На брат ми, значи нема кој ми нема кажано дека си личиме и тоа многу...Иначе коа бев помала ми викаа дека сум личела на Миа од Млади Бунтовници, тогаш да може малце потсеќав, али сега сум мн измената и мислам дека ич не личам на неа...
Kristina Krepela Играше во серијата не дај се нина, како лик на Барбара. И постојано ми викаат дека сум слична Не знам можеби..
На извесна Лара, од серијата Изборот на Лара. Дури и ја погледав серијата за да би се видела. Па убава е женскава ама многу ми е мутава ....али фала Богу само на лик сум им личела И немам вакви очи
На Аврил Лавињ! Богами, на една слика на фејсбук ми коментираа "Ти си двојничка на Аврил Лавињ". Абе стварно?? Да, да.. Имам плави очи, плава коса..Можеби, малку само личиме.
Човече, Скарлеѕт е преубава.... Коа бев слаба личев на неа http://sarma.mk/meni/25241/scarlet-joha ... bozhestvo/ види и само тело и став и нога....ако стварно личиш на неа, ти завидувам
На Каролинчето Гочева, и ме тераа да се пријавувам за она што избираа девојка што најмногу личи на неа
На баба ми,ми велат секојдневно дека личам,се гордеам со тоа бидејќи баба ми ја сакав најмногу на свет не ми треба да личам на никоја славна личност,ама интересно е што мојата двојничка ја сретнав во Истанбул т.е другарка ми ја виде не јас,ми кажа иста била како мене,иста боја на коса,форма на фризура,во тој момент јас бев во продавница другарка ми надвор и ми вика од кај излезе не те видов тргнав по тебе ми се изгуби,јас и викам што ти е јас сега излегувам прв пат,и така ми раскажа ,сега ми е криво што не си ја видов двојничката
Речиси никој незнае на кого се личам затоа што не го запознале татко ми....целата на него во лик сум а во однесувањето цела на вујко ми...
Спој меѓу Miranda Cosgrove и Selena Gomez, а нема врска жити се ни на едната ни на другата ни малку не личам а камоли па некој спој