и старите треба да даваат пример на младите а не со погрди зборови да се обраќаат ,сум била сведок на таква случка кога еден стар човек и се дереше на една девоја која беше бремена дека требала да му стане затоа што ако била трудна не била болна,мал и бил стомакот, не била 9 ти месецм а он бил болен го болеле нозете.... Кога они го заборавиле бон тонот дома што останува за овие генерации....
Не сум љубител на АјСтаниДаСеднам-муабети. Јас ќе отстапам место на кој што јас мислам и кога јас мислам. Ако некој ми дојде и ме дига од столче со безобразен тон нека не очекува позитивен фидбек од мене колку и да е стар/а, трудна или каква и да е друга „ризична група“. Секако дека ако со фино некој ме замоли ќе му го препуштам ама дрско однесување нема да наградам во никој случај па ако сака и цела недела после нека ме збори по комшии и форуми. Како што ние младите/нетрудните/секогаш-одморените можеме да имаме разбирање за секое оправдување на жестоките поборници за столчиња, така треба и тие да имаат предвид дека можеби јас тој ден цело Скопје сум го изорала. Порано мислам дека имаше нешто како „вип“-места за стари ама сега си важи она непишано правило: кој прв си го наоѓа-негово е, ако сака ќе го даде, ама столчето не е резервирано. Барем постојките се чести, па ете ќе има поначесто смена на генерации
Станував едно време на постари луѓе, дури и по саат-два кога сум се возела на меѓуградски релации со автобуси, па и со возови, ама некогаш пак и мене ме болат нозете, секојдневието ми е такво да постојано пешачам и сум на нозе, и јас сум уморна некогаш бе, па и не само јас, сигурно и некој друг. И многу пати ми се има десено да станам на некој старец у градски автобус кој живее у филм дека има направено инвазија на јавниот сообраќај поради тоа што му е бесплатен, и од таква причина на секој што се жали дека го болат нозе и офка по автобусот, не станувам, тоа е исто како баба ти кога ја мрази мајка ти и срце ја фаќа пред да одите на одмор, чисто да те јаде, не за друго. Кога гледам дека има некој потреба да седне, станувам, ама кога некој ми офка и мисли дека е единствен на светот со отечени нозе или напорен ден, не станувам, и мене ми е некогаш напорно, не значи дека ако сум 30 години помлада од некој немам напорни денови кога сакам да седам. Многу е релативно, сум си платила карта на крај краева и сум го фатила местото пред ти да се качиш, дури ни сторија за морал и карактерни квалитети не држи вода.
Темава ми се чини дека постои бидејќи се нема култура кај нас. Иначе смешна тема. Ова е прашање за прво одделение. Се знае на кого се станува во јавен превоз (стари лица, повозрасни, бремени, и сл.) Мене друго прашање ми е: зошто да се станува ? Ако секој купил карта, му следи место и нели законски колку седишта има толку патници смее да има. Треба тоа да се регулира (најпрво поради безбедносни причини).
Јас му отстапувам место на постари лица,на бремени жени итн. Ама некогаш навистина не сум баш нај нај за да стојам на нозе.. Знам еднаш во зимата бев настината со температура и влеговме со мајками во автобус и имаше една жена со дете и наместо детето да си го земи в раце таа го оставила да си лежи на 2 седишта Остави тоа имаше еден повозрасен човек и тој наместо да седни тој стоеше на нозе,а детево си лежеше на 2 седишта..паа нивистина претеризам
Станувам доста често,но на луѓе кои гледам дека навистина се изнемоштени,или на бремени жени.Од овие пензионерите преку глава ми е,се нив нешто ги боли,се не е у ред.Па ако те болат нозете што си искочил да шеташ? На некој што стои до мене и ме распрашува приватни работи да отстапам место? Никогаш.
Не станувам на никого зашто преку глава ми се откако се воведе бесплатниот превоз. Да можеа тоа пензионерите и на трепки ќе ми се закачат више. Кај одвај стои со тоа патериците уште грабнал се пентари по скалине само да седне бог да чува. Арно лифтови што не ставија, ќе се потепаа кој прв да влезе Единствено гледам некогаш на трудна жена да станам ако има услов негде да застанеш а да не се угушиш од испотена неизмиена кромидарска мишка на распаѓање -филинг револтирано
На бремени жени, постари лица и мајки со деца сигурно дека ќе станам. Ми се нема случено ама некој старец да дојде и да ми се дере над главата како требал тој да седи, а јас да ставам ете па на таков за инает нема да станам макар до тука нека е. Знаете кој преваре тој заваре. Уствари ги гледам пензионериве што им е работа цел ден од клупа на клупа а јас ќе трчам да го фатам автобусот и на крај тој бил уморен бре бре.
Јас најискрено на сите им отстапувам место, па дури и на деца ако видам дека се изморени. Мене скле ме фаќа ако седам долго во автобус и подобро ми е да стојам.
Како човек кој пола живот секој ден се вози по автобуси сум се изнагледала се и сешто. Ако до пред некоја година ми било правило на стар човек да станам, сега богами не ми е, речете дека сум некултурна ама не ми е. После работниот ден на нога мене повеќе ме вртат нозете од нив. Се менуваат времињата тоа ти. Мене во автобус најуморни ми изгледаат женичките од пеесет и некоја година, кој имаат уште многу до пензија, а работат повеќе од триесет години, а дома ги чекаат куп обврски, со мажови балкански и цела куќа на нив оставена, и големи магариња од деца кој уште чекаат мама да дојде и ручек да спреми, а претходно се да испазари. На ликот им се гледа дека се преморени, свенати, без шминка и фризура. Е на тие тетки станувам.
