Otstapuvam na trudnici, zeni so deca I iznemosteni stari lica. Ama na starci koi imaat sila da vlecat kesi, vreki pa I kolicki od pazar ne !
на бремена жена, мајка со дете, и болни/изнемоштени баба или дедо со искрен, срамежлив поглед ... на друг никој !
Станувам на бремени жени , на мајки со мали деца и стари лица...а мразам кога мои врсници или малку постари од мене ми висат над глава , како да треба да им станам нив..
средно сум, и (за време на школска година) секој ден се возам со автобус, секако гужвите се најголеми вторник и петок, кога пензионерине со по 5 ќеси во раце две седишта зафаќаат. Ако не можат да стојат, тогаш што излегле толку да пазаруваат, нека идат на 2 пати, и онака им е бесплатно. Кога ќе видам некоја накинџурена баба со шминка и фризура која бара да и станат е ми се крева косата Се обраќаат со висок тон, погрдни зборови а бараат да ги испочитуваш само затоа што се постари, е извнини ако јас сакаш тебе да те испочитувам, ти дај ми пример, и јас сум човек крај краева, почитувам луѓе што заслужиле почит. Често слушам и муабети во автобусите како денес младите се невоспитани, демек глумат дека не им е добро само за да седат. Мене од гужвине и миризбата особено кога е топло стоејќи у петок многу пати сум добивала тахикардија (кои ми се јавуваат од време на време), ми се мател видот, и др, но само старци седат, ако замолам некој да стане, одма ќе ме гледаат ко да сум убила некој нели помлада сум, не треба да наредувам, така да трпам. Сепак отсапувам место и на некултурни пензионери некад пошо неам живци да се расправам, не дека ми е жал. Сепак треба да се остапува на бремени жени, мали деца коие не по нивна вина мора да се влечкаат по автобуси, луѓе со патерици, без разлика на која возраст се, и на културни пензионери
Не ми се случило да отстапам место на некој од причина што тогаш кога сум се возела немало таков патник кој имал потреба од место, но би отстапила на стари луѓе и трудници. Првенствено на нив, некогаш ако има некоја болна личност која не може да го поднесе возењето стоејќи на нозе без разлика на возраста или мајки со мали деца.
На бремени жени, жени со деца, стари лица кои навистина се болни и изнемоштени а не на некоја теткица пензионерка пицната и намирисана која нема друга работа па си се рашетава во вторник и петок по автобуси
На бремени жени и жени со мали дечиња, на стари изнемоштени лица или пак помлади лица кои имаат некоја повреда, пример скршена рака/нога.
Даима ваква ситуација: старо лице, болно или изнемоштено лице (без разлика на возраст), бремена жена и родител со дете. Би остапила на болното или изнемоштено лице (без разлика на возраста). Инаку остапувам на секој од овие категории.. САМО НЕ НА УФИРЦАНИ ПЕНЗИОНЕРКИ - ТЕТКИЦИ кои дрско бараат да им станеш. Јас си плаќам поштено, а нејзе бесплатно. Нит почит, нит ништо..
И јас си плаќам карта оти да станвамЕднаш имам станато за една баба и ми вели невоспитана една и си седна..Е одтогаш немам станато никогаш..Секако некој ептен ако е изнемоштен да
Се додека можам да стојам, на секој кој е понемоќен од мене. Немам сила да терам инает, ниту волја, ниту потреба.
Не се возам во автобус. А ако ми се случи ретко, на никој. Не дека фала ќе ми рече и не дека превозот е бесплатен.
На бремени жени , мајки со дечиња , на повозрасни изнемоштени и болни лица . Така сум воспитана да станувам на лица кои се 20 години повозрасни од мене , ама не и на безобразни луѓе . Имаше една што се возеше редовно со автобус , жена 50 годишна , побезобразна личност не сум видела . Кај место и отстапуваш уште ти вели нејзино било местото извини , автобусот беше на татко ти
Леле, лани се враќав од школо, тој ден ми беше прелош. Тој ден толку многу плачев, бев толку потиштена и се криев со марамчето за да не ме гледаат луѓево. Едноставно не можев да се воздржам тогаш. Ми дојде автобусот што требаше да ми дојде, беше повеќе од половина празен, си фатив место и си се свртев кон прозорецот за да не ме гледаат. И седи до мене некој пензионер со торби(петок беше тогаш) и една пензионерка седна позади него и му вика „Не му текнува да стане на ова девојчево до тебе. Како смеат млади луѓе како неа да седат?“ и овој со сарказам и’ вели „Девојчево старо е колку тебе“. Побезобразни луѓе од пензионериве не сум видела.
Па зависно од ситуацијата. Кога се возам со автобус најчесто се случува да сум цел ден излезена и многу уморна, па нека ми извинат пензионерите ама не станувам :/ Ама станувам обавезно на луѓе што гледам дека се враќаат од работа, таква слабост ми се, како мајка ми и татко ми да ги гледам. Особено навечер, кога се враќаат од втора смена, па и со ќеси од маркет, па рамката од ташна само си ја подместуваат, како ме боцка ми иде сите да ги станам за тие да седнат. Особено овие пензионериве што непотребно им фаќаат место во периоди кога повеќето одат или се враќаат од работа.