Секоја недела сум по автобусиве бидејќи одам на играорна. Кога ќе видам до мене да стои некој повозрасен човек одам станувам. Иако исто сме платиле, ако ненадејно возачот закочи, тој/таа бидејќи е повозрасен ќе падне, а јас бидејќи сум млада мене нема ништо да ми се случи
На постарите (баби и дедовци) и на бремени жени. Исто така доколку на некој му биде лошо и не може да стое.
Секогаш отстапувам место на тој што најмногу му е потребно,па макар колку да сум уморна или пак цел ден да сум работела на нива (карикирам)а тоа се бремени жени,мајка со дете/ца,постари лица и многу пати сум станала и на млади лица,кои им се слошило ли или пак ме замолиле за тоа за било каква причина.Нема да ми падне чинот ако постојам неколку постојки,а многу убаво се чуствувам кога ќе направам такво дело.
Мене ме учеа да станувам за стари изнемоштени лица, за жени со деца, инвалиди и бремени жени. Е сега зборам за личности во вистинска ситуација. Е сега за пензионери кои имаат сила за пазарење а немаат сила за стоење, не станувам ич. Ептен се безобразни во автобус, каде се туркаат па и молат. Ги разбирам дека се стари, но ако си стар што си тргнал на пазар, на кафе ако не можеш да одиш? Од др. страна и кога ќе ме замолат станувам, и кога ми било лошо сум станувала итн.
Бремени жени и мајки со деца...но и на болни А на стари лоца НЕ! Јас кога бев бремена никој не ми стануваше,поготово старцине дотерани и нашминкани
Пред некој ден бев сведок како една баба дотерана, нашминкана со фенси наочари за сонце се качува во автобус, застана пред неколку девојчиња и им вика "Ајде кој ќе стане сега?", ама така насмеано си го кажа тоа како божем бомбони ќе им дели, а не дека ги станува во фул автобус. Едвај се воздржав да не и се изнасмеам. И капак на се, откако си седна, коментира за другите помлади што не станале, како сега одмараат за да на стари години можат да стојат. Таа тргнала да се фрцка, а јас треба да и се притресувам? Нека си брка работа. Среќа јас што стоев, па не ми рече мене да станам. Кој скандал ќе и го направев нема да и текне да се вози со автобус другпат. Страшно ме напињаат значи. Кој сака нека ми рече дека сум невоспитана, јас мислам дека е поневоспитано да се однесуваш како принцезата Дијана и да очекуваш сите да ти се притресуваат зошто ти текнало да се возиш со автобус. Ако сакаш комоција во превозот иди си со такси!
Секогаш станувам на стари лица , бремена жена и на оние на кои не им е добро во моментот. Не се чувствувам убаво кога ми стојат над глава..
На мене па ич не ми е гајле и да ми стојат над глава. Главата ја вртам накај прозор и не ни погледнувам дали некој ми стои над глава или не. Не станувам на никој.
Освен на бремени жени и на жени со мали дечиња, и на инвалидирани лица не станувам на никој. Еднаш ми се деси една жена околу 45-50 год имаше на сила ме влечеше станувај станувај дека седев на седиште покрај вратата и затоа ме скорна мене а имаше позади колку сакаш празни места. Мајка ми ми има кажувано кога била бремена со мене 5-6ти месец некоја злобна стара жена ја терала да станува од седиште иако ја гледала бремена, колку сум се чудела... Какви луѓе без срам постојат на овој свет!
Станувам на сите. Најчесто не ни седнувам, кога има многу слободни, може да се случи да седам. Не можам ни да си замислам да не станам на повозрасен од мене, без разлика маж или жена, во никој случај не може да се случи да не станам на бремена жена, ако некој ме замоли, а јас сум се занела некаде па не сум видела дека стои, или Бог да чува некој да ме замоли да седне, а јас да се инатам. Така сум воспитана, да бидам културна и фина со светот, без разлика каков е светот со мене. Сум стоела и во меѓуградски автобуси по неколку саати, и во возови... Кога веќе имам нозе и сум здрава фала му на Бога, ке станувам. Да бев инвалидна физички или ментално веројатно немаше да станувам на никој. Човештилакот ми е поголем од инатот и некултурата. Веќе 12 година во ЈСП, и сеуште се немам скарано за место во автобус.
На секој... не се возам нешто многу со автобус, но ако ми се случи да треба на било кој да отстапам место, ќе отстапам.
Секогаш, ама баш секогаш станувам на повозрасни луѓе, бремени жени и сл., кои според моја проценка, повеќе заслужуваат седиште од мене во тој момент. Но, некогаш и мене не ми е баш до стоење. Не значи дека сум млада и дека со тоа морам да отстапам место. Има денови кога не се чувствувам најдобро, не сум баш здрава, се враќам уморна од факултет итн. Секако дека доколку некој на културен начин ме замоли, ќе станам, но, поентата ми е - не значи дека ако некој е млад, може во секој момент тебе да ти отстапи место.
Јас лично на бремени жени и некогаш на некој стар, порано станував на сите стари а сега не. Кога ке ги видам во автобус неможат на нозе да стојат со штаките очи ке им истераат на патниците се качиле и цел ден се возат, па јас ли да ги жалам. па кога ќе ги видам со врзани очи болни, згрбавени се качиле на втор кат во автобус ми иде да пукнам. Ке паднат ке се испокршат па после шоферот ќе им биде крив. ова со бесплатниов превоз не направи ништо друго само омраза. Место да ги починуваме постарите пензионери со таквото понашање ствараат фрустрации..... Немам комантар више.
Не станувам на никој особено не на стариве. Пошто се толку безобразни и безосетни, не се ни замарам дали ќе ми рече нешто или не. Се дотерале мислиш одат на свадба, ќе ми рече на крај ај стани да седнам. Нема шанси бре, седи си дома ако си стар/а што мајка ми бараш по автобусиве?! Колку пати се имам карано со нив за седење или кога се буткаат.. Станувам на бремени жени, некои што се со малечко детенце и на изнемоштени особи.
Кога си одам на кај дома од на училиште, секогаш патувам со автобус...Често наоѓам место, а кога кје најдам, подоцна кје се качат некои повозрасни... стојат над мене, стојат како мисирки, сепак знаам што сакаат да ми речат кога ми се пулат право в очи!! Но сепак ПОНЕКОГАШ станувам И секако често со тој автобус си идат и наставниците ох леле...Еднаш седнав на 2 седиште, се качија 2 наставнички.. и едната најде место а другата ми вика: ајде ------------ стани те молам. Јас секако станав...демек ајде наставничка ми е... океј. И памтам еднаш навистина бев уморна, настината бев. Но отидов на училиште затоа што правевме тест..несакав да пропуштам...Кога се качив во автобус фала богу најдов место. Подоцна се качи една жена-змија и ми вели "ај станвај" чекај бе човече имај малку култура! И не станав, ја игнорирав. ама ми е гајле!!! Стварно треба да има посебни автобуси за ученици, и за возрасни.
Не се долги релациите па да ве заболат нозете од стоење со тоа што ќе му отстапите место на некого. Мислам дека станува збор за основен бон тон и домашно воспитување кое ( не во одбрана на пензионерите кои патем се најлош пример за младината ) е многу отсутно во денешно време. Па уште карање и префрлување, скандали. Што ви е бе деца ? Не ви е срам ?