Знаете ли како се вика баба што се вози во автобус во петок?Лејди Гага! Во дневните весници пишуваше.Инаку во автобус отстапувам места во зависност од ситуацијата.
Јас се возам во автобус два пати годишно Али,ако возењето со автобус би ми било секојдневие би отстапувала место на постарите секако Тука спаѓаат и жени,мажи и дедовци и баби,без разлика
На кого треба да му станеме во автобус??? НА НИКОЈ Затоа што оној кој стварно има потреба да седне незнае да замоли убаво. Имам години искуство и више ми е преку глава. Сите само знаат да ти висат над глава и да зборат за тоа колку е младината некултурна, дека треба да им се станува на постари и сл. А никој не знае фино убаво да си каже: Извини девојче,не можам да стојам,ќе може ли да седнам?? А во петок никакви се сите, само гледаат да те скубат за коса со намера да ти текне да станеш или пак да те потчукнува по рамо ццц А една свежа случка: Пред извесно време си се возам у авт.и се качува еден човек со 3 деца, а јас седев пошто не ми беше добро и само гледав што е можно побрзо да стигнам дома. Позади мене му станаа на човекот и ги намести децата таму и ми вика мене Девојче стани, онака вика наместо убаво да замоли. Јас само му одмавнав со глава пошто немав сила да зборам и човеков се изнервира, кога почна да колне, да пцуе, ми ја проколна цела фамилија од минато до иднина. Еве пример за тоа колку се несовесни нашите граѓани и ај после кажете дека заслужуваат да им стануваат луѓе во автобус. Станувам кога некој убаво ќе ме замоли или пак кога сама ќе видам дека некој има потреба
Не се возам често во автобус, а и кога се возам тоа е меѓу градовите така да најчесто има место. Инаку мислам дека би требало да се отстапи на некои баби и дедовци кои не можат да стојат или еве на пример на бремена жена која не може да стои и сака да седне да се одмори.
не ми се случило да ми дојде некој и да ме замоли да станам, секогаш кога ќе наиде некој ја сама станувам без да ми кажат, но не знам дали вреди. кога одев еднаш јас со баба ми на гости она стара жена не може да стои, и тогаш за нејзе никој не сакаше да стане.-.-
Денес во автобус влегува една женичка со две дечиња, и јас одма рипнав и и викам- еве повелете нека седнат децата...На мое изненадување, жената си седна и децата ги остави да стојат до неа...свашта...е ај сега???
е да ова ме иритира ненормално. само колку пати сум го гледало. а не можеш да реагираш. што ќе им кажеме ајде јас им станав за да седнат децата ??? мислам стварно некој немаат осет
Отстапувам место на трудници, на млади мајки со мали дечиња, кои м'кнат и ранец и чанта и кеси од пазар, на апла стари и изнемоштени (ама не на сите, во погледот ги познавам кои навистина се уморни и невешти, а кои се фејк неспособни) А не отстапувам место на теткици со локници и кратки фризурчиња, карминисани џиш и од истото карминче натапкано на обравчињата џоа руменило-ефекАт. Невоспитани се, дрски, очекуваат секој момент да им срипаш - Леле девојче, од што се умори цел ден, прашај не нас, окапавме на работа Да, се уморив, и јас сум 8-10 часа на работа и плаќам билет исто како тебе. На таквите за инат не им станувам, а ги мирисам на километар. Дури обожавам да си чачкам во телефон, да си рошкам низ ташна или лагано да си отворам книга во целата гужва и хистерија, лично за мој ќејф, да ги нервирам дрските теткици
И јас исто секогаш отстапувам место на трудници и ептен стари и изнемоштени лица, исто така и на мајки со деца што неможат да ги износат сите работи што ги имаат со себе. Но страшно ме нервираат теткиците или младите супер бабички што за едно кило јаболки се наканиле да одат до пазар, демек поефтино било 5 денари..а не им текнува да пресметат колку ќе ги кошта превозот Ма не дека им е за тоа, туку да прошетаат, пазарот им е корзо ај ги сфаќам некако Ама заради нив не планирам да стојам, јас не сум ништо поодморена. Јас ќе седам 7 часа во школо, па ќе одам одма на тренинг без да одам до дома и ќе трчам како луда..а после како без нозе едвај ќе си одам па и да отстапам место на некоја фуфица што цел ден се фенира е ќе размислам малце А морам да кажам страшо ме нервира кога во преполн автобус некој ќе си зафати две седишта, на едното ќе си седи како господин а на другото ќе си ја стави торбичката..божем ние сме будали ќе стоиме
