1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

На кого треба да отстапиме место во автобус?

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од emce-kremce, 9 март 2010.

  1. emce-kremce

    emce-kremce Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    1.161
    Допаѓања:
    100
    Дали ви се случило да бидете изморени, преморени и да се качите во автобус, имате среќа и наоѓате место за седење. Веднаш на наредната станица се качува некоја теткица во години, и ви доаѓа и ви вика ’ај стани да седнам’... Дали тогаш ви се крева косата во вис и како реагирате на тоа :?:
    Мене најмногу ме нервираат такви кои ти висат над глава за да им станеш или некои кои што баш така ќе ми речат ’ај стани...’ па чекај малку бе, со кое право, од кај знае она колку сум јас изморена, дали ми е добро или не, за да стојам, на крај краева јас сум седнала имало место, не значи дека и го чував неа! Станувам само на мајки со мали дечиња обавезно и на стари баби и дедовци кои стварно изгледаат изнемоштено и не можат да стојат, но на оние ваквите како што претходно опишав им викам ’извинете но не можам да стојам, не ми е добро’..
    Ајде да ги слушнам и вашите искуства :D
     
  2. lolitaa

    lolitaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    463
    Допаѓања:
    81
    И јас станувам на стари баби и дедовци и на мајки со дечиња,па и на тие треба да станеш :D и не дај боже на хендикепирано лице,али затоа кога се возам во автобус сии седнувам до прозор и воопшто не се вртам за да не ми спомне некој,глупо од моја страна али кога сум преморена тоа е,али сеа па ако зирнам некоја кутра бабичка,дедо или мајка со малечко дете во гужвата си станувам :D
     
    На COollLady му/ѝ се допаѓа ова.
  3. emce-kremce

    emce-kremce Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    1.161
    Допаѓања:
    100
    и јас така мн често избегнувам да станувам :D седнувајќи до прозор :D
     
  4. Go-Girl

    Go-Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2009
    Пораки:
    3.712
    Допаѓања:
    3.988
    ми се имаат случено мнооогу ситуации во автобусиве наши :lol:
    на пример јас од што бев преморена еднаш одев 2 автобуски пешки со последни сили а прежешко беше само да стигнам на последна и да најдам место да седнам зошто имаше гужва тоа време а пола саат ттребаше да се возам со автобусот и таман седнав за 3 станици се качува една жена и ми вика леле уморна сум од работа ај девојче стани МЛАДА СИ ти можеш да стоиш :twisted: :twisted: :twisted:
    после ми се има случено да бидам сведок на една ситуација мнооогу непријатна....јас стоев, но до мене седеа две помлади така накај 30 год. жени и се качи една баба стара изгледа од гробишта се враќаше и веднаш почна да им вика и да ги навредува дека не станале а ја виделе стара и уморна, наместо со убаво да ги праша дали може да седне....таа почна да ги навредува и да ги колне и да им посакува тие да одат на гробишта и да ги закопуваат нивните најблиски како таа што одела.....е тогаш ми се идеше да ја исфрлам од автобус таа ВАМПИРКА :evil:
    јас кога ќе ме замолат станувам или ако видам дека некој ствано неможе самоиницијативно станувам, ама мразам некој кога ќе ми застане и ми дише во врат и на глава уште да ми се качи како јас да сум му крива што стои :lol:
    а неколку пати ми се има случено од што било загушливо во автобусот или ако ми паднал шеќерот дека имам низок шеќер во крвта да ми се слоши и да почне да ми се стемнува пред очи тогаш ако стојам замолувам некој да седнам за да не се онесвестам :? ама сепак култура пред се....за жал некои ја немаат :Down:
     