Чим можеа да им ја покачат пензијата, значи можат да си извадат повеќе пари од банка, (од која и онака чекаме со часови редици), па фино лепо да си платат едно такси до дома. Пошто не е дека ние од кревет право во автобус влегуваме, а и да е така па што? Може сакам да се одморам тие 15 минути дур да стасам до посакуваната дестинација. Божем ние на чивилук да сме па сега ајде станувајте, со добро познатиот изговор од типот ,,можете вие млади сте'' од кој веќе ми се превртуваат цревата а го чујам дур се возам. Да, да, ама само уште да знаеа дека и младоста не е веќе таа што била арно ќе беше. Имено, неколку пати ми се има случено во автобус старци арогантно да ми се обратат без никаква причина, или најобична молба за отстапување на местото. Дури првиот пат, откако одбив да го сторам тоа и си ја свртев главата накај прозорецот тој се дрзна да ме колне. Замислете, кај ме издрса со раката за да станам, па дури и ми се обрати со зборовите ,,Да му го Spoiler наебам семето на татко ти што те направил мори стоко низаедна''. И не, не додавам. Реченицава и ден денес ми стои врежана во умот како и одвратната фаца на старецот кој ми го кажа тоа. Се сеќавам дека останав вака луѓе! Онака, не знаев што да искоментирам а немав ни сила искрено со оглед на тоа дека денот и онака ми беше тотален промашај и само гледав што е можно поскоро да стасам дома. Вториот пат (со друг пензионер ова), исто така откако одбив да станам следеа коментарите од типот ,,Млади некултурни, глупави'' Ако ништо друго беа во малку по ублажена форма. Среќа се најде еден добар човек кој застана во моја одбрана, дур јас молчев, бидејќи веќе претходно објаснив која е причината поради која не можам да го отстапам местото, а тоа беше така бидејќи не ми беше добро. Третиот пат не беше пензионер туку човек во години, некаде околу 50-тата да се движеше кој исто толку дрско ми се обрати за да станам, ама јас него не го ни чув доволно поради прегласната музика од слушалките. Дури потоа откако ги тргнав разбрав што сакал, и кои се Spoiler гомна не ги изнајаде со извинење на речник. Само овојпат, пред да се симнам, без срам ни перде го отерав у три пичке лепе материне и си излегов. Срам не срам, ова веќе не се трпи. Само дрско со ваквите! Што мислат бре, ова е време на Комунизмот? Период во кој тие растеле и биле одгледувани по таквата скала? А каде е зборот те молам? Или кутрите го забораваат, особено кога ќе се накрцаат у 1 попладне у најголема гужва, и одма ги фаќа паника штом видат дека нема ни едно проклето слободно место од проста причина што е работен ден и луѓето мора да одат/се враќаат од работа. Во тие моменти пак, секако мора бесот да го истресат на првиот до кого ќе стигнат, особено ако таргираат некој помлад. Е во тие моменти, боље иди утепај се, или пцовисај за време на вожњата во метежот, само за да не слушаш како некој ти дроби над глава. Значи верувајте, ги користам услугите на ЈСП веќе 6 години по ред бидејќи немам доволно финансиски услови моментално за да си приуштам часови по возење, и зоврено ми е веќе. Кај си го олеснувам џебот секој месец за месечна студентска карта, па згора на тоа некој кој се вози буквално на мој грб ќе ми јаде бурек над глава. Правдина нема. И тоа ти е безобразлук на кубен кој може да го има само овде, и никаде на друго место ми се чини.
Јас на трудна жена би и остапила и на детенце мало. На пензионериштава? Нема шанси. Веќе ни стариве не се тоа што беа бе. Како прво,бесплатно им е,како второ,тие не се единствени кои што се возат во автобус,и трето,многу се безобразни. Така да,не станувам,па макар и да ме претепаат со младо кромидче кое го купиле на пазарот една станица од дома. Абе ептен уморни се,што да ви кажам...
Доколку се возам во градски автобус им отстапувам место на стари, болни, бремени жени. Доколку се возам со автобус од еден град во друг град, тогаш не отстапувам на никој. Мака ми е и мене да стојам подолго.
Не сум се нашла во таква ситуација инаку би отстапила сигурно. Многу мразам кога има место а седнуваат до мене, ми се случува да им речам од толку место баш кај мене седнавте да се гужваме? Но морам некаде да кажам и да се покаам зошто никогаш не ми било толку жал и никогаш не сум се почуствувала толку идиотски во мојот живот, излегувам од Рамстор и имаше една жена околу 50 години со многу кеси одеше пред мене накај единственото такси што беше во близина, немаше друго убаво видов, а јас каснев некаде и го искористив тоа што сум побрза, ја претркав и го фатив таксито толку ми беше жал и толку идиотски се чувствував после тоа што неможам да ви опишам, никогаш не сум се нашла у таква ситуација, не знам зошто така изреагирав?! сигурно ќе најдев некое у близина.
Искрено ако не морам и не се качувам во автобус кога е денот на ПЕНЗИОНЕРИТЕ,до толку се имаат опустено што они се тие што спроведуваат ред и поредок во автобусите кој кај да стои да седи,каде не се стоело,едноставно некогас ке изигнорирас но понекогас и не мозес не се трпат искрено,или ако не станес,како мозе да не ти текне да станес а не да дозволис пензионерот да ти го казе тоа,од такво нивно однесување ги имам замразено,а не дај бозе па некој да се дрзне да ме стане...