1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

На кого треба да отстапиме место во автобус?

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од emce-kremce, 9 март 2010.

  1. cresa-jagoda

    cresa-jagoda Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јуни 2012
    Пораки:
    8.263
    Допаѓања:
    34.535
    Пол:
    Женски
    - Бремени жени
    - Мајки со мали деца
    - Повредени лица
    - Стари лица кои се гледа дека навистина не можат да стојат, дека се болни и изнемоштени.

    Но, НЕ и на пензионери кои си го трошат времето шетајќи се и возејќи се во автобус и немаат никаква основна култура (ваквите на километар се препознаваат) без разлика што се возрасни, толку ми се иритантни, а зборуваат лошо за младите, вакви биле, такви биле...
     
    На poi, tinka-mace, Regina.Phalange и 5 други им се допаѓа ова.
  2. Gosh

    Gosh Мразачка на луѓе

    Се зачлени на:
    10 октомври 2015
    Пораки:
    2.599
    Допаѓања:
    34.212
    Искрено , станувам само на бремени жени, луѓе со деца и на лица на кои им се гледа дека не се во ред и дека не се во сосотојба да стојат, без разлика на годините.

    Другото не го рецкам два посто. Ако можат да ме млатат додека влегуваат у бус, и да трчаат да седнат натоварени со милион ќеси, можат и да постојат 20 минути.

    Али најарно горе да си седнеш, слушалките у уши, наочарите на очи и игнор.
     
    На Mantub, Regina.Phalange, DAngel и 2 други им се допаѓа ова.
  3. Kimberly11

    Kimberly11 Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 септември 2015
    Пораки:
    6.670
    Допаѓања:
    25.216
    Пол:
    Женски
    Секогаш станувам и отстапувам место на повозрасните ама ни тие немаат култура,последен пат седев сама и ранецот дека тежок нормално ќе го ставам на седиштето до мене нема во скут да ми седи,и доаѓа еден дедо и ми вика "ТРГАЈ ТО ТАШНАТА МОРЕ" и јас ја тргнав нормално што ќе правам нема да се расправам |( имам уште многу вакви случки..ми има и еден постар човек речено "Пу да ти е*бам мајката"
     
    На poi му/ѝ се допаѓа ова.
  4. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    12.594
    Допаѓања:
    155.795
    Пол:
    Женски
    Секогаш седам што поназад во автобусите, и во автобусот со кој се возам сите имаат навика да седат на првата половина од автобусот, стварно не сфаќам зошто. И сега напред има 10 души кои стојат испраени, а назад толку места празни. Во чудни денови кога е полн седам испраена на предвиденото место и често се преместувам таму неколку станици понапред ако има ептен гужва. Ако некој е безобразен како во наведените случаеви, обично не реагирам туку си продолжувам по мое па што сака нека им е, додуша сум немала многу такви искуства. Ако случајно не станам „совреме“, ако увидам дека некој иди и е постар од мене - станувам, воопшто не ми смета зошто се возам на сосем друг крај од градот со автобусот и сите слегуваат пред мене па секогаш можам да си седнам назад кога ќе слезат.
     
  5. Црна Ружа

    Црна Ружа Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 март 2017
    Пораки:
    1.000
    Допаѓања:
    3.684
    Пол:
    Машки
    Хипотетички секако во случај на трудна жена или особа со штаки...
    А за пензионери се случило и не ги регистрирам воопшто, не постојат.
     
    На MakeDamnSure и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  6. mode-kristina

    mode-kristina Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2014
    Пораки:
    1.155
    Допаѓања:
    4.089
    Пол:
    Женски
    На мајки со мали деца и бебиња, на бремени жени, на изнемоштени лица без разлика на возраста, на инвалиди, на повредени лица без разлика на возраста. За нив едноставно ми е жал и ако не им отстапам место, мене да ми се случи истото кога ќе се најдам во таква ситуација.

