на страна на татко ми ми имаат викано .. ама јас мислам дека на баба личам најј
Јас најмногу си личам на самата себе. Досега не ми се случило да ме застануваат на улица и да ме замешаат со некоја позната личност. Инаку, ми кажале дека сум некој микс на Kendall Jenner и Mila Kunis, со некои црти на Berguzar Korel. Како и да е, јас мислам дека врска немам со нив, кога станува збор за изледот.
хаха е паа во последно време се повеке луѓе почнаа да ме викаат Шакира демек на нив сум ги потсетувала... што знам од каде им тоа ..
На Selma Hayek , Audrey Hepburn и една шпанска глумица ми збореа као иста сум била не се сеќавам како се викаше иако на ниту една од овие не личам