Мене ми викаат дека јас и мајка ми можеме со една лична карта да поминеме. Порано личев повеќе на другата страна, бев плукната на тетка ми од страната на татко ми, копи-пејст. Ама како пораснав, се повеќе добивам потврда од сите страни дека сме исти со мајка ми. Дури и едни роднини што ме немаа видено од 5-6 години, кога ме видоа, прва реакција - исти сте со мајка ти. Кога ќе се загледам во огледало и ако го изолирам делот околу очите, исто како да го гледам дедо, иста боја имаше.
Читам нагоре само лепотици сме од дома јас личам на татко ми а со тетка ми (сестра му ) исти сме а иначе еден другар ми има речено дека личам на Шебнем од Езел ама јас не се бунам исти очи имаме и иста уста ама па косата мене ми е смеѓа
баш имам ваква слична фаца само разлика е тоа што имам зелени очи инаку скроз сум слична а и косата така ја носам
Ми велат дека личам и се однесувам како Хурем Султан само што сум бринета и со нијанса покуса коса. Но,ми се допадна она што го напиша Julie77 пред некоја година кога бев на гости во Скопје кај вистинските роднини на мојот татко ми покажаа слика црнобела,а жената ептен личеше на мене починала на 35 години немала болест едноставно легнала и толку,бев запрепастена од сликата дури и сега ми е пред очи.
Еднаш еден пријател ми рече дека личам на Синди Крафорд. Не знам како му заличев, бев штотуку избањата со бушава коса. И на Сандра Булок ми имаат кажано дека личам. Последното, дека личам на Ејшн од Езел(пу пу скраја да е, грда ми е типката ). А пошто гледам сте пишувале кој на мама кој на тато- епа јас на ниеден од нив не личам!
многу луѓе ми имаат речено дека личам на Лејтон Мистер, во лицето, некоја фаца посебно кога ќе сум направела - иста сепак во насмевката и устата не личам толку, некои ми имаат речено дека личам на Нина Добрев, и тогаш многу сум се радувала
Ја златна мешавина од мама и тато! А од познативе фаци, ми викаа дека личам на Алесандра Амбросио ^мене долната усна ми е доста подебела, имам малце покрупни очи и имам пополни образи, но во насмевката многу личиме. А пред 2-3 години на школо ме викаа Мајли. Со неа имаме исти образи, исти очи во облик, исто носе и идентична коса.
баш утрово бевме собрани кај мене дома со другарки на кафе и ја отворивме темата коа на кого личи и мене ми рекоа дека сум личела на Ѓулу од серијата имотот на дамата поради косата само мене ми е малку посветла и очите и што сум била дебела ко неа
Една другарка упорно тврдит дека сум личела на Махидевран, посебно ако косата ми е на патец на средина. другарките од школо ме викаја Лима, демек многу сум им личела на неа. и така им личам на секоја втора славна на многу луѓе, али ај не е битно -.- туку едни викаат на мајка ми, други викаат на татко ми... а многу луѓе кои не баш не познаваат со најдобрата другарка моја, не мешаат премногу и упорно тврдат дека сме сестри или први брачеди
Цела сум мешена. На прв поглед иста сум како мајка ми а цртите ми се од татко ми. Другарките ми велат дека со сестра ми сме како близначки, дека дечко ми (бившиот де) исто како брат да ми е . Сега пак на другарките сум им личела на некоја позната личност, ама сеуште не знаат на која, демек оти скоро драстично си ја скратив косата.