Кога тоа е потребно- за мене значи кога на некоја постара госпоѓа и е лошо или нешто слично А дека трудниците имаат којзнае каков проблем( здравствен) што ќе постојат во автобус баш и не верувам Како што реков далеку сум од бременост поима немам како им е ама не ми изгледа дека неможат да постојат 10тина минути, ако навистина не можат да стојат зошто не земат такси и решен проблем Како и да е мислам дека треба да воведат 2 типа на карти во автобус- едни за седење други за стоење стварно не е фер да платиш иста цена со некого а ти стоиш тој седи и сега ќе филозофираме тука дали треба да станеме на постари, помали, трудници,настинати и што ли не, ако некои има поголема потреба од мене да седне нека плати повеќе и решен проблем
Да за: трудници хендикепирани лица мајка со дете Апсолутно сум против станување на пензионери кои злобно висат над глава и зборат како денешнава младина е ужасна и дека немаме почит кон постарите. Порано сум им станувала и на нив,уште пред да се воведе ова бесплатно возење во вторник,петок и сабота. Но,одкако се воведе,ПРЕТЕРАА! На што личи тоа,едвај стои,едвај оди,ама ќе се вози па мајка Јана нека е. Не третираат нас младите како популација која ништо не прави со своите животи.Сум имала многу моменти кога ми било лошо,не сум можела да си дојдам до дома,и во автобус нормално дека ќе седнам.И тогаш над глава ќе ми застане некоја бабичка,со кесите од бит пазар,и ќе труби. Па сега со жешково,уф...ќе се онесвестуваат на секој ќош.Не ни гледаат во кој автобус влегуваат,само од желба да скитаат. Ужас
Јас отстапувам место на бремени жени, жени со ќеси или торби, стари и изнемоштени баби. А оние баби, кои мислат дека само зашто се стари треба да седат, те буцкаат и го главата ти покажуваат дека мораш да станеш, си стојат, јас си седам. Да бе, она ќе ми кажува мене дали да седам. Па има и такви што ти тропаат со бастумот до тебе, коо демек знак дека она треба да седи, а ти да стоиш. И ако не станеш, цела автобус зборува. Ама ако.
на жена со дете и на инвалиди.. тешко да станам на некој стар што многу се понашаат.. Ако неможат да стојат, што тогаш искочиле од дома да се шетаат... Една ти вика не, седи си девојче, друга и вика леле девојчево никако да стане... и ај.......
Секогаш сум кажувала - Ако некој културно праша да седне, уште покултурно ќе станам. Значи немам проблем, ама само ако нормално си праша. И онака најчесто гледам низ прозор, не патролирам кој влага, кој излага, па ако некого не видам, истиот/истата може да рече - Извини девојче... Е сега тоа ретко, скоро па никад не се случува. Стојат над глава, коментираат како сме некултурни и како дома не не’ воспитале. Со извинение, они се милијарда пати понекултурни - сум имала многу случаи, кон мене се однесувале ко ѓубре - дерење - АЈ МА(МОРИ) СТАНИ, или те влече, или ќе те потчукне по рамо и као тебе ќе ти светне и ќе станеш. Е тоа е срамота, нивното! Дома на нивните деца нека си викаат МА и МОРИ. Само што се они помногубројни. Најчесто и кога се гужви и кога знам дека на следните автобуски ќе се качат многу луѓе, се случувало во старт да не седнам, за да не се нервирам (зборувам за старите автобуси). Двокатниве не ги качуваат сите. Мада вчера една бабичка се качи и културно си зафати две седишта, едно за неа, едно за чадорот, а јас останав да стојам на скали
Би станала ако некој ме замоли да станам ако му се слоши во моментот... И јас сум платила карта и нема зошто да станувам ако некоја жена е бремена, некоја баба или дедо се стари и изнемоштени- ако не се чувствуваат способни да стојат нека не излегуваат од дома, некој друг нека им ја заврши работата- тие мене сигурно нема да ме прашаат дали ме болат јајниците поради менструација, ме боли кичмата од цел ден седење на предавања и слично- демек јас сум млада. А уште помалку би станала затоа што некоја "госпоѓа" мисли дека ќе станам од култура... И врв се пензионерите во вторник и петок кои се возат затоа што им е бесплатно??? Аман со тоа, луѓе се возат заради потреба а тие седат, зафаќаат седишта, прават гужва и просто се возат???
Темава како за мене Во автобус мн често отстапувам место,без да ме замоли значи сама се понудам. Тоа во главно се трудници,пензионери/пензионерки,постари луѓе со кеси,па дури станувам и на помлади од мене во случај да им е лошо или не(за последново,додека да се привикнев да патувам имав мн проблеми со гадење,повраќање итн,и никој ама баш никој ми нема отстапено седиште,затоа на таквите луѓе секогаш им отстапувам бидејќи ги разбирам
Jас не се возам често во автобус зошто не живеам во Скопје и така да не станувам на никој. Но кога се возам на долга релација на пр. од Неготино(градот во кој што живеам) до Скопје има 100 км и јас да отстапам место на некој постар нозете ке ми окапат не е 5 мин возење. Но и сепак стоењето на долги релации е кривица на возачите зошто примаат повеке патници од што е предвидено.
Кога ке се возам во автобус и на пример има слободно седиште и ке си седнам а после на другата станица ако се качи некоја баба или дедо или некоја бремена жена им отстапувам место они да седнат.
Тој што убаво ќе ме замоли, веднаш му станувам. Тие што ми доаѓаат ко џандари и ко станувањето да ми е дужност заедно со 35те денари карта а притоа за нив е бесплатно ко капак тој ден, ги игнорирам. Оние кои стварно се на мака, доволно ми е да ги погледнам и без збор да ми речат им станувам. Али коа ќе земе да ми газдува некоја издртавена и да ми се понаша е тогаш и на уво да ми вика не станувам и готово. Ако почнат вреѓања, клетви и сл. им ја затворам муцката и им кажувам дека тука фино си пишува „Забрането стоење“ а на кого му се гужва по секоја цена за бесплатен билет, не е моја работа ниту пак проблем.
Јас му станувам на постари луѓе-дали се фини или не,станувам.Пааа да...еднаш една стара жена се дереше да станам,седна и то до мене ми вели ој потаму(кај да одам бре жено,во прозорецо да се пикнам?!)јас станав,не сакам да се карам. Ако видам бремена жена ќе станам...Ама ако некогаш сум нервозна или слично станувам само ако ми речат со убаво... Иначе овде картата за автобус е 20 денари....
Во старите автобуси на ЈСП, фино си пишуваше на првите седишта „место за мајка со дете“ и „место за инвалиди“. И толку беше од тие посебните седишта. Е сеа по ново, со фамозните вторник и петок... и со тоа што на едни седишта поише фаќа ви-фито, на други помалце, најпаметно е човек да им отстапи цел автобус на некои лица, не само места. Пешки или точак, ем слабеење, ем помалце нервози.
НЕ СЕ ВОЗАМ често со автобус , но кога би се возела би одстапила на по возрасен , на стар човек , на болен , на трудна жена и сл !
Постар човек во секој случај ... и трудна жена и 1ви месец да е би станала за да седне на моето место
Иако доволно па може и премногу им е дозволено на постарите лица (пензионери во вторник, петок и сабота), сепак треба да се има некоја култура и да се отстапи место на изнемоштени, стари лица, трудници, жени со малечки дечиња.
не се возам, ама кога би се нашла во таква ситуација бу отстапила место на трудница и стари баби и дедовци и фала богу на некој што криви што е со бастун, и млад да е. најнормално.