  5. emce-kremce

    emce-kremce Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    1.161
    Допаѓања:
    100
    ааа не ми кажувај за стариве, уф :evil: сега во петок како што е бесплатно за нив, крцаат автобусиве од нив, се шетаат господата! Треба дефинитивно да се направи поделба на автобусиве, барем да има посебно за студенти, посебно за вработени, посебно за старци!
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.190
    Пол:
    Женски
    Јас пак не сум имала некаков проблем,знам понекогаш така да се изнервирам одеднаш,но зависи од ситуацијата,иако ми се случува да избувнувам одеднаш,избувнувам но во себе без никакви надворешни манифестации на нервоза.Може да си прокоментирам ама онака тивко,а некогаш и богами гласно,а не дај боже кога сум у пмс,хааха е тогаш како попарена сум,само сепак внимавам.Им отстапувам место на постари лица,па нека е и некоја теткица,некогаш и не ми е проблем и не се замарам.Ми се има случено што се вика во врат да ти диши,некој до мене да застане и посебно ако е гужва,ке се залепи некој до мене и не мрднува како за инат е тогаш стварно ме фаќа револт,па и не за друго ке речеш се извинувам,тој до тебе како глув,се прави наудрен и мораш да се буткаш.Абе неможам да ги сватам луѓево како да нема место или пак пред да се качиш во автобус, се буткаат пред тебе неможеш на ред да дојдеш,небаре нема да се качат или ке им избега автобусот пред нозе.А па да на зборам за таксисти,освен оние лотус и други кои што се ставрно професионални во својата работа.
     
  7. Dushica-sk

    Dushica-sk Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.048
    Допаѓања:
    3.925
    На тие шо се фолираат дека се изморени не им станувам .. да се изморени не би шетале по автобуси уше у 7 ипол сабајле :) Си глеам кроз прозор и ај магла .. На мали деца и стварно стари лица им станувам .. се познава кој е стар кој може и кој не може да стои .. Еднаш идев со другарка накај неа .. и влезе после мене у автобус и јас седната бев .. до нас една шо стои и една што седи и и вика на другата .. стари луѓе има а овие ќе седат .. А јас наивна си викам ај да не се расправам многу луѓе .. И ај после стани на такви вештерки/вештери .. очи ќе ти ископаат да седнат .. ако седиш и ако си млад тоаш си и безобразен.. а се работи за неколку станици .. :lol:
     
  8. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.058
    Допаѓања:
    66.773
    Пол:
    Женски
    Јас ако најдам место си седнувам. И после тоа нема станување. Ма не знам кој што рекол. Ако сум била трета смена бела мачка пред очи не ми се глеа,не па да стојам пола саат во автобус. Шанси нема. И да ми рече некој само викам прашај некој друг. А обично и не ми викаат пошто имам слушалки секогаш и знаат дека нема ни да слушнам. Ама кога се возам на кратка релација или не сум уморна, тогаш воопшто не ни седнувам. И многу се нервирам исто од такви безобразни луге. Или ќе ти ги напика сите торби во скут. Само да не се вози човек со автобус. Чисто губење на нерви.
     
  9. Bright

    Bright Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    2.547
    Допаѓања:
    5.517
    Не знам како е, во Охрид нема автобуски линии како во Скопје. Ама затоа кога ќе дојдам таму (септември) ќе видам како ќе реагирам.. ама... сигурно ќе се случи и да станам за да седне некој постар.. или ќе си седам... :|
     
  10. Wild.Child

    Wild.Child Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.573
    Допаѓања:
    6.699
    Некогаш кога ќе видам некој дедо или некоја бабичка што навистина едвај стои на нозе колку и да сум уморена станувам,меѓутоа кога ќе видам некоја баба која што само што се качила во автобус а пред тоа седела дома и плетела чорапи цело сабајле и ми вика да станам,а јас сирота од сабајле сум 'рмбала на школо,од 7 сум излегла од дома а веќе 2 саат и уште се немам прибрано и кога ќе ми рече да станам ... :evil: :evil: Вријам...
     
  11. babyketi

    babyketi Популарен член

    Се зачлени на:
    29 ноември 2009
    Пораки:
    1.302
    Допаѓања:
    678
    Трудна жена,жена со дете/бебе,баба со и без бастум,дедо со и без бастум..инвалид,многу дебел човек и толку мислам... :D
     
    На Krisi му/ѝ се допаѓа ова.
  12. emce-kremce

    emce-kremce Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    1.161
    Допаѓања:
    100
    Точно бејби за таквите респект, станувам нормално.
     
  13. emce-kremce

    emce-kremce Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    1.161
    Допаѓања:
    100

    Да де, баш од такви баби ја добив идеата за темава, а ги сретнувам секојдневно!
     
