Значи не можам да верувам какви луѓе има. Една моја братучедка, кога беше бремена, се враќала со автобус дома. Жената во 8 месец на бременост, одвај стоела и никој и отстапил место. Добро бе луѓе вие оперирани сте од чувства ? Толку ли немате осет ? Се има на светов, се. Инаку, секако дека на некои стари луѓе и бремени жени би им отстапила место !
Една финта од мене, ако се возите во горниот дел од автобусот нема да имате потреба да станувате за никого!
На тие што имат некаков проблем со некој дел од телото,на некои што се во години... Ние сме сеуште млади и нема потреба да се инаетиме и да сме сурови кон некои ЈАс кога одев со автобус до друг град бев со родителите и имаше едно слободно место и јас седнав а родителите беа неколку седишта позади мене,и дојде еден дедо во години,и јас кога го видов дека влегува во автобусот го почекав да дојде до моето место и му кажав да седне,не ми претставуваше проблем пола саат да постојам. Дедото си седна,на раат си се возеше,јас се усрамив бидејќи ми аплаудираа на добрата постапка и така Ако имате ваква можност,или било која друга во која се вклучува помагањето на некој,не се двоумете Ништо не е повредно од животот на некој, а и плус ќе се осеќате горди на самите себе и денот ќе ви биде ептен среќен,па макар и да ви ја кажат најтажната вест! )))
.. ......на постари лица,бремени жени,луѓе кои не се чуствуваат добро,оние кои учтиво не замолуваат и имаат потреба да седнат.....со причина или без...
еве јас сум бремена и веќе плус и ми се познава стомачето абе ке застанеш до некој жени абе не те ни рецкаат до сега само една ми стана така жена на нејзини 35 години и ми вика леле ајде девојче седни. Друго абе гајле им е особено од такт се вадам вторник и петок се молам да ме чува ангелот за да не станам палачинка.
На никој.Никој не заслужува,бидејки мене кога ми беше тешко,многу ми беше лошо ми се вртеше никој не сакаше да стане,не не сум себична,ама давам колку што заслужиле.
Без разлика дали некој мене ми отстапил место или не јас сепак би постапила онака како што ме воспитале односно да му отстапам место на постари изнемоштени лица,бремени жени,доколку на некој не му е добро (вртоглавица и тн..),и доколку некој би ме замолил. Сепак мислам дека тоа е бон-тон. (али во секој случај секој човек си има свое мислење и став)
На стари лица,на некој повреден,на бремени жени. А доколку ме замоли и некој возрасен човек ке станам,нема проблем,сепак сум јас млада па ке стојам,а и од култура ке станам,така сум воспитана. А не би станала само на деца,на некој што може а нејке да стои.
на бремени жени ,жени со деца ,изнемоштени и некои кои културно ќе ме замолат да седнат а не ко старине ај дете стани ми се седи и на бабите и дедовците со бастумчиња што се во главо на сите им станувам ама повеќето пати кога ќе влезам во автобус кога има 5-6 или повеќе празни места не седам си стојам незнам зошто навикната сум.
Ако некој е навистина уморен и сл. ќе станам. И неможе некој да ми каже ај стани А понекогаш се дешава, да си седнам на некое место и да не се помрднам од таму
Мене никогаш ми се нема десено да ми побара некој да станам за тој/таа да седне.Си знам за кој да станам,а за кој не,како на пример постари лица,трудници или пак кога ќе видам некоја жена со многу торби или кеси веднаш станувам за да може да седне и да се одмори,колку и да сум јас изморена.
Секако на постарите, бидејќи сите како мали сме учеле во училиште дека постарите треба да ги почитуваме. Во автобус кога ќе видиме некој постар како стои не треба да чекаме да праша дали може да седне, треба самите да се сетиме и да му отстапиме место. Така ќе докажеме дека сме културни личности кои се доволно возрасни за да размислуваат како што треба.Сепак почитувањето е за нас.Како правиме така ни се враќа.