    На пензионерите им отстапувам чисто од култура, иако повеќето не заслужуваат. На што им личи речникот бре ало? На што личи пензионер да пцуе млад човек како примерот погоре? Како бараат ние да ги почитуваме нив и не нарекуваат некултурни,невоспитани, разгалени кога тие нас младите не не’ почитуваат. Побезобразни,подрски и понекултурни луѓе не сум сретнала во живот. И кога чекаш автобус се такви. Завчера чекав автобус кај Зелен пазар(од натпревар што се одржуваше во Корчагин се враќав) и преморена бев бидејќи чекав резултати од натпреварот повеќе од час и половина. И си седнав на тие столчињата. И една старица кога ми се развика „ШТО СИ МИ СЕДНАЛА МОРИ, МОЕ Е МЕСТОВО, АЈДЕ СТАНИ, НЕЛИ ГЛЕДАШ ДЕКА СУМ БОЛНА!“ Болна?! Не ме лажи. И местово од каде твое? Ама тоа е, мораш да ги трпиш.

    @Gosh во право си за качувањето горе за двокатен, ама ако се возиш во еднокатен автобус, што тогаш?
    И плус има доста и горе што се качуваат.
     
    На MakeDamnSure му/ѝ се допаѓа ова.
  7. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.925
    На бремени жени, мајка со дете, некој ако навистина не може и толку.
    На пензионери обично не станувам, ептен ако некој ми се види фин или изнемоштен.
    Еднаш една баба, чекам јас автобус и ја гледам трчи трчи, не го виде кој е автобусот и ме удира со бастунот по нога, да сум се поместела немало да го фати. Ништо, отиде до шоферот, го праша, не беше тој нејзиниот. И се качивме на крај во исти автобус и почна да замара една жена, да и помогнела после да се симне од автобусот. И жената и рече дека не оди до таа станица. Кога почна бабата да плаче, како не и е срам, бесчуствителна, како ќе се симнела она сама. А пред тоа трчаше на автобуската, како да ја брка некој...
     
  8. edna_malecka

    edna_malecka Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2018
    Пораки:
    3.894
    Допаѓања:
    14.690
    Пол:
    Женски
    Да не пишувам и јас . Еве целосно се согласувам со членката. Истото мислење го делам со неа.
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    14.126
    Допаѓања:
    43.690
    Пол:
    Женски
    На бремени и на жени со мали деца станувам.
    На пензионери станувам само ако видам дека не можат да стојат и дека се поизнемоштени.
    Иначе не станувам на никој.
    Ако се погоди да не ми е добро (се има случувано да ми е лошо во автобус) не станувам на никој.
     
    На edna_malecka и SummerGirl им се допаѓа ова.
  10. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    15.921
    Допаѓања:
    32.559
    Пол:
    Женски
    Пензионерите се посебна приказна. Мислат дека се Господ и дека мора да им станеш во автобус. Па уште и се караат со тебе.(facepalm)
     
    На cresa-jagoda и Feminka22 им се допаѓа ова.
  11. Regina.Phalange

    Regina.Phalange Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 февруари 2020
    Пораки:
    357
    Допаѓања:
    1.416
    Пол:
    Женски
    Зависи.. ако е двокатен идам горе, инаку би седнала поназад. Ако ми е кратко возењето, не е проблем да стојам, ама кога идам на факултет имам доста пат..
    Станувам на постари луѓе кога ќе ги видам со многу торби, жал ми е, ама некогаш ќе станеш и они уште си стојат и се чуствувам глупо. Сега ако видам дека навистина некој има потреба да седне, ќе ги прашам дали би сакале да седнат, ако не не станувам. А за тие што се туркаат да седнат и да си зборат со пријателката, ака пензионери што мислам секој ден си се шеткаат, нема шанси. Особено ме иритираат оние што влагаат и мислиш имаат резервирано седиште па гракаат да седнеле, очекувај да те игнорирам, па ако сакаш и во 3 чина драма одржи:clap:(lalala)
     
    На SURF и SummerGirl им се допаѓа ова.
  12. Kimberly11

    Kimberly11 Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 септември 2015
    Пораки:
    6.670
    Допаѓања:
    25.216
    Пол:
    Женски
    Откако ми се испонаша еден дедо и ме избрка за он да седне а ја од 8ми час мртва уморна навечер,на никој не станувам.
     