  14. emce-kremce

    emce-kremce Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    1.161
    Допаѓања:
    100
    Bright ти препорачувам да најдеш локација блиску до факултетот кај што ќе се запишеш за да не се возиш со автобус, зошто нема да можеш да издржиш :D
     
  15. kate21

    kate21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    4.220
    Допаѓања:
    3.853
    Пол:
    Женски
    Секогаш сум била љубезна и голем гревлија сум,станував,отстапував место на секој постар.Но сега полсе неколку иритирачки ситуации со мои да речам познаници,ги редуцирав малце,и сега,аааааа нема станување.И јас плаќам,и мене ми е мака понекогаш,кога имам одвај на нозе стојам.Се знае на кој станувам,на мајки со деца,бремени,и стари кои се во придружба со некој оти нив гледаш дека стварно им е нешто,ако се сами здрави се,најчесто,инаку не тргнуваат никаде.Иако некогаш знам да ог прекршам правилото и да станам сепак повеќе ги преценувам луѓето дали заслужуваат или не!
     
  16. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.037
    Допаѓања:
    36.045
    Пол:
    Женски
    Јас кога се возам во автобус им отстапувам место на бремени жени,на мајки со деца и на стари изнемоштени лица.А на стари лица коишто не се изнемоштени и на госпоѓи не станувам.Старите неизнемоштени лица постојано седат на клупите во парк и уште јас да им станувам? Или да им станувам на госпоѓи коишто работат седејќи? Нема шанси.Многу се нервирам кога ќе ми се качат на врат таквите,со намера да им станам.Е не станувам.Во последно време,кога се возам во автобус ставам слушалки и вртам глава накај прозор.Се правам дека не ги гледам тие што ми се качиле на врат.
     
  17. Go-Girl

    Go-Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2009
    Пораки:
    3.712
    Допаѓања:
    3.988
    ех денеска беше еден од оние ужасни денови во автобус....едниот ми избега за 2 секунди и после 15 минути чекав друг....ама тој веќе беше стигнат на станицата па само чекав да тргне,а за тоа време кој како дојде си се качуваше, јас надвор си почекав на воздух,зошто внатре беше ГАСНА КОМОРА!!!
    прво имаше една мајка со дете си се качија и фино лепо со хамбургери во раце си седнаа во автобусот и јадеа....после една девојка навидум дотерана фина средена влезе во автобусот и извади од ташна чипс со патлиџани да јаде...уште толку замириса....и врвот беше кога еден постар човек се качи пред да тргне автобусот и седна позади мене...како да не беа доволни претходните 2 миризби, човеков смрдеше на алкохол,на ракија и на неизбањато.....епа ќе повратев, а немав време повеќе да чекам друг автобус....ВРВОТ беше дека на бабите им дувало промаја па сите дупчиња на автобусот ги затворија....успат тетката до мене си шлапаше со мастиката и си правеше балончиња....незнам како можеше сето тоа во 1 автобус на едно возење да ми се погоди таков склоп на луѓе по некоја случајност ама ФАТАЛНА беше :roll:
     
  18. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.058
    Допаѓања:
    66.773
    Пол:
    Женски
    Лелееее, мене исто многу ме нервираат луѓе што не знаат како иде возењето во автобус, не знаат каде да се фатат, па стојат на средина. Исто кога е дупли автобусот сите се накрцуваат напред, а позади е празно. А кога стојат на врата е тогаш најмногу се нервирам. Или се симнуваат од предна. Абе на секакви ќе налеташ. Поготово пак во лето е смрт. Само една гас-маска е спасот.
     
  19. Unfaithful18

    Unfaithful18 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2010
    Пораки:
    2.390
    Допаѓања:
    1.115
    Пол:
    Женски
    Дефинитивно на трудници, мајки со бебења, старци или лица што не се чувствуваат добро. На другите нема шанси!
     
  20. Sunshine88

    Sunshine88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2010
    Пораки:
    1.533
    Допаѓања:
    581
    Еднашимав само ваков проблем, идевме на чардак, со автобус, и јас седнав на еден стол, торба пред мене, ранец на грб, ранец во скут и се качува еден дедо ај си седна....ими се врти што си седнала млада си јас болен сум сакам да седам, а седи!!!!!!!!!!!!! викам со торби сум, па шо јас сум болен ми вика...уфффффффффф и викам па и јас може сум болна, вика извини тогаш :lol: и се сврте напред и пак се врти, вика па ако си болна шо не седиш дома, викам па ти ако си болен шо не седиш дома..и таа жена му му вика ај бе не го замарај девојчето....
    А сега пред некој ден се возам и влага трудна жена со стомак до заби, и гледа празно седиште и тргнува накај него, таа една супер бабичка се стрча и и седна на столот, без око да и трепне, ццццццц да умреш нема никој да сака да типомогне..кретенски народ
     
    На foxlife му/ѝ се допаѓа ова.