На постари лица кои едвај стојат и се разбира ако видам дедо или бабуле, па уште и со бастун, нема да ги оставам да стојат. На трудници. На родители со ептен мали деца - знам дека е тешко детево на нозе да стои уште во рани години кога гледам дека нема стабилност, така да таквите секогаш ги пуштам да седнат со детенцето во скут. И се разбира доколку видам дека на некој му се слоши. Знам колку е грозно кога некој нема да ти отстапи место. Еднаш така поодамна се струполив во автобус заради човечка глупост. Млада сум била, сум била пијана, издрогирана, и не знам што уште не бев. Ко да не може да му се случи на млад човек да му падне притисокот Во глобала, не ме мрзи да стојам, ама ужасно ми идат на живци теткици со саксии и гнезда на главите кои ги токмеле со часови пред да излезат кога ќе почнат над глава да ти брмчат - „Лелееее види ја таква млада а седи, како не ти е срам.“ Госпоѓо ај глеј си го гнездото да не ти се растури жити бога и не ми го диши воздухот! А јас ко по обичај, особено во такви ситуации, задлабочена во читање. Ништа не чујем, ништа не видим
Некогаш сум толку преморена кога си доаѓам од работа што навистина не ми се станува за постари кои им текнало да се шетаат.А една г-ѓа патувавме едно време со такси на работа,ја поздравувам еднаш ми врти глава.Истата таа во автобус влегува ја гледам се надвиснува над мене,си велам не ти станувам стој на раце да направиш сега ! И отстапувањето место треба да е оправдано,кога приметам дека некој е навистина стар и изнемоштен,некој е во лоша состојба(има болки,му се лоши и сл.)и на мајки со мали деца им отстапувам место.Ама на груби и безобразни луѓе ги ставам на игнор и ич не допираат до мене нивните дофрлања.
Отстапувам место само на бабички и дедовци ама тоа само од пон-чет. а во петок немам ни во план да станам.Ми се има случено еден дедо со бастун по нога да ме мавне за да се потргнам за да може да се симне,аман неможе уста да отвори со убаво да ти каже.Исто така еден петок се враќав од факултет и бев толку уморна што едвај се качив во автобус и нормално имаше празно место и си седнав и по некое време некој ме мава по рамо и се вртам и едно жениште почна да урла невоспитана,без срам како може ти да седиш стари луѓе да стојат бла бла.Јас ли сум крива што неможат да стојат.Зашто тогаш се возат со автобуси ако им е тешко? Зашто баба ми и дедо ми не се возат со автобуси-затоа што знаат дека не се способни,нормално како прво татко ми и мајка ми нема да ги пуштат да се качат во автобус.... Секој петок го одбегнувам на секој можен начин,не сакам да се расправам и не сакам да вдишувам мириси од лук и ракија
Во последно време станувам само кога ке видам дека некоја бабичка или дедо стварно не можат да стојат. И на деца. Ама многу се без осет луѓево бе... Гледам еднаш влага една жена со внучето, и ај греота детенцево гледам никој не му станува станав ја и си седна тоа. И оваа бабава им вика на едни девојчиња да станат млади биле она да седнела. И девојчињава и викаат земи го дедето у скут и седни( што и во право се, сега она ако дојде со 5 деца неможе пола автобус да и стане) . И оваа кога почна да ги колне, лелеле.... А теткине што ке ми се надвиснат на глава ги игнорирам и не станувам ...
тие тетки со ладна фризура, и вино боја на коса сељак фаца, кондура никаква, газ огромен! и влага и Aјде, ајде стани, онака идиотски со раката мафта, у стилом стани!!!! тие таквите, не ги можам! а секогаш станувам на баби и дедовци, ама секогаш, макар и сум крш над кршовите! никад не би имала срце да глеам некое деде или бабе да стои, а ја здрава-права да си седам!
Според мене предност мора да имаат бремени жени (ако вистински не морале немало да тргнат со автобус),потоа мајки со деца (повеќе заради детето бидејќи така е посигурно и секако мајката да го седне во скут),инвалиди кои за жал немаат соодветни превозни средства .
Во Петок на никој не станувам ма каков сака нека е старец! Обичностанувам на мајки со дечиња мали, на ептен изнемоштени баби и дедовци доколку не е петок, и на трудница би станала иако до сега не сум приметила некоја таква во автобус
Станувам на мајки со мали дечиња, на КУЛТУРНИ баби и дедовци кои ако не ги приметам би ме замолиле, н не станувам на безобразни теткици на кои им е мака да стојат. А и на некои баби не станувам кои со торби полни се шетаат, а потоа им е мака да стојат. Па ако не можеш да стоиш зошто се шеташ?? Или земи си такси и не замарај!
Отстапувам место на баби, дедовци, бремени и некогаш на натоварени средновечни луѓе. Ми се има случувано да бидам многу уморна или болна, во такви ситуации гледам низ прозор и игнорирам се околу мене, едвај чекам да стигнам дома и во себе дури и смислувам одговори ако ме кренат. Но мислам дека ако ме замолат сами дека ќе станам веднаш. Не сум имал некој инциден до сега.