    На SURF, cresa-jagoda и SummerGirl им се допаѓа ова.
  13. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.074
    Пол:
    Женски
    На невоспитани стари идиоти не станувам. Поштено си платив карта, ако сакам да станам супер, ако не, ќе си стоиш пошо не се отвораат златни порти на рајот само затоа што си стар. А очигледно способен. За некултура први се да се избацат. Нека висат на нозе кога немаат понашање.
    Само на бремени. И друг било кој ако му е нешто неарно. А на неарни од видот што го опишав погоре, за нив со прст не мрднувам.
     
    На Cherry333, SURF, cresa-jagoda и 3 други им се допаѓа ова.
  14. нина122

    нина122 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2018
    Пораки:
    4.032
    Допаѓања:
    10.617
    Пол:
    Женски
    - На бремени жени кој се исклучиво 8-9 месец.
    - На жени со бебиња до 1 година.
    - Инвалиди и луѓе кој имаат гипс на нога или рака.
    - Постари луѓе кој се исклучително со голема тежина.
    Други ретки случаи каде што на некој не му е добро, му се лоши, врти, повраќа итн.
     
  15. Kitten

    Kitten Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    9.375
    Допаѓања:
    42.190
    Пол:
    Женски
    А знаеш ли дека и дечиња поголеми од годинка неможат да се држат во автобус? Што би се случило со малецко дете ако треба да стои во гужва? Есноставно ќе го смачкаат. Зарем треба родителот да го држи во раце? Сите од предшколска возраст имаат потреба да седнат во автобус.

    Исто така зошто само трудница во 8 или 9 месец? Зарем ако е помал стомакот не е трудница? Ај во првите месеци неможе никој да забележи освен ако самата не побара да ѝ се отстапи место, но трудница во било кој месец пожелно е да има место во автобус.
     
    На Cherry333, buba4e89, thelittle17 и 3 други им се допаѓа ова.
  16. Бетмен од Скопје

    Бетмен од Скопје Активен член

    Се зачлени на:
    17 јули 2020
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    6
    Пол:
    Машки
    Пред да купам кола, се возев често со автобус. Немав некаква практика да седнувам на столчињата. Скоро ретко сум седнувал.
     
  17. Fallen.Angel

    Fallen.Angel Популарен член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2014
    Пораки:
    2.944
    Допаѓања:
    7.872
    Немам јавен превоз користено многу години. Ама и кога користев станував кога ќе проценев дека треба. Кога едноставно ќе видев дека седиштето му е повеќе потребно на некој друг. Дури и да е млад човек. Не мора да е трудница,болна личност или мало дете. А многу пати и сум стоела за кратки релации. Се има случено да патувам 2 часа и да стојам, се враќав од Скопје и ужасно ме имаше фатено ишијас, но никој не стана, сите си седеа на своето место, до мене стоеше стар дедичко натоварен со ќеси, и сметав дека сепак тој би требало прв да седне ако се ослободи место. Во воз кога се возев иста ситуација. Стоеја и бремени жени, и стари и изнемоштени, па при првото слободно место јас сум отстапувала на друг.
     
  18. cresa-jagoda

    cresa-jagoda Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јуни 2012
    Пораки:
    8.263
    Допаѓања:
    34.535
    Пол:
    Женски
    Тргнав истото да и го кажам на членката @нина122 ама ти веќе пред мене убаво си и кажала. ^_^ :nod:
     
    На thelittle17 и Kitten им се допаѓа ова.
  19. Mrs.Precious

    Mrs.Precious Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јуни 2019
    Пораки:
    3.192
    Допаѓања:
    19.877
    Пол:
    Женски
    Мноогу ретко се возам со автобус, скоро и сум немала ваква случка, ама би отстапил место на бремена жена, на мајки со мали деца, на повредени и на изнемоштени лица.
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  20. thelittle17

    thelittle17 Популарен член

    Се зачлени на:
    31 август 2010
    Пораки:
    3.749
    Допаѓања:
    8.668
    Пол:
    Женски
    До 1 година? А другите не се деца над 1 година? Па дете со 7-8 години не е самостално во автобус да седи, камо ли да стои во гужва!
    И зошто бремени во 8-9 месец само? Тие останатите може да си постојат, што е битно, бремена жена е бремена жена, во се секогаш треба да биде поштедена!
    И трето, зошто само исклучително постари луѓе со голрма тежина? Овие слабите, а стари, "кој ги врти" демек, не се луѓе тие, или ти по изглед проценуваш на кого што му е??
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.