Јас кога те видов прво што ми падна на памет беше Ксенија Пајчин Инаку не ми текнува мене некој да ми има речено дека личам на некој, а и не сакам да ги памтам таквите муабети.
Многу луѓе ми имаат речено дека личан на Бела од Твалајт. Дури една девојка опседната со филмот цело време ме викаше Бела. И кога некој ќе ми рече знаеш на кого ми личиш, велам знам. Ама од кај знам не си личиме до толку, само ваква коса имам. А братучедка ми кога ме види се ми вика каај си ма Лејла. Нејзе пак многу и личев на Лејла од Кога лисјата паѓаат. Ама не си личиме.
Ми велат дека личам на Кетрин Зета Џонс, а една другарка ми вика дела сум личела на Ферхунде од Кога Лисјата Паѓаат, ама ич бе не личиме!
На Jaslene Gonzalez од ANTM . Уште првпат кога почнавме да ја гледаме таа сезона другарките ми кажаа дека личиме , после и мајка ми ми го кажа истото одкако ја виде . И јас мислам дека си личиме , косата ни е речиси иста , насмевката , а особено слични ни се устата и носот, само што тенот ми е малку посветол .
Претежно на водителки на вести... Некоја на канал 5 што води,никад ја немам фатено и една на алфа,можда ...у нешто,повеќе би рекла во иста категорија (по изглед) на девојки припаѓаме. После на онаа глупачана Симона џандар збира што води. Од селебретис, на Алба,воопшто не личам,ама воопшто. Ева Мендез по ставот и движењето,а и погледот, за погледот може вода држи,за другото,не можам сама да видам,ама... пф... Кога бев помала,им личев на пријатели на моите на Орнела Мути и ми набија комплекси пошо мене не ми беше ич убава! Личам на себе на крајот. Дури не може да се одреди дали личам на моите,зошто не личам на ниту еден. Имам флуид и од двајцата. Кога се смеам личам на мајка ми,кога сум сериозна на татко ми,ама пак ко целина не може да се одреди на кого. Викаат дека личам на баба ми најмногу,особено ради носот,ниту еден од моите немаат таков. Еве и една форумџика ми рече дека личам на ...
Не може да личите туку да потсеќате со по некоја црта или став или движење и сл. Мене ми ределе еден куп повеќе познати малку познати личности, ама јас си личам едноставно толку многу на мојата баба (и по карактерни црти) и тоа ова го кажуваат сите мои роднини, на која животот на 34 год и завршил. Криво ми е, барем малку да можев да ја знам.
Нормално, велат на мајка ми, пак јас ни на неа искрено не личам. Нит очите ни се исти - форма, нит веѓи, нит трепавици, нит нос, нит уста, нит лице.. ама ете. Личиме. Пак за други... онаа бугарката Преслава ох Не благодарам! Ајде, фино си изгледа жената, повеќе ми пречи друго кај неа. Забите не ми се такви, штрклести некако.. носот ми е кон горе, не кон долу..абе.... табиет на тате, лик на мама. Ај! Стандард шема.
Во принцип, јас сум комбинација на мајка ми и татко ми во ликот, со тоа што повече доминираат цртите на татко ми. Носот ми е единствено на мајка ми. Инаку, за некои славни личности....не знам, сестра ми, зет ми и многу друго луѓе ми кажуваат дека личам на Sophie Ellis Bextor. Не велам дека нема сличности, имаме многу слични црти