На возрасни луѓе кои фино би ме замолиле за да им отстапам место. А исто така и стари лица кои што нема да ми се обраќаат дрско, на бремени жени, повредени луѓе (мислам на физичка повреда на нога или слично)
Најчесто отстапувам места на мајки со деца,трудници, постари лица кои гледам дека неможат да стојат или пак некој/а со 300 кеси натоварена .Океј ми е да станам ,фала богу имам општа култура.
можеби звучи себично, дрско .. На никого не отстапувам место, иста цена плаќаме за карта зошто јас да станам за тој да седне, па зарем мене помалите деца ми отстапуваат?? Не никој не станал сеуште за јас да седнам Точно е млада сум можам да стојам но сепак не ми оди некако тоа да отстапаувам место евентуално на некој културен стар човек кој културно ќе замоли од оправдани причини-пример оди на лекар или сл Еднаш една баба ми вели онкака налутена иронично: ЈАС КОГА БЕВ МАЛДА НА СИТЕ ПОСТАРИ ИМ ОТСТАПУВАВ МЕСТО, АМА СЕГА ВЕЌЕ МЕ БОЛАТ НОЗЕТЕ..(почна да ми раскажува што болести имала) и баш ме налути што така со иронија ми вели па јас и одговорив: ЕПА БАБО ЈАС ЗАТОА И НЕ СТАНУВАМ, ДА НЕ МЕ БОЛАТ НОЗЕ НА СТАРИ ГОДИНИ
На повозрасни, на инвалиди, на трудници и на мајка со бебе или мало детенце. Инаку за ова: Јас не можам кога ќе видам баба да не ја споредам со мојата баба. Зарем на својата не би и станала за да седне она? Или не знам, сега кога сум бремена па летоска на жештинине со отоци на нозе како што кажуваат летно време дека се дешава да не ми стане некој и уште да се испонаша е жив грев. Ама секој со своето воспитување. Извини, ништо лично, само многу си била дрска спрема бабата и морам да те искарам малку
Отстапувам место на постари лица,трудници,млади мајки со деца,натоварени луѓе или повредени. -Никогаш нема да отстапам место на некој што некултурно или дрско ми се понаша како еден човек кога ми пријде и ми вика девојче стани ова е мое место ( а автобусот празен ,уште беше на почетна станица) саамо го погледнав и се свртев од општа култура да не се расправам..но тој продолжи дури беше спремен да ме повлече за тој да си седнело на местото..но тогаш му се обратив: НИГДЕ НЕ ПИШУВА ДЕКА Е ТВОЕ ! оттогаш не отстапувам место на секого!
Треба да се отстапува место на стари изнемоштени лица,бремени жени,лица со инвалидитет,мајки со дечиња или некои луѓе што носат торби па да седнат или да ги остават торбите барем
feminium баш и не ми се допаѓа твоето размислување. Значи толку сум огорчена од младинава ете не дека сум стара туку абе трудна еве скоро влагам 9 ти месец младиве си седат те гледаат и не реагираат а тетки во средни години абе трчаат да ти станат.
Да кажам те разбирам би лажела, немам поима како им је на трудниците, но секако ако учтиво ме замоли би станала, но ако некоја баба арогантно ми се понаша или се гура за да дојде до место нее јас не би и отстапила место само затоа што е баба како и да е сакам да кажам почитувам постари и оние кои навистина им треба помош(т.е. слободно место), и како што кажав ако учтиво прашаат би станала, но ме нервираат оние кои глумат или арогантно се понашаат,па покрај тие имам ваков став за отстапувањето т.е. онака доброволно-без да ме замоли не отстапувам на никого исто така ме нервира кога некоја баба ќе ме дигне за да си го стави внучето од 10 год. да седне.. сепак ова е мој став не е правило во автобусот
Пред малку влегов во дискусија на една група на фејсбук на темава, конкретно за пензионерите беше муабетот. Уште да ме извреѓаат фалеше Коментарите беа од луѓе кои ретко (да не речам ич) се возат со автобуси, поготово во шпицот во пензионерски денови. И иако имам коментирано на темава претходно, пак ќе си кажам: Ако искочил од дома со намера да се шета не знам каде, тој пензионер може и да си постои додека се вози. Ако можат да стојат луѓето кои биле 8 саата на работа, па изнакупиле триста ствари за дома и едвај ќе се однесат, или мајки со мали деца, дали детето да си го држи или да се држи да не падне при некоја кривина, можат и пензионерите да се стрпат. Или нека си одат во период од денот (или скраја да е во друг ден да си плати ) кога нема гужва, па нека си седат. ЈАС НЕ ИМ СТАНУВАМ!
Станувам на луѓе со мали деца, на бремени жени, на некој што навистина не може да стои. На некој што се прави паметен би го изрезилил пред сите патници. што би рекле ЏИМИРИНКИ - САМО ДРСКО!!! извинете за офтопик за колку време истекува рокот за редактирај???
У вторник и петок на пензионери никако !! Другите денови да, и на бремени жени, или жени со мало детенце, со многу кеси итн
Порано станував на стари изнемоштени лица, на бремени жени и на мајки со деца. Ама сега не станувам на никој. Додека бев бремена кога и да се возев со автобус си стоев, затоа што на никој од патниците не му текна да стане и да ми отстапи место. Освен еднаш. Еднаш со маж ми и со син ми одевме на гости кај една другарка. Се качивме во автобус и на никој не му текна да му отстапи место на маж ми, а го гледаат со дете во раце. Кога немаат осет спрема мене, зошто јас да имам осет спрема нив. На никого не станувам. Кога и да се возам во автобус, кога ќе седнам на столче ставам слушалки (од мобилен) на уши и вртам глава накај прозор. Па нека ме стане некој ако смее.
на постари лица и бремени жени.. на никој друг зашо да му отстапам на некој повоздрасен кога и јас си плаќам карта..
Мацо, не треба да замолува некој некого. Треба да се има осет да се стане кога е тоа потребно. Јас колку и да ми биде тешко во 8 или 9 месец мислам дека не би изустила на некого да стане ако тој не осети дека треба да отстапи место.