На една глумица од турскине серии. Можда само ептен малце. Во школо на почеток на прва година ми викаа дека сум им личела и сум ги потсеќала на Адел. А додека на сите тестови за на која позната особа личиш ми искача Mandy Moore. Врска си нема. Јас мислам дека само на мама личам и на никој друг.
Од кога знам за себе па се до пред некоја година ми велеа дека личам на татко ми, а сега повеќето ми велат дека се повеќе личам на мајка ми само што сум црна, баш си направив фотошоп преку Мај таз со плава коса и да многу личам на мајка ми. Од славниве секој различно ми има кажано, но некоја одредена не. Па и подобро да не ме споредуваат со некоја славна, мене така ми е поудобно.
од родителите, луѓето вечно се расправаат дали личам на мајка ми или на татко ми - едни велат едно други друго хаха изгледа ептен сум мешана од познатите не ми имаат прецизирано на кој точно личам ама кога живеев во Франција лани и ете сега пак кога дојдов овде луѓето ме прашуваат дали сум била пеачка во некоја група оти така сум изгледала ( а јас врска немам од пеење и не ни ризикувам да пеам во јавност )
Сите на пеачи, глумици , мама, тато и на не знам уште кој А јас на баба ми Ивана Татко ми вели, ај што и ја скина главата ај , туку и табиетот ти го даде во наследство Многу ја сакав и ме сакаше, никогаш не ја разбрав таа нејзина голема љубов кон мене
Во еден од претходните броеви на Теа имаше статија за најголемата ќерка на Анџелина Џоли, значи девојчето е 6 години, Шило си мислам се викаше, луѓе сум се запрепастила, таа личи на мене премногу, ги извадив сликите од мала шо сум била, копија, ма каква копија, и копиите зашмрљуваат некаде, иста, до толку што дури и потези, фризура во дадени години, се, буквално се, сум се запрепастила, цимерката ме зеза да не сум имала некое бебе у светов пуштено, леле луѓе иста, не ми се верува. Деновиве на работа ќе ги скенирам и ќе ги ставам да видите, мислам да и пуштам слики Анџи ќе се запрепасти сиротка, е сеа ова малово ја си имало среќа во животот да го има Бред Пит за татко, Анџи за мајка и да се роди у бел свет. Многу е језиво да видиш копија од себе во весник мајке ми
Вчера се задеси да ми реча дека личам на Ферхунде( не ја знам како се вика на право име )... Јас мислам дека немам никаква допирна црта со неа, ама ако на другите им личам...Шо знам..
Поради косата и висината - налик на мајка ми, ама повеќе личам на татко ми во фацата (факт кој не ми е баш мил ) А од славниве, ми велат дека многу личам на Дорис Драговиќ Спојлер Дури и исто име имаме
Na majka mi. Od slavnite preku deset dusi mi imaat receno deka licham na Ejshan (Dzansu Dere).. vo liceto i na telo slaba i visoka... )))
На братучед ми на мајка ми. А од славни личности , иако јас не сум баш сигурна дека наликувам на нејзе.
На некоја прабаба на татко ми. Од славните на Џоли. Дека имаме иста големина на уста. И демек ногу висока сум била,формата на очите иста ни била само моите по боја биле кафеави..блаблаблаа...
една случка, во школо бевме во смена со прва година и едно девојче неколку дена го гледам ме зјапа ама нападно дури и еден ден дојде да се запознаеме по основ сум личела на Блер од Госип грл ама јас незнам баш дали имаме толкава сличност, баш побарав слики има некоја цртка така ама не до толку. иначе од познатите факт е дека личам на оваа! порано кога беше помала имаше помали заби сеа изгледа им правела нешто е тогаш ептен, разликата е имам поубав нос и брадата ми нема мал расцеп .. и косата мене ми е по како на блер отколку како на оваа