Од славниве , на никој , бидејќи имам специфично лице . Од кругот на семејството , на тетка ми и татко ми . Во карактер и во лице . Ми го кажале тоа и луѓе што ги познаваат татко ми и тетка ми од мали ( со кои имаат контакт до ден денес ) , а и во кругот на блиски пријатели и семејство Дури , сега последно застанавне кај едни луѓе во Кичево , не дека ги познавам , случајно ни излезе проблем со колата со која бевме тргнати во Охрид . Домаќинката на куќата била девојче од овде и ги познавала баба ми и дедо ми . Веднаш ме праша да не сум ќерка на ( името на татко ми ) . Вели сум личела на него и тетка ми кога биле на моја возраст . А случајно ни излегоа во пресрет на цела мака .
Кога бев помала, некои од роднините ми викаа дека личам на Luisana Lopilato, што после премина на Bárbara Mori, за на крај да стигне до Fahriye Evcen. Во меѓувреме имаше период и на Bergüzar Korel. Турскиве серии ги пореметија луѓево. Инаку јас си личам на татко ми.
хехе Една другарка едшка ми кажа дека сум и заличела на една слика на Лила Филиповска Мислам се помочав од смеење јас и лила ма ај бегај
Од познатите личности на никој. По зафрканција имаат ми кажано Саманта Фокс и Кендал Џенер ( врска немам ни со едната ни со другата) Не личам на никој ни од фамилијата.. Косата,веѓите,очите ( никој нема вакви кај нас) Носот ми е како на таткоми, устата не знам... Градбата на телото ми е исто така специфична.. Имам нешто од мајка ми но само крвната група ќе да е .Ваљда гени влечам од некои пра баби и дедовци од кај да знам.. Може и посвоена да сум..
Еднаш еден фамилијарен пријател сега покоен наш естраден уметник секое доаѓање на гости се запнуваше мала Брук Шилдс па Брук Шилдс. Кај ја виде во мене еве уште не знам и се чудам?