Па не ти е тебе проблем, зошто си сеуште мала и "незрела", не ти се случиле тие работи за да осетиш на себеси како е, не културно е да не отстапиш место на трудна жена, и постара изнемоштена личност, и без дрски одговори. Поздрав, се надевам некогаш ќе сфатиш, кога ќе "потпораснеш".
На постари луѓе (под постари мислам постари од мене, значи тетка, чичко, баба, дедо). Мислам дека тука се вбројуваат и стари изнемоштени лица, трудници итн. Често отстапувам место ако автобусот е полн, а ако не го направам тоа осеќам срам. Во мојот град не се возам во градски, но ова го практикувам најчесто во ЈСП.
Порано кога се возев на кратки релации, воопшто не зафаќав седиште или евентуално ако нема гужва ќе седнев позади. Откако се запишав на факултет што ми е подалеку од дома, место отстапувам на трудници и на стари лица за кои очигледно е дека им е потребно да седнат. Лично мајки со мали деца немам начекано до сега но и нив би им отстапила место. На баби и дедовци што 5 саати пунеле торби од бит пазар а ја сум скиснала на факултет од сабајле, не станувам, плус тие се најбезобразни и секогаш со навреда или дерење ми го "бараат" местото. Е мало сутра за тие.
јас мислам дека место за постари секако треба да се отстапи, иако тука има друга проблематика... некогаш на некои стари лица коските им се истрошени така да помачно и поболно им е заседнувањето и повторното станување отколку само да си стојат... така да, понуда да, но настојување по секоја цена не.
Вообичаено не се возам во градски али на некое друго место секогаш отстспувам место прво на бремена девојка/жена бидеќи носи уште еден живот па после на стари лица. На прво место би го додал и на лица кои се немоќни.
Моментално на сите им одстапувам, зошто не се возам периодов со автобуси. Инаку зависи...кога ќе проценам дека има потреба од такво нешто, не е битно за кого станува збор, не ми е проблем, освен секако ако јас од некоја причина не се чувстувам добро тој ден.
Па зависи, јас ретко се возам и претежно гледам да е тоа сабајле или кога нема многу гужва. Но на трудници, лица со повреди, стари и изнемоштени ако ги приметам секогаш одатапувам. Не гледам зошто не, здрава сум, млада и особено кога сум одморна и не сум се утепала од работа дента, не гледам зошто некој да се мачи, а јас да уживам. Не станувам само кога некој дрско ми се обраќа, тука ме фаќа инат
Јас па сум и онака особа која радо би стоела во автобус, отколку да седи. Воопшто не сакам да седам и до мене некој друг непознат да седи, и да имаме физички контакт. А, и имам некој недефиниран став дека ќе ја испуштам станицата. И ако сум седел, секогаш сум претпочитувал да е тоа или крајно назад, или до средна врата. Секогаш сум бил љубезен и сум станувал на постари лица (од години како моите родители, 50+), трудници, изнемоштени лица и лица со помагала. Некои ми се заблагодарувале, други пак мојот гест го сфаќале како нешто да им следува по дефолт. Е таквите се проблем.
После 6-7саати стоење на нозе, кога ќе влезам во градски гледам само местенце да фатам за да си седнам, порано станував на сите повозрасни од мене, сега ептен на некој постари, изнемоштени, бремени, во зависност од ситуација.
Само на бремени жени и видливо стари и изнемоштени лица. Во никој случај на бабишта и дедишта кои се мислат дека го купиле автобусот и клаваат редови во него.
Не користам автобуски превоз. Последен пат кога се возев во автобус пред 6+ години, еден повозрасен човек културно отстапи место на трудница, а таа ни фала не му кажа, со арогантен израз на лицето и "тргни се" вајбс си седна. Џган.
На бремени жени, лица со инвалидитет и попреченост, на стари и изнемоштени лица... Воглавно знам и на 20+ години постари лица од мене да отстапувам место. Најдобро се чувствувам кога стојам, до врата. Па, ретко кога и седам.
На трудници и стари, изнемоштени лица. Ама не ни гледам кој има или влегува во автобусот, ретко перципирам луѓе пред мене така да не ни гледам да отстапам